Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Трпејчани добија повеќенаменско игралиште

Post Views: 213 Жителите на туристичката населба Трпејца добија повеќенаменско спортско игралиште веднаш до училишната зграда во населбата. Денес тоа беше свечено пуштено во употреба од страна на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој рече дека овој, според него корисен инфраструктурен зафат го покажува балансираниот пристап на локалната за подеднаков развој на сите делови од општина Охрид. Бакрачески потенцираше дека ова е само дел од грижата за правилен раст и развој на најмладите генерации. „Во изградба на игралиштето, учествуваа двете јавни претпријатија основани од...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Влатко Ѓорѓиески со бронза од меѓународното гастрономско првенство во Црна Гора

Post Views: 173 Готвачите на ГАСТРО МАК на 10-тото меѓународно отворено првенство на Црна Гора Будва 2016, во организација на Здружението на шефови  на кујни на Црна Гора, освоија 5 награди, 4 медали, од кои 2 златни и 2 бронзени медали и една диплома за 4-то место. Македонскиот тим настапи со тројца натпреварувачи во сениорска конкуренција, од кои едниот е Влатко Ѓорѓиески, шеф на кујна во хотел ”Бетон” – Охрид. Согласно пропозициите во поединечна конкуренција натпреварувачите подготвуваа: топло предјадење од риба и морски плодови, главно јадење и десерт. Шефовите на Здружението...

Продолжи со читање

Ем хумани, ем одлични во просторна ориентација

Post Views: 240 Основците од градов ем ја покажаа својата хуманост, ем ги покажаа нивните способности за ориентација во просторот. Втора година по ред, учениците организирани во екипи имаа задача преку дешифрирање на загатки, да откриваат локации, на кои добиваа нови загатки за истражување на нови локации. Една од целите на овој натпревар, покрај хуманата димензија е младите да си ги зајакнат вештините за ориентација во просторот, тимската работа, снаодливоста и брзината, но и да го запознаат градот. „Денеска се одржа хуманитарниот натпревар по ориентација „Компас 2016“ кој го...

Продолжи со читање

Промовиран првиот видео спот на талентираниот охридски музичар Мартин Милески

Post Views: 208 Промовирано видеото за одличната инструментална преработка на охриѓанецот Мартин Милески на нумерата „Кој да ми запее“ од нашата позната музичка дама, Каролина Гочева . Милески кој на охридската јавност и е познат по неговите преработки на бројни светски хитови пред се од рок музиката, денес го промовираше своето прво професионално изработено видео пред охриѓани. Видео спотот е изработен во соработка со Николче Мицески и Весна Малинова. „Видеото беше во изработка седум недели, прилично долго време и беше макотрпна работа. Како камерман ми беше Кристијан Љушев, монтажер...

Продолжи со читање

Заживува традицијата на лазарките

Post Views: 211 Денес е Лазарева сабота. Денот кога младите моми, лазарки го најавувале Велигден и доаѓањето на пролетта. Традицијата на одење од куќа до куќа и пеење песни најчесто со шеговита содржина веќе трета година со ред полека но сигурно ја заживуваат младите девојчиња од куд „Ѓердан“. Тие и денес ја продолжија оваа подзаборавена традиција која некогаш била препознатлива глетка за Лазарева сабота. „Лазара е празник пред Велигден, ден во кој ние од нашето културно уметничко друштво сакаме со цел да ја обновиме традицијата, со одењето низ куќите во Охрид, сакаме домаќините...

Продолжи со читање

Фасадата на општината ќе треба да се молерисува по синоќешниот протест на #Протестирам

Post Views: 195 Екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид, синоќа со дополнителна работа. Неколку пожарникари со помош на вода ја миеја општинската зграда од остатоците од фрлени јајца по завршувањето на вчерашниот протест на неформалната група #протестирам. На лице место, синоќа и секретарот на општината Димитар Спасески под чие будно око, пожарникарите ја чистеа општинската фасада. На синоќешниот протест на неформалната група #протестирам кои по втор пат од Охрид побараа оставка од претседателот на републиката, Ѓорѓе Иванов, настрада општинската зграда односно...

Продолжи со читање

Еко цртежи и садење садници за одбележување на Денот на планетата Земја

Post Views: 201 Дружба на генерациите, од најмали волонтери од бреинобреин програмата, како и детскиот час за приказни на англиски јазик, како и повозрасните волонтери кои ја следат програмата за стари лица денес ги обединија силите како достојно би го одбележале Денот на планетата земја. Еве што тие ни подготвија.“Сите тие се здружија за денеска заедно да посадиме садници кои што ќе го красат овој дел, кои ќе бидат и обележје и некој линк кој ќе ги поврзува овие две генерации, дечињата во рамки на доаѓањето во Црвениот крст и следењето на оваа програма, ќе ги залеваат со...

Продолжи со читање

Се прошири семејството на асоцијацијата „Сите за спорт-спорт за сите

Post Views: 186 Денес се прошири семејството на спортски работници во асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“. Нови нејзини членови се текводо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, здружението за велосипедизам, планинарење и еко култура „З`ш авантура“ како и луѓето од студио „Кинезио“ кои работат со корективна гимнастика. Жанко Голабоски, претседател на „З`ш авантура“ вели дека очигледна е потребата од подигнување на свеста кај сите граѓани за значењето на спортот. „Да избегаат малку од дома од пред телевизор, од пред лаптоп и од пред компјутер. Јас секогаш кога ги...

Продолжи со читање

Сообраќај: Бележењето на кружните трае подолго поради обемноста на зафатите

Post Views: 193 Бележењето на хоризонталната патна сигнализација на новиот кружен тек на пресекот помеѓу булеварот „Туристичка“ и „Македонски просветители“ причина за нервозни возачи, затворање на една од лентите за сообраќање и реакции од граѓаните. Големината пак на зафатите за обележување на хоризонталната патна сигнализација од страна на АД Илинден од Струга, кои според договорот за изградба на кружните текови ја носат и обврската за нивно соодветно обележување, според Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици е причина зошто се случува понекогаш тоа...

Продолжи со читање

Шест месеци дружба на младите танчери од Соната со колегите од познатиот Beatrix Crew

Post Views: 197 Танчерите од охридското студиот Соната ќе имаат шест месечна професионална дружба со нивните искусни колеги од Beatrix Crew од Скопје. Ќе се подучуваат на нов стил, хип хоп, попинг, кремп, брејкденс. Нивната дружба произлегува како дел од проектот на Локалната агенција за развој од Струга и граѓанската организација „Креативни и активни“ наречен „Декада на припадноста-Славење на различностите“.  Ивана Балабанова, инструктор од Beatrix Crew вели дека според нив оваа шестмесечна соработка во рамки на проектот ќе биде навистина интересна.„Ова е прв пат да соработуваме...

Продолжи со читање

Вратите на Google и Microsoft се отворени за сите со добри идеи

Post Views: 178 Континуирана работа, вложување во себеси, искрен пристап во работата и соништата може да се исполнат. Кој тоа подобро да го знае од Благој Трајкоски, македонец кој веќе две години работи во компанијата од соништата на секој кој се занимава со информатички технологии. Тој вели дека познат е начинот на кој Google ги третира своите вработени и според него тоа навистина предизвикува позитивна промена кај секој човек. Според Трајкоски, светот на информатичките технологии е отворен буквално за сите и во него сите може да успеат без разлика од каде доаѓаат.„Би рекол дека...

Продолжи со читање

Viber, Google, Adobe, Microsoft дел од четвртиот по ред маратон во програмирање Codefest

Post Views: 193 Започна еден од најзначајните настани од информатичката технологија во земјава, Коудфест. Ова четврто издание според организаторите не само што е најобемно според бројот на гостите и говорниците туку и по светските имиња од областа на информатичката технологија како Гугл, Вајбер, Мајкрософт, Адоби. Коудфест, според министерката за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска која го отвори годинешното издание на маратонот во програмирање, смета дека ова е вистинска можност за младите да се бидат очи во очи со претставниците од овие гиганти и да ги остварат своите...

Продолжи со читање