Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

ЕВН ја исклучило струјата во салата „Билјанини Извори“ од јавното претпријатие демантираат

Post Views: 165 Теквондистите од Фајт клуб Мастер од Охрид нивниот вчерашен тренинг во спортската сала „Билјанини Извори“ го држеле во мрак. Причина за тоа е што службите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден повторно ја исклучиле спортската сала „Билјанини Извори“ од напојување со електрична енергија. Портпаролот на оваа компанија, Атанас Ковачевски вели дека во тек се разговори со цел да се надмине моменталната ситуација, и потврди дека штом се создадат услови, повторно ќе се воспостави снабдување со електрична енергија на спортскиот центар.„Динамиката на исклучувањето,...

Продолжи со читање

Бакрачески: „Современата плажа во Лагадин ќе биде достапна и слободна за сите“

Post Views: 216 Разубавување на просторот кај Лагадин, решавање на грдата слика со колекторскиот систем на тој потег, а воедно и нудење на плажа со слободен пристап за сите граѓани и туристи, без наплатување за реквизити за одмор. Ова се благодетите кои според градоначалникот Никола Бакрачески, Охрид ќе ги добие со изградбата на плажата во Лагадин. Тој потенцира дека локалната иако директно не учествува во реализацијата на проектот, како одговорна самоуправа презеле обврска да ја следат неговата реализација во сите фази од проектот кој ќе се прави со државни пари. „Лично мое убедување,...

Продолжи со читање

Средношколците препознаваат, но ретко реагираат на психичкото насилство

Post Views: 193 Во образовен систем кој според многу експерти, како и голем број на професори се занемарува воспитната функција на образованието, средношколските установи со работа на класни часови и вметнување содржини во редовните часови се обидуваат да ги дискутираат темите кои се однесуваат на насилството заедно со своите ученици. Според директорката на средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“, Славица Костоска, и покрај пребогатите наставни планови тие се обидуваат во рамки на редовната програма да ги вметнуваат поучните теми со кои училиштата мора да се занимаваат. „Наставниот...

Продолжи со читање

Прв студентски филмски фестивал на Филмската академија од Охрид

Post Views: 171 30 кратки студентски филмови, изложби, работилници и концерти на првиот филмски фестивал „FEELMOTION“ на Филмската академија од Охрид. Фестивалот синоќа беше отворен со проекција на филмот „Само за губитници“ на режисерот Иво Трајков кој воедно е дел и од Институтот за филм-Филмска академија-Охрид. Организаторите, кои се седумте студенти магистри на академијата велат дека фестивалот изобилува со богата програма и филмови. „Тоа се студентски филмови, кратки студентски филмови организирани од студенти кои исто така учествуваат на овој фестивал и со нивните филмови...

Продолжи со читање

Потрошувачката кошничка се попразна

Post Views: 168 Мали плати, скапи производи, голема невработеност. Се чини пазарењето по маркети или зелени пазари и маалски продавници станува се потешко и потешко. Се повеќе граѓаните излегуваат од дуќаните носејќи го чувството дека потрошиле многу, а дома си заминуваат со само неколку производи кои на прсти може да се избројат. Ретко може да се видат или пак малкумина се тие кои пазарат еднаш месечно застанувајќи пред касата со полни колички или кошнички за пазарење. Без оглед на причината, ги запрашавме охриѓани дали тие сметаат дека со истите пари може да се купат помалку или...

Продолжи со читање

Граѓани се жалат дека на паркинзи од иста зона, плаќаат различна цена за паркирање

Post Views: 201   Дали сеуште важи ценовникот за паркирање на ЈП „Билјанини Извори“ според кој за првиот час паркирање во зона А се плаќа 30 денари, а за наредниот час 20 денари? Граѓани реагираа до нашата редакција прашувајќи зошто на паркинзи кои се наоѓаат во иста зона различно ги чини паркирањето. Тие велат дека се нашле во ситуација кога вработени на два паркинзи кои се наоѓаат во зона А, едниот на булеварот „Македонски просветители“ наспроти маркетот Тинекс, а другиот на „Кеј Македонија“ наспроти лаунџ барот Објектив за два часа паркинг им наплатиле 60 во едниот, 50 во другиот...

Продолжи со читање

Основците од „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“ се качуваа со јаже како вистински алпинисти

Post Views: 165 Каква опрема носат алпинистите на нивните планински авантури, како се викаат сите тие јажиња, клинци, посебни чевли кои тие ги носат. Ова се само дел од прашањата на кои денес добија одговор љубопитните основци од училиштата „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“. Благодарение на асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“, а во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден на здравјето, денес тие и практично можеа да видат како изгледа таа опрема, но и самите да се спуштаат по јаже во салата на ОУ „Христо Узунов“. „Сите ученици прв пат се среќаваат со вакви...

Продолжи со читање

Градоначалникот Бакрачески со отчет за сработеното во изминатите три години

Post Views: 182 Отчет за реализираното во трите години од мандатот на градоначалникот Никола Бакрачески. Денес беше промовирано печатено издание со сработените проекти на локалната на околу 200 страници. Во отчетот се поместени зафатите на локалната од асфалтирање на улици и патишта, изградба и реконструкција на плоштади и пешачки рекреативни зони, до изградба на кружни текови. Меѓу другите, во своето обраќање, градоначалникот Бакрачески ги спомена асфалтираните и реконструирани улици „Питу Гули“, „Илија Смически“ во Лескоец, „Миќа Гилиќ“, „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“, патните...

Продолжи со читање

Неповратна финансиска помош за домашните фирми, двојно зголемување на социјалната помош, изградба на нови студентски домови за младите

Post Views: 162 Обезбедување на подобар живот кој ќе им даде надеж и желба на младите да останат во Македонија. Отворање на работни места на кои ќе се исплаќаат плати со кои вистински може да се издржува семејството, поддршка за домашните фирми, гасификација на државата, стимулација на фирмите да исплаќаат повисоки плати на работниците. Ова се само дел од целите на програмата на СДСМ за предвремените парламентарни избори а кои синоќа беа презентирани пред охриѓани. Една од клучните реформи кои тие ги предлагаат, според потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска е финансиска...

Продолжи со читање

Пчелички, мали слатки вештерки, пирати-најмалите од градинките го прославија Денот на шегата

Post Views: 160 Пирати, пчелички, ликови од цртаните филмови и супер херои како Спајдермен, Бетмен, Зоро, Неверојатниот Хулк…Вистинско шаренило од бои, музика, песни и танц подготвија денес најмладите по повод 1ви април денот на шегата. Некои пак посериозни со маските подготвиле маски од рециклирачки материјали кои подоцна се натпреваруваа и во изборот за најдобра маска. Не беше ниту лага, ниту шега колку имагинација употребиле малите дечиња од градинката “Јасна Ристеска” и сите клонови заедно со нивните родители за на овој ден да изгледаат навистина волшебно....

Продолжи со читање

Училишен турнир во фудбал за основците од охридските училишта

Post Views: 167 Деведесетина деца од охридските основни училишта од шестите и седмите одделенија денес ги одиграа првите натпревари од турнир во фудбал на теренот со вештачка трева. Осум екипи, по една од секое основно училиште се поделени во две групи со по четири екипи. „Играме во два дена, се игра првиот ден разврска по групи, а вториот ден играме за пласман од 1во до 8мо место. Вклучени се популација на деца од 6то до 7мо одделение, оние екипи кои што претходно имаа искуство со игра на спортскиот ден во Велгошти. Истите тие екипи сега се надоградуваме и играме голем фудбал...

Продолжи со читање

АЈДЕ Македонија со акција за чистење во Охрид

Post Views: 169 АЈДЕ Македонија со нова акција за чистење во Охрид. Оваа ќе биде еден вид на промотивна акција за онаа традиционалната која се случува секој октомври, а во Охрид ќе се чисти на два потези. Дел од граѓаните и граѓанските организации кои ќе земат учество во оваа акција, ќе чистат на потегот од бензиската кај „Билјанини Извори“ па се до Св.Стефан, додека другата група ќе чисти на потегот од Здружението на возачи на излезот од Охрид па се до Подмоље. „Тоа е можност за граѓаните и да си направат една убава прошетка, нивните деца да ги научат на здрави навики, една одговорност...

Продолжи со читање