Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Заврши реконструкцијата на локалниот пат до Велестово

Post Views: 186 Заврши реконструкцијата на локалниот пат кој од Охрид води до Велестово. Истиот, денес беше свечено пуштен во употреба, откако беше завршена и втората фаза од неговата целосна реконструкција, која започна уште минатата година. Тогаш, во првата фаза се асфалтираше дел од патот од бензиската пумпа кај Билјанини извори до управната зграда на НП „Галичица“ како и еден дел на самиот влез во селото во должина од околу 900 метри. Тој зафат беше финансиран со средства од 6 и пол милиони денари обезбедени преку Агенцијата за патишта на Република Македонија. „Сега општина...

Продолжи со читање

Рецитал, наградени стихови и цртежи во чест на годишнината од „Сердарот“

Post Views: 237 Најмладите во чест на Прличев. Денес во просториите на Култура 365 се рецитираше „Сердарот“ антологиската поема на нашиот ловороносец Прличев, како и литературните творби кои беа наградени на конкурсот „Охрид, Прличев и јас.“ Младите охриѓани од охридските основни училишта го дадоа најсветлиот придонес во достојното одбележување на годишнината од доделувањето на ловоровиот венец на Прличев. Еден од членовите на жири комисијата која ги оценуваше творбите, нашиот охридски автор, Смиле Наумоски вели дека навистина имале тешка задача. „Го бараме естетското, во литературата...

Продолжи со читање

Секој четврток бесплатни филмски проекции во Филмската академија во Охрид

Post Views: 185 Охридската филмска академија отворена за граѓаните. Секој четврток со почеток од 20 часот тие организираат бесплатни филмски проекции од богатата дигитална датотека на филмови кои ги поседуваат. Со ова, охриѓани ќе можат да погледнат некои од најдобрите холивудски класици, блокбастери, оскаровци, европски, уметнички, како и кратки па и студентски филмови сосема бесплатно. „Се набави еден одличен можеби и најдобар филмски проектор во Македонија досега што сме го имале со 4К излез, и се набави платно кое е некаде 6 на 9 метри долго кое е монтирано на ѕид и кое се...

Продолжи со читање

Одлична опрема, професорски кадар и први запишани постдипломци на охридската филмска академија

Post Views: 252 Студио за монтажа на звук и слика, четири админстративни канцеларии, две големи училници, една за сценаристика и драматургија опремена со 4К телевизори и звук, и една за катедрата за креативна продукција опремена со платно за проекција на филмови, сараунд систем. Филмската академија од Охрид на добар пат да стане вистински клон на братската филмска академија од Чешка, ФАМУ. Предавања на англиски јазик, 24 реномирани професори исклучиво од чешката академија, како и двајца гости од Универзитетот Колумбија од Њу Јорк и Филмската академија од Њу Јорк се само дел од предиспозициите...

Продолжи со читање

Дали во Охрид има доволно бесплатни паркинзи?

Post Views: 575 Паркинзите вечна тема за охриѓани. Особено вниманието го привлекуваат оние бесплатните каде охриѓани може да паркираат без надомест, под услов да најдат слободно место. Бесплатен паркинг пред основното училиште „Братство Единство“ кај Крст Џамија, по должината на улицата „7ми Ноември“ до автобуската станица од едната страна, потоа едната страна од улицата „Јане Сандански“, дел од „Македонски Просветители“ пред полицијата како и дел од булеварот „Туристичка“. Ова се локациите каде охриѓани може бесплатно да паркираат иако потврда за тоа не добивме од локалната самоуправа...

Продолжи со читање

„Спорт за сите-сите за спорт“ ќе ја заживува спортската култура во градов

Post Views: 214 „Спорт за сите-сите за спорт“- ова е името под кое пет охридски спортски клубови се обединија како би работеле на заживување и подигнување на спортската култура во градов. Подигнување на свеста за практикување на спорт и здрави спортски навики, развој и промоција на спортот во градов и земјава, развој на меѓуградската и меѓународната спортска соработка, промоција на идејата за олимпизмот, образовната и воспитната функција на спортот. Ова се само дел од целите на чија реализација Асоцијацијата на спортови од Охрид ќе работи во наредниов период. Велат дека нивните...

Продолжи со читање

Локалната ќе аплицира со проекти за тампонирање на земјоделски патишта во охридско

Post Views: 211 Локалната со проекти за тампонирање на земјоделски патишта во Лескоец, Горно и Долно Лакочереј. Овие земјоделски патишта ќе се тампонираат во рамките на проектите кои ги финансира Бирото за рамномерен регионален развој. На последната седница на советот на општина Охрид беше изгласан предлог проектот за уредување и санација на патиштата за пристап до земјоделско земјиште, шумски и водостопански површини што според секретарот на општината, Димитар Спасески претставува појдовна основа за изработка на проект во кој ќе биде утврдена и потребниот износ на средства за негова...

Продолжи со читање

Православните верници денес го слават светиот маченик Теодор-„Тодорова сабота“

Post Views: 227 Православните христијани денес го слават големиот празник посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон меѓу народот познат како „Тодорова сабота“. Првата сабота од великиот пост во очи столбот на православието, Велигден, денот на христовото воскресение е посветена токму на маченикот Теодор односно чудото кое Бог одлучил преку него да го направи. Отец Димче Азески, од црквата Св.Богородица Каменско, раскажа за историските околности кои вели дека го потврдуваат настанот кој денес се празнува. Имено царот Јулијан Отстапникот сакајќи да ги спречи верниците да се причестат,...

Продолжи со читање

Охридските сместувачки капацитети со високи оценки на реномираниот booking.com

Post Views: 190 Сместувачките капацитети во градов со исклучително високи оценки на најголемиот интернет сервис за онлајн закажување booking.com. Бројни се капацитетите од секаков обем и со различен број на ѕвезди кои се закитиле со високи оценки кои претежно варираат од 8,5 до 9,7 што според стандардите на booking.com е навистина висока оценка. Овие оценки и критики кои ги добиле нашите сместувачки капацитети се дело на гостите кои таму престојувале, а кои покрај бројчаната оценка даваат и своја текстуална критика за она што најмногу им се допаднало или најмногу им пречело додека...

Продолжи со читање

Академски граѓани или армија заокружувачи?

Post Views: 262 Дали македонското високо образование навистина креира академски граѓани или само армија заокружувачи. Ова е прашањето кое провејува веќе 13 години откако за прв пат во нашата држава беше воведен Болоњскиот концепт на високо образование. Со поделба на испитниот материјал на колоквиуми и формирање тестови со прашања кои се заокружуваат, сомнежот и тоа како оправдано постои дека добар дел од студентите наместо да добијат вистинска наобразба, само ќе се трудат со минимален труд да ги положат испитите не водејќи сметка за тоа дали нешто реално научиле. „Ако тргнеме дека...

Продолжи со читање

СДСМ: „Локалната нема вложено ниту денар од општинската сметка во училиштата“

Post Views: 217 Охридските социјалдемократи денес на прес конференција со обвинувања до локалната самоуправа дека и после скоро три години од нивното доаѓање на власт, не биле направени никакви вложувања во образованието во Охрид. Жаклина Лазаревска од општинската организација на СДСМ, вели дека ниту еден денар оваа локална самоуправа не издвоила од општинската сметка за некој поголем зафат во било кое од училиштата. Според неа, доказ за тоа е состојбата во која се наоѓало училиштето во с.Трпејца. „Ова училиште е руинирано,нема основни услови за работа, целосно заборавено. Е во...

Продолжи со читање

Речните корита во градов чисти, се работи на расчистување и на околните

Post Views: 220 Неколкудневните временски прогнози во кои се најавуваат пообилни врнежи од дожд во нашата земја резултираа со ново предупредување од страна на Министерството за транспорт и врски до сите локални самоуправи и надлежните служби за преземање мерки за спречување на евентуални поплави. Според ова последно предупредување, се очекуваат врнежи од околу 30ина литри на метар квадратен. Ваквите предупредувања засега реалност се само за општините од централна и југоистична Македонија, но иако во нашиот југозападен регион не се очекуваат пообилни врнежи од дожд, предупредувањата...

Продолжи со читање