Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Како студираат нашите студенти?

Post Views: 7 Како студираат нашите студенти? Ова е прашањето кое треба да добие одговор по ревизијата на Болоњскиот систем, или попознатиот ЕКТС систем. Беше најавуван на голема врата низ Европските земји, за многу брзо да стане дел и од нашиот високообразовен систем. Сега, ревизијата се случува и кај нас. Што добија студентите од него, а што изгубија? Колку новиот систем на студирање успеа да го разбуди потенцијалот на македонските студенти, колку им помогна во студирањето, не само во земјава, туку и во странство. Еве што мисли поранешниот студент и сегашен демонстратор на...

Продолжи со читање

Кандидатите за директори на Охридско лето-строго чувана тајна

Post Views: 9 Уште само 124 дена. Да, толку останува до почетокот на новото издание на „Охридско лето“. Фестивалот и натаму без директор. Претходниот многу брзо го напушти бродот, што само не тера да помислиме дека веќе никој не сака да седне на жешкото столче. Конкурсот за нов директор почна и заврши во рекордно време, за само осум дена. Потрагата по директор започна на 24 Февруари, а заврши на 3 Март, кој се пријави, се пријави. Единствената информација која јавноста ја доби од Министерството за култура е дека се пријавиле 6 кандидати од кои, неофицијално, само тројца ги...

Продолжи со читање

Ќе тргне ли занаетчиството?

Post Views: 4 Тоа не е за занемарување со оглед на фактот што немаат сопствени простории за држење состаноци. Тие испратиле и допис до градоначалникот Петрески за остварување на средба во која од локалната ќе побараат да им обезбеди деловен простор за држење на редовните состаноци. Во меѓувреме комората се снаоѓа и што е поважно донесува сериозни одлуки меѓу кои најважна е онаа за плаќањето на членарината.„Ако за 2011 година претходното раководство успеало да собере 22.000 денари по основ на членарина, само во Февруари ние успеавме да собереме преку 14.000 денари што не е...

Продолжи со читање

Кој треба да го чисти каналот „Студенчишта“?

Post Views: 2 Во чија надлежност е чистењето на каналот „Студенчишта“? Ова е прашањето кое се наметна по досегашните препукувања поврзани со актуелните случувања околу снабдувањето со вода, пресушените Билјанини извори и поморот на плашицата. Пандорината кутија која ги исфрли сите зла помеѓу Охриѓани, не остави да се прашуваме кој треба да ги засука ракавите и да го исчисти каналот. Побаравме одговор од Министерството за транспорт и врски. Во дописот кој  го испратија до нашата телевизија тие се повикуваат на член 3 и член 9 од Законот за комунални дејности  каде  комуналниот ред...

Продолжи со читање

Коалицијата за соживот со предлог-измени на Законот за локална самоуправа

Post Views: 4 Подобри услови за функционирање и работа на комисиите за односи помеѓу заедниците е само една од целите кон која тежнее Коалицијата за соживот. Денес тие беа во Струга во обид да го слушнат мислењето на граѓаните околу предложените измени на Законот за локална самоуправа. Се работи за предлог измени на членовите 41 и 55 од овој закон, а со кои сметаат дека ќе влијаат кон подобрување на самиот закон.„Целта на овој настан организиран од Коалицијата за соживот, коалиција во која има дваесет организации предводени од организацијата Институт за развој на заедницата од...

Продолжи со читање

Струшките невладини организации против геј бракови

Post Views: 4 Невладините организации од Струга се изјаснија против легализирањето на геј браковите, а особено против посвојувањето на деца од родители со исти пол. Едногласно членовите на невладините Езерка, Светлина, Дом за сите, Енхалон, Рурбан Култ од Струга, реагираа и на најавите од одредени невладини организации во земјава за тужба против министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. „Ги почитуваме сите традиционални вредности бидејќи сме против сите стереотипи и предрасуди, но ги почитуваме сите вредности и човекови права. Не се мешаме во определбата на тие...

Продолжи со читање

Почесната конзулка од Флорида воодушевена од Струга

Post Views: 2 Почесниот конзул на македонската амбасада на Македонија во Флорида, Дејна Клејн ја посети Струга. На заедничка маса со претставниците од струшката општина разговараа за продлабочување на соработката на Струга и Корал Гејблс од Флорида. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека овие два града имаат убава заедничка иднина преку соработки во економијата, културата и други области.„Денеска ние сме тука со тимот на секторот за Локален економски развој на општина Струга. Ќе им ги предложиме сите можни проекти кои ние ги нудиме на инвеститорите, како домашни, така и...

Продолжи со читање

ДПМНЕ Струга-Нема промена на имиња на улици без Бадентер

Post Views: 1 ВМРО-ДПМНЕ од Струга ги сефтоса просториите на новиот општински комитет. Оттаму се огласи претседателот на струшкиот огранок, Перо Петкоски. Тој им порача на стружани дека имињата на улиците нема да бидат променети. Одлуката за промена на имињата на струшките улици  ги разбранува духовите на последната седница на советот на општина Струга, но Петкоски дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е категорично против било каква промена на имиња на улици, институции, плоштади. Велат законот и статутот на општина Струга се на нивна страна, но доколку таа промена сепак се случи, имаат и...

Продолжи со читање