Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 205 Охриѓани опиени од првата „Фолкорна бајка“. Носени од звуците на најпознатите македонски народни рефрени присутните уживаа во маестралните изведби на младите но неверојатно талентирани интерпретатори. Салата во Центарот за култура беше исполнета до последно место што само по себе говори каква ќе биде иднината на овој детски фестивал по само првото негово издание. Некои од децата кои настапуваа дури за прв пат се сретнале со овие рефрени, некои ги знаеле, некои тогаш се запознале, што говори и за самата идеја на фестивалот, македонската народна песна и тоа огромно...
УНАСМ заедно со невладините од градов ќе работи на унапредување на работничките права
Post Views: 255 Унијата на независни автономни синдикати заедно со невладините организации од градов ќе работи на унапредување на работничките права. Денес беше потпишан меморандум за соработка со две невладини организации кои се претставници на етничките заедници на еѓипјаните и ромите од Охрид, а тоа се „Коалицијата на еѓипјани“ и „Подобар живот“. „На овој начин само работиме во насока на унапредување и заштита на уставно загарантираните на граѓаните на Република Македонија, со посебен акцент на еѓипјаните, како ранлив етникум во Република Македонија и во таа насока ние ќе ги...
Трендот на сообраќајни незгоди од лани се повторува и годинава
Post Views: 184 Сообраќајната култура и непочитувањето на правилата и прописите за безбедно учество во сообраќајот се на ниско ниво во земјава-велат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. Според претседателот, Зоран Јошевски, процесот на промена на свеста е бавен и не може преку ноќ да се очекува некакво подобрување. Во таа насока тие се фокусираат на децата на возраст од 7 до 14 години како од мали нозе би се изградиле правилни навики за безбедно учествување во сообраќајот. Во моментот, според Јошевски бројот на сообраќајни незгоди и жртви ги потврдуваат нивните констатации...
Специјалната јавна обвинителка во Охрид, приватно или…?
Post Views: 196 Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева забележана на прошетка низ Охрид. Денес таа го искористи убавото време за да ужива во погледот кој го нуди еден од нашите кафе барови кои се наоѓаат на брегот на езерото заедно со своите деца. Јанева во убаво расположение и без наводното според некои медиуми огромно обезбедување кое го поседува, уживаше на охридската ривиера веројатно релаксирајќи се од напорната работа на процесирање на огромен број снимки од нелегално прислушуваните разговори од кои досега Специјалното јавно обвинителство покрена вкупно пет акции под...
Големата фреквенција на возила причина за краткото траење на санираните дупки на улиците
Post Views: 176 Незавидната состојба во која се наоѓаат улиците “Абас Емин” и “7ми Ноември” како и големата фреквенција на возила и оптовареност на коловозот се причината поради која според претставниците од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, само кратко време траат санациите на ударните дупки. Портпаролот на Секторот, Љупчо Танески вели дека ова особено важи за улицата “Абас Емин” која што е еден од горливите проблеми од аспект на живеењето во општина Охрид и се сложува дека трајно решение за истата би била само нејзина целосна...
Несоработувањето на учесниците во сообраќајни незгоди проблем за судските вештаци
Post Views: 202 Однесувањето на учесниците во сообраќајни незгоди, пропусти од увидните екипи, договарање на своја рака помеѓу учесниците во незгодата, поместување на возилата. Ова се само дел од сериозните потешкотии со кои се соочуваат судските вештаци чија што основна цел е изведување на максимално точни вештачења како полесно и поквалитетно би се решиле судските спорови во случај на сообраќајна незгода. Ова, според директорот на Бирото за судски вештачења, Дени Ѓорчевски ќе значи намалување на трошоците и на осигурителните компании, и на лицата инволвирани во судските спорови. “Ако...
Улиците “Абас Емин” и “7ми Ноември” повторно со ударни дупки на коловозот
Post Views: 185 Повторно ударни дупки на коловозот на улиците „Абас Емин“ и „7ми Ноември“ Овие две улици кои важат за едни од најфреквентните во градов, пред само околу половина година го добија последното санирање на оштетувањата со асфалт, а пред тоа со бекатон плочки. Деновиве ситуацијата како пресликана од пред шест месеци. Оштетувањето на една од најдолгите улици во градов, „Абас Емин“ на дел од коловозот отишло дотолку што се гледаат сите претходни слоеви на асфалт, а од под асфалтот веќе се гледа и старата калдрма со која улицата некогаш била поплочена. Ги запрашавме граѓаните...
Охриѓани не претерале со храна и алкохол за празниците
Post Views: 183 Охриѓани дисциплинирани за време велигденските и првомајските празници. Иако годинава предизвикот да се биде умерен и да не се претерува со храна и алкохол, бидејќи двата празници беа во ист ден, сепак дежурните служби и во здравството и во полицијата со многу малку настани во нивните дневни билтени. Посебно велигденските празници изминативе години се покажувале како време кога помалку се внимава на внесувањето на храна и пијалоци, а кое може да има последици ако се земе предвид и долгиот пост кој им претходи. Годинава сепак мирно, а најмалку работа во медицинските...
Велигденските празници ги наполнија охридските храмови и со верници и со туристи
Post Views: 200 Велигденските празници ги наполнија божјите храмови во градов. Се палат свеќи, верниците се молат за здравје и среќа за нив и за семејството. Во овие последни денови пред веста за христосовото воскресение, свештените лица апелираат за уште помасовна посетеност, следење на светите богослужби за верниците вистински да го слават Бога. „Слава му на Бога има, посетители има но сепак еве апелирам да не има што повеќе. Ни претстои огромна работа затоа што голем дел од луѓето во знаење или незнаење, свесно или несвесно сепак неискрено пристапуваат и доаѓаат. Овие свети...
Вандали го уништиле новопосадениот дрворед на патеката Студенчишта
Post Views: 194 Непознати сторители ја откорнале поставената рампа на пешачката патека Студенчишта и ги уништиле посадените дрвца на новоизградениот дел на потегот од Бела Виста до Кадмо. Вандалскиот чин најверојатно се случил во текот на ноќта при што сторителите најпрво ја откорнале рампата која беше поставена да ги спречи несовесните возачи со автомобили да возат по патеката, а потоа ги оштетиле и изгазиле и новопосадените дрвца на оваа локација. За овој чин била известена и полицијата која извршила увид на лице место. Инаку рано утринава направената штета беше очигледно санирана,...
Трпејчани ќе добијат канализациона мрежа и пречистителна станица
Post Views: 186 Се гледа ли крајот на еден од најгорливите проблеми на жителите на туристичката населба Трпејца, немањето на фекална канализација? Градоначалникот Бакрачески информираше дека нивните тригодишни лобирања и интензивни контакти со голем број институции конечно вродиле со плод. Покрај изградбата на фекалната канализација, Бакрачески рече дека ќе биде изградена и пречистителна станица за третирање на отпадни води. „Ние во текот на минатата година успеавме да обезбедиме средства преку програмите на југозападниот плански регион во кој што активно партиципира општина Охрид...
Денес е Велики Петок-најтешкиот ден во православието
Post Views: 190 Денес е Велики Петок, најтажниот и најтешкиот ден во христијанството. Денот на полагањето Исусово во гробот. Според отец Димче Азески пак овој празник е доказ за огромната љубов што Господ ја имал кон неговите чеда затоа што доброволно го примил страдањето, бил распнат на крстот и умрел, а потоа бил положен во гробот за да ги ослободи верниците од ропството на гревот и смртта преку неговото спасително воскресение. „Она што е забележително за овој ден е што за време на светата богослужба најпрво се извршува симнување на нашиот спасител Господ Исус Христос од крстот,...