Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Дупка по дупка-до безбедни улици

Post Views: 5 Такси превозниците се жалат на состојбата на такси станицата пред „Уни Банка“. Велат: „Со толку насобрана вода, ниту еден патник не би влегол во наше возило.“ Тие не излегоа пред камера бидејќи се плашеле дека ќе ги загубат своите лиценци, но раскажуваат дека ситуацијата оди до таму што еден од нивните патници се здобил со повреда на ногата стапнувајќи во една од нерамнините на асфалтот. Од одделението за сообраќај и улици велат дека се работи на проблемот.„Едно е тоа што таксистите што го кажуваат, дека во одредени периоди кога има обилни врнежи на дожд, на еден...

Продолжи со читање

Љубезен персонал за љубезни гости

Post Views: 7 Се чини помина времето кога Охриѓани важеа за најгостопримливи домаќини. Работите како да фатија некоја удолница, но за среќа има и светли точки. Угостителите од градов сложно прифатија дека некои нешта треба да се променат за да ни тргне работава. Ако не сите, тогаш повеќето угостители, седнаа на иста маса и учеа бон-тон од Агенцијата за протокол. Дел од нив сметаат дека ова што се предава на обуката не е ништо ново, но дека навистина му е потребно на градот.„Бадијала е ако еден угостител отворил врвен локал, најдобар, а персоналот не му е обучен. Ова ни...

Продолжи со читање

Охриѓани си го чуваат здравјето

Post Views: 20 Како некој Марфиев закон, се чини најмногу си го сакаме здравјето кога ќе го изгубиме. Охриѓани за среќа добро си го чуваат. Оној бурен, современ живот кој се практикува изминативе години, си го зема данокот, а ни носи некои нови болести. Тажната тенденција на се повеќе млади кои заболуваат од условно „болести на постарата генерација“ се чини е доволно предупредување за охриѓани. Тие се почесто се одлучуваат за вршење на редовни здравствени прегледи. „Да, често. Но треба поредовно да се прават прегледи.“„Превентивни прегледи не вршиме, а кога имаме мака трчаме....

Продолжи со читање

Стерилизација, а не убивање на кучињата бездомници

Post Views: 3 Велат дека најдобар пријател на човекот е кучето, но за жал, се помалку, човекот е најдобар пријател на кучето. Несовесни сопственици наместо да се грижат за својот миленик го пуштаат на улица каде го демнат бројни опасности. Претставниците од здружението за заштита на животните, Анима Мунди, токму овде ги лоцираат основните причини зошто има неконтролирана бројност на бездомни кучиња низ улиците. Покрај несовесните сопственици, уште и достапните извори на отпад, непрактикувањето на законската регулатива и непостоењето на системска стратегија скоро подеднакво...

Продолжи со читање

Кријте ги гаќите, ја грделе зградата!

Post Views: 4 Билјана платно белеше ама немаше каде да го пружи за сушење. Ако претпоставиме дека хероината на нашата позната песна живеела во стан, од 1ви овој месец ќе беше во голема мака. Според правилникот за домување во станбени згради, помеѓу сите членови стои и оној кој вели дека пружењето алишта на терасите од зградите е забрането, односно не треба да се пружат алишта на места кои не се определени за таа намена. Каде ако не на тераса? Верувам ова е прашањето кое секој граѓанин кој живее во зграда си го поставува деновиве. Законски одговор има, меѓутоа во пракса...

Продолжи со читање

Кој треба да се грижи за лифтот во вашата зграда?

Post Views: 11 Некаде функционираат, а некаде не. Лифтовите во Охридските згради може да ви бидат или најдобар пријател или најголем кошмар. Сето тоа зависи од редовноста со која тој лифт се одржува. А кој да плаќа за негово одржување ако не станарите кои секојдневно го користат. Охрид за среќа или за жал е туристички град во кој голем дел од становите немаат домашни сопственици. Тука се создава голем проблем за заедницата на станари која според Законот за домување треба да ја има секоја зграда.„Сега функционираме, барем досега додека не беше донесен законот, на повик, кога ќе...

Продолжи со читање

Закон за Билјанини извори и Студенчишко блато

Post Views: 7 Билјанини извори со закон ќе бидат прогласени за споменик на природата. Со друг закон пак, ќе се овозможи целосна заштита на Студенчишкото блато во постојните граници. Барем навидум конструктивна средба се одржа помеѓу претставниците на риболовното друштво Свети Апостол Петар, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „Тоа е законска рамка која што ќе ни овозоможи и да го заштитиме Охридското езеро и неговите вредности, и да го одбраниме од нападите и секако да го туристички валоризираме...

Продолжи со читање

Да или Не за стопанската концесија на езерото?

Post Views: 6 Да се стопира конкурсот за доделување стопанска концесија. Ова барање на спортско риболовното друштво Свети Апостол Петар сеуште актуелно. Од таму ни велат дека сите научни истражувања покажале дека Охридското езеро во моментот нема капацитет за да биде експлоатирано во поголеми размери. Количината на риба во езерото велат не е доволна за да може да се сноси со товарот на една стопанска концесија, а во минатото ваквата концесија се покажала како уништувачка за рибниот фонд.„Ние како спортски рекреативни риболовци уште пред месец дена најавивме дека ќе се бориме до...

Продолжи со читање