Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

ДПМНЕ ја згреши локацијата за нивниот прес-велат од СДСМ

Post Views: 6 И од редовите на СДСМ не останаа покуси. На прес конференцијата на ДПМНЕ пред градскиот пазар, тие одговорија со сопствен прес. На обвинувањата од ДПМНЕ дека градскиот пазар не е изграден, претседателот на општинската организација на СДСМ, Наум Јованоски вели: „Охрид долго време беше заложник на првата фаза на децентрализација при што на градот и на охриѓани им се нанесе огромна штета во поглед на развојот на градот и изградбата на капитални објекти. Денешната конференција на ДПМНЕ тој ја оцени како уште една од низата промашени конференции.„Сам си поставува...

Продолжи со читање

Кој прв ќе го изгради новиот градски пазар?

Post Views: 4 Нови обвинувања на адреса на градоначалникот Петрески и локалната самоуправа. Овој пат, наместо од партиската говорница, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се обратија од пред градскиот пазар. Тема им беше токму охридскиот пазар за кој велат дека не е ниту нов, ниту модерен. Ги обвинија Петрески и локалната дека неколку наврати ги излажале граѓаните на Охрид, ветувајќи им нов и модерен пазар.„Ова место позади нас е едно од најнесредените места кои што ги има градот Охрид. Градот Охрид ваков пазар не заслужува. 2009та година ја кажаа повторно истата лага. Пак кажаа дека 2009та...

Продолжи со читање

Истекува рокот за пререгистрација на невработените лица!

Post Views: 4 Се ситнат деновите од месец Март, а пререгистрацијата на невработените оди бавно. Од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување во неколку наврати апелираа оваа пререгистрација да се изврши што е можно побрзо, меѓутоа заинтересираноста засега мала. Дали поради неажурност или неинформираност, од приближно 5.700те невработени лица осигурени на товар на Министерството за здравство, досега во Охрид се пријавиле нешто помалку од половина. Оние малку невработени лица кои ги затекнавме пред подрачното одделение на Фондот, ги запрашавме дали се запознаени со...

Продолжи со читање

ЛДП-Охрид доби нов претседател

Post Views: 5 Дејан Блажески е новиот претседател на општинската организација на Либерално-демократската партија од Охрид. Шестото по ред годишно собрание на партијата донесе промени во раководните структури, и ги постави целите на ЛДП за претстојниот период. Сите 100 делегати гласаа ЗА, за единствената поднесена кандидатура, со која Дејан Блажески стана нов претседател на охридската ЛДП. „Јас се надевам и ветив пред делегатите и присутните дека чесно и одговорно ќе ја вршам оваа функција и дека ЛДП се наоѓа повторно на стазите на кои што беше порано. А, доказ дека постоиме после...

Продолжи со читање

Како да се дојде до лекарско боледување?

Post Views: 40 Ако сте за пократко, без грижи, и според новиот правилник за издавање на боледувања брзо ќе добиете боледување. Пациентите лесно и на поедноставен начин ќе доаѓаат до своето боледувања ама до седум дена. До овие седум дена потребен им е само матичниот лекар. Над седум дена, односно до и над 15, до 30 или 60 дена малку потешко-велат матичните лекари. Новиот правилник ќе стапи на сила од 1ви Април, а во себе содржи цела низа критериуми кои мора да бидат исполнети за да се дојде до очајно потребното боледување. „Потребни се комплет стандардни лабораториски испитувања...

Продолжи со читање

Младинскиот центар од Струга од денес под општинска капа

Post Views: 6 По две и пол години активно функционирање под капата на УНИЦЕФ и Цивилниот мировен сервис од Германија, Младинскиот центар од Струга, од денес доби самостојност. Барем до 2015 година, за работењето на центарот ќе се грижи општина Струга. Младинскиот центар, во изминативе две и пол години работеше на унапредување на меѓуетничките односи во мултиетничка Струга.„Јас сум многу благодарен што градоначалникот Мерко се согласи да ги покрива трошоците на Центарот до 2015 година. Тоа е многу важно, тоа е одговорност на сите лидери, да направат се што можат за заедниците да...

Продолжи со читање

Врзете ги појасите, не чека интересна седница на Совет

Post Views: 4 Годишните сметки на јавните претпријатија под лупата на советниците. Утрешната четириесет и петта седница воглавно ќе мине во знакот на финансиите. Дваесет и пет точки се најдоа на дневниот ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид. Ќе се расправа околу годишните сметки и финансиските извештаи на охридските основни и средни училишта, кои по навика знаат брзо да бидат усвоени. Она што привлекува особено внимание, се годишните сметки и финансиските извештаи на охридските јавни претпријатија и тоа „Охридски Комуналец“, „Градски пазар“, „Погребални услуги“,...

Продолжи со читање

Младите охриѓани ќе го фалат Охрид пред туристите

Post Views: 4 Како младите охриѓани го доживуваат својот град? Ова е прашање на кое за многу брзо ќе добиете одговор, и тоа не било каков. Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се фатиле во костец со науките за туризмот, културното наследство, историјата, биологијата. Преку нив ќе се обидат да стигнат до суштината на огромното охридско културно наследство, но што е уште поважно, тоа ќе го стават и во употреба. Заедно со своите ментори се пријавиле за проектот на УНЕСКО „Светското наследство во рацете на младите“. Ова се нивните активности и причините зошто...

Продолжи со читање