Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 191 Завршена работната верзија на стратегијата за развој на туризмот во Охрид за периодот 2016-2020 година. Изминатиов период, локалната самоуправа во соработка со Swiss contact и ИМЕ програмата, како и сите чинители од областа на туризмот во градов, па и земјава работеа на подготовка на оваа стратегија за туризам по методологија препорачана од страна на Светската трговска организација и Европската комисија. Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој вели дека во наредниот период ќе се прават понатамошни анализи во однос на тоа дали треба нешто...
Лекот против акни, ДИАНЕ 35 кој сее страв во Европа, за Македонија е безбеден
Post Views: 1.220 Хормонскиот лек против акни, ДИАНЕ 35 кој сее страв во Европа, во Македонија е немоќен. Овој препарат кој во некои држави се препишувал и како контрацептивно средство, деновиве е ставен под сериозна опсервација во Франција, откако 5 девојчиња починале по употреба на истиот, додека една девојка во Хрватска одвај спасила жива глава откако добила тромбоза на раката. Но во Македонија, барем според Бирото за лекови, нема место за паника. Кај нас, лекот се користел исклучиво за својата намена.„Лекот ДИАНЕ 35 во Република Македонија не е регистриран како контрацептивен...
Честитка за 8ми март од градоначалникот Никола Бакрачески.
Post Views: 229 „Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8. март е прилика да се потсетиме и разгледаме колку далеку отишло македонското општество во напорите да се постигне родовата рамноправност. Исто така, овој ден би требало да биде прилика сите граѓани да се здружат, поврзат и мобилизираат за понатамошни конкретни општествени промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети припаднички на општеството.Во тие стремежи, сите жени и женски групи ги надминуваат националните граници и ги истакнуваат постигнатите резултати од напорите и настојувањето...
„Писма од земјата“-сатиричен поглед на општествените случувања
Post Views: 191 Нова премиера на Охридскиот народен театар. Станува збор за авторското дело на единствениот актер кој се појавува во неа, Никола Тодороски, а работена според раскази на Марк Твен. „Писма од земјата“ покрај охридската премиера, свое премиерно издание ќе доживее и во Софија, во соседна Бугарија. „Драго ми е да објавам уште една претстава, премиера, авторско дело на НИкола Тодороски, четврта премиера на Охридскиот театар во овој краток период, се работи за едно копродукциско дело, од познатиот автор Марк Твен, „Писма од земјата“, која ќе може да ја видите утре во 20...
Еднакви плати и можности за вработување на сите жени-најавија жените од СДСМ на осмомартовскиот марш
Post Views: 186 Еднакви права, еднакви плати, можности за вработување најавија жените од СДСМ на осмомартовскиот марш помагање на жените претприемачи, вработувања на жените од руралните средини, заштита на бремените жени, жените родилки, мајките со мали деца. Ова се мал дел од реформите и целите кои вчера беа истакнати на традиционалниот осмомартовски марш на жените од СДСМ. Голем број на жени членки и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз вчера маршираа низ охридските улици. „Од древниот Охрид го вперувам прстот кон секоја жена во Македонија и велам: „Ти си таа промена.“ Ајде...
Интензивно се работи на изградбата на пешачката патека во Оровник
Post Views: 179 Крајезерската пешачка патека во општина Дебрца полека го добива замислениот изглед. Градежните активности на терен се одвиваат засилено во овој период, изградени се потпорните ѕидови, а во моментот се работи на изведување на габионите односно ѕидови направени од метални кошеви исполнети со природен камен кои ќе треба да ја заштитат патеката. Реализацијата на оваа патека во с.Оровник, според градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски ќе значи една атракција не само за тамошните жители, туку и за сите љубители на водата. Трајкоски вели дека изведувањето на патеката...
Мирен протест на жителите на ул.Илинденска
Post Views: 223 Жителите на улицата Илинденска во стариот дел на градот денес излегоа на мирен протест. Тие го изразија своето незадоволство од одлуката на Дебарско кичевската епархија, по оградувањето на црквата Св.Софија да се заклучат двете метални порти, со кои просторот на летната сцена која ја користи фестивалот Охридско Лето целосно е непристапен. Жителите на Илинденска се жалат дека вакво нешто за прв пат се случува, односно дека со заклучувањето на овие порти се прекинува врската помеѓу улицата Илинденска и самиот брег на езерото, премин кој според нив постои најмалку...
Универзитетот Св.Апостол Павле ќе ја интензивира научната соработка со научен институт од Јапонија
Post Views: 185 Интензивирање на научната соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ и Институтот за наука и технологија од Нара-Јапонија. Ректорот на „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на Институтот за наука и технологија од Нара – проф. Наотаке Огасавара потпишале договор за соработка помеѓу двете институции. Договорот е потпишан во рамките на посетата на ректорот Марина на Институтот од Нара, а истиот предвидува интензивирање на научната соработка помеѓу институциите потписнички, особено во насока...
Дали локалната добива надомест за поставената урбана опрема на ул.Коста Абраш на самиот кеј?
Post Views: 188 Повторно поставена урбана опрема на улицата Коста Абраш на самиот кеј од езерото. Иако станува збор за површина намената за пешаци, на оваа локација особено во летниот период се поставуваат маси и столици од околните угостителски и хотелски објекти. Комуналната инспекција летово ова донекаде го регулираше со посебниот режим на сообраќај за тој дел од градот, а сега ќе утврдува дали поставената урбана опрема на улицата Коста Абраш на самиот кеј од езерото е поставена со дозвола на општината и дали за тоа се плаќа соодветен надомест. Портпаролот на општината, Томе...
Во Охрид многу малку се говори за аутизмот-наредната недела трибина на оваа тема
Post Views: 260 Евидентниот пораст на бројот на деца со аутизам во светски рамки, но и на ниво на Република Македонија се повеќе ја засилува потребата за подигнување на јавната свест за оваа состојба. Многу семејства во нашата земја за жал под превезот на интимата скришум се борат со аутизмот на нивното дете. Евиденција на децата со оваа состојба, барем во нашиот град нема. Според дефектологот Александра Апостолова која работи во дефектолошката служба при Општа болница Охрид, вели дека поради непостоењето на соработка помеѓу повеќе институции, често се губи и комуникацијата со...
Младите да бидат активни учесници во демократските процеси
Post Views: 187 Коалицијата на младински организации СЕГА ќе ги едуцира младите како правилно да го остварат своето право на глас на престојните локални избори. Оваа невладина организација во наредниот период, во осум поголеми градови, меѓу кои и Охрид, ќе се обрати директно кон младите во обид да се подигне нивната мотивација за учество на политичките избори, и остварување на нивното право на глас. Претседателот на СЕГА, Зоран Илиески, вели дека целта на овие едукативни сесии е да се поттикне критичното мислење на младите со цел тие да можат правилно да гласаат. „Факт е дека младите...
Охридската противпожарна единица одсега ќе наплаќа за дополнителни услуги по утврден ценовник
Post Views: 186 Територијалната противпожарна единица ќе наплаќа за вршење дополнителни услуги според утврден ценовник. Ова беше изгласано на последната седница на советот на општина Охрид на која се дискутираше по правилникот кој територијалната противпожарна единица го предложи до градските советници. Според него, единицата вршејќи ги дополнителните услуги, како обезбедување на концерти и слични други активности доколку оцени дека истото треба да биде фактурирано. Според Спасе Прентоски од ТППЕ, имале бројни случаи каде пожарникарите морале да обезбедуваат настани и концерти и...