Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 181 Подготвителниот период за технички прегледи на чамците и пловилата добива на интензитет. Месеците мај и јуни според капетанот на Капетанија на пристаништата на Република Македонија, Горан Устијаноски е период во кој најголемиот број од пловните објекти ги обновуваат пловидбените дозволи и вршат технички прегледи на своите пловила. Устијаноски информира дека сите активности во моментов се одвиваат според определениот план, а за да им излезат во пресрет на сопствениците на пловни објекти, ќе имаат дежурни тимови и во сабота и недела, како и во периодот од 16:30 до...
Правата на власите најмногу се почитуваат во Македонија
Post Views: 223 Секогаш постои тенденција кон збогатување и признавање на што е можно повеќе национални права, меѓу кои подигнувањето на условите за користење на мајчиниот јазик, фоклорот и културата се едни од најважните според претседателот на здружението на власи од Охрид, „Луњина“, Драган Коровешоски. Денес власите од целиот свет, каде и да се наоѓаат го прославуваат својот национален ден. Според Коровешоски, иако секогаш постои можност за подобрување, сепак во Македонија, власите уживаат најмногу права од било кое друго место.„Сметаме дека во Македонија најдалеку е стигнато...
Традиционални танци, носии и јадења на Денот на култури 2016
Post Views: 166 Народни носии, претставување на националните кујни и колоритните национални песни и танци. Денес студентите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ ги славеа различностите преку веќе традиционалниот „Ден на култури“. Годинава истиот беше организиран на градскиот плоштад како би можело што е можно поголем број на посетители да вкусат дел од традиционалните кујни на земјите од каде доаѓаат студентите, но и да се фотографираат со нив во нивните традиционални носии. „Ќе танцуваме, ќе ја покажеме нашата традиционална храна, ќе покажеме и еден наш културен церемонијален танц...
Супер пресметка на РК Охрид 2013 пред решавачките натпревари за излез во Европа
Post Views: 187 Супер интересен дуел за публика и подигнување на моралот кај нашите ракометари. Утре во терминот од 18 часот со салата “Билјанини Извори”, РК Охрид 2013 во дуел со втората најсилна екипа во ракометната Супер лига, екипата на Металург. Воедно ова е првиот натпревар во кој тренерот на Металург, хрватскиот стратег Лино Червар ќе го игра во двојна улога, по неодамнешното назначување за селектор на македонската ракометна репрезентација. Ова според голманот на РК Охрид 2013, Благојче Трајкоски е мотив повеќе и можност за докажување па можеби и од нашиот тим...
Дефиле со пожарникарските возила за одбележување на Денот на пожарникарите
Post Views: 195 Звучната сирена и ротационото светло на нашите пожарникарски возила денес не значење причина за загриженост. Денес територијалната противпожарна единица од Охрид дефилираше со своите возила низ охридските улици како дел од одбележувањето на 20ти мај, денот на пожарникарите на Република Македонија. По дефилето, во рамките на просториите на територијалната противпожарна единица беше презентирана и пожарникарската опрема која нашите пожарникари ја поседуваат. Командирот на нашата единица, Спасе Прентоски вели дека трендот на намалување на бројот на интервенции ги радува...
Пуштена во употреба реконструираната ул.„Воденичарска“ во Велгошти
Post Views: 202 Свечено пуштена во употреба реконструираната улица „Воденичарска“ во село Велгошти. Оваа улица, односно нејзината реконструкција е резултат на директната комуникација на локалната самоуправа со мештаните на Велгошти кои побарале освен реконструкција на улицата да се доврши и фекалната и атмосферската канализација каде тоа не било направено. Според градоначалникот Бакрачески, реконструкцијата на оваа улица се случува на општо задоволство на сите бидејќи станува збор за улица поради која децении наназад мештаните не можеле адекватно да си ги обавуваат своите потреби...
Од нива до трпеза-угостителскиот центар „Грм“-Словенија-пример на самоодржливо училиште
Post Views: 180 Малку визија, многу работа, посветеност и љубов во она што се работи е доволно за еден мал училишен центар во Ново Место-Словенија да прерасне во фантастичен пример на самоодржливо училиште. Центарот за биотехника и туризам „Грм“ во Ново Место во едно соединение ги спојува знаењата од полјоделството, угостителството и туризмот. Раководејќи се според нивното основно мото „Од нива, до трпеза“, учениците од ова угостителско, туристичко училиште сами ги произведуваат своите намирници, а потоа ги подготвуваат и послужуваат на своите гости. Комплетирајќи го овој бизнис круг,...
Санирани ударните дупки на неколку улици, ул.„Егејска“-недовршена
Post Views: 168 Надлежните служби од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици спроведоа санирање на ударните дупки на улицата „7ми Ноември“. ТВМ, по реакцијата на граѓаните, во неколку наврати се обрати до локалната за овој проблем и подготви неколку прилози на оваа тема. Деновиве, беше пристапено кон асфалтирање на оштетените делови од коловозот на оваа важна сообраќајница, која е една од пофреквентните улици во градов. Покрај тоа, службите извршиле и асфалтирање на некои локации, како онаа на кружниот тек кај ЕМУЦ каде санацијата со бекатон плочки беше заменета со нов...
Револтиран охриѓанец по втор пат блокира улица поради немил настан
Post Views: 159 Мевљаим Арифи, жител на улицата „Стив Наумов“ денес по втор пат се одлучи да ја блокира оваа улица токму пред неговата семејна куќа. Вели дека блокадата ја прави бидејќи е револтиран од немилиот настан во кој за влакно не настрадала неговата внука, како што вели поради неажурноста на надлежните, односно поради несанираниот прекоп кој се наоѓа пред неговата куќа. Арифи раскажа како возачите кои со своите возила минуваат на оваа локација, во обид да ја избегнат дупката возат опасно блиску до портата од неговата куќа, па во еден таков случај во кој била инволвирана...
Локалната со повик до туристичките работници за бесплатна презентација на капацитетите
Post Views: 186 Локалната со повик до хотелиерите, угостителите, сопствениците на сместувачки капацитети, кафетерии, туристички агенции за бесплатно презентирање на нивната туристичка понуда. Нивната понуда, локалната ќе ја објави на информативните touch screen уреди кои се поставени на територијата на општина Охрид, а кои се вкупно шест на број. Сепак од вкупната бројка на вакви уреди, во моментот функционираат само четири, еден е во тек на сервисирање, додека еден, кој се наоѓа на влезот во градот, на булеварот „Туристичка“ е вон употреба и истиот ќе биде уклучен кога ќе се отвори...
Центарот за обука на пилоти бара нови регрути за потребите на АРМ
Post Views: 182 Центарот за обука на пилоти бара нови регрути. Можеби нечија детска желба да се лета во височините многу лесно би можела да стане реалност. Слично како што се случило за пилотот Весна Петреска. Таа вели дека адреналинот и погледот од височина кој е уникатен и биле одсекогаш предизвик и неостварена желба. Кога се пријавила на огласот не верувала дека може да стигне до таму каде што се наоѓа сега, но вели дека со упорност и желба се се може. Петреска вели дека обуката доста бара од кандидатите, но дека нема некакви стереотипи дека женско не може да биде пилот, додава...
Изложба на дела на доајените на ромската уметност од Унгарија
Post Views: 178 Уметничките дела на доајените на ромската уметност од Унгарија од денес пред охриѓани. Во центарот за култура „Григор Прличев“ во присуство на амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Јозеф Бенце, како и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денес беше отворена изложба на исклучително значајни уметнички дела. Истите добиваат на значење зошто опфаќаат автори со најизразено творештво од 60-те години од минатиот век, време кога се креира ликовната култура кај Ромите, по која се водат и денешните генерации. Амбасадорот Бенце вели дека тој искрено ги поддржува...