Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Управувањето со отпадот на општината-најдискутирана тема од советниците на денешната седница

Post Views: 440 Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2016та година се чини беше точката која побуди најсериозен интерес и најопширна дискусија помеѓу градските советници на денешната 51 седница на Советот на општина Охрид. Немањето на регионална депонија што за жал постои веќе како децениски проблем на општината, како и дискусијата околу тоа дали на депонијата во Мауцкер сеуште се одлага отпад и дали е тоа само градежен или таму се одлага и комунален отпад беа само дел од темите кои ги покрена токму оваа предлог одлука која не доби зелено светло од градскиот...

Продолжи со читање

Бакрачески: Авио линијата Охрид-Белград преку аеродромот „Никола Тесла“ ќе не поврзе со многу дестинации

Post Views: 255 Можност за привлекување на уште поголем број на туристи од Србија, но и конекција со остатокот од светот доколку се оствари авио линијата Охрид-Белград. Ова се предвидувањата и очекувањата кои ги има локалната самоуправа по одржаната средба на делегација од општина Охрид предводена од градоначалникот Бакрачески и амбасадорката на Република Македонија во Србија, Вера Јовановска-Типко со генералниот директор на „Етихад“ групацијата односно „Ер Србија“, Дане Кондиќ. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој потенцира дека оваа средба дошла на иницијатива на...

Продолжи со читање

Спомен обележје и именување на улица за достојна почит на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Post Views: 283 Покрената иницијатива за именување на некоја од главните охридски улици со името на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков како и поставување на негово спомен обележје. Ова само како предвесник на денешното чествување на 108 годишнината од неговата херојска смрт за вечните македонски идеали. Претседателот на комисијата за одбележување на празници и манифестации, Дејан Паноски вели дека во реализацијата на оваа иницијатива ќе бидат вклучени историчарите, како и семејството на Бошњаков како би се донела најправилната одлука. „Во иницијативата е напоменато една од...

Продолжи со читање

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот бара најповолно решение за велосипедското поврзување помеѓу Охрид и Струга

Post Views: 293 Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во интензивна соработка со повеќе институции околу реализирањето на идејата за велосипедско поврзување на Охрид и Струга. Дека постои вистинска подготвеност да се реализира овој проект говори и фактот што оваа идеја односно проект е веќе дел и од програмата на Републичкиот совет за безбедност. Замислата е ова велосипедско поврзување помеѓу двата соседни града е да се направи по стариот пат Охрид-Струга. „Идејата е да се направи една коловозна лента, да се издвои, физички да се издвои, со соодветна сообраќајна...

Продолжи со читање

Заедно за спас на малечкиот Кирил

Post Views: 265 Да му помогнеме на малиот Кирил кој само што зачекори во животот мора да се бори со тешка болест. Ова единаесетмесечно бебе чиј татко Горан потекнува од Охрид боледува од многу редок тип на малигден тумор на левата хемисфера од големиот мозок. Неговото лекување чини помеѓу 70 и 90 илјади евра во зависност од ефективноста и начинот на лечењето. Средствата се итно потребни бидејќи лекувањето на малечкиот Кирил мора да започне наредната недела во Израел, а семејството Митрески кои моментално се наоѓаат во Киев, не можат сами да ги обезбедат овие средства. Горан и...

Продолжи со читање

Постои интерес за изградба на нови бродови кои ќе пловат по Охридското Езеро

Post Views: 316 Дали ќе станат реалност приватните замисли на наши сограѓани за изградба на нови бродови кои ќе пловат низ водите на езерото? Вакви идеи неофицијално се стигнати и до Капетанијата на пристаништата на Република Македонија од каде велат дека доколку истите се реализираат, тоа ќе значи можност на странските туристи да им се понуди една посеопфатна туристичка услуга. „Современите текови во туризмот го чинат своето. Во Охрид има се повеќе странски туристи на кои што треба да им се понуди не само услуга транспорт туку и да им се понуди една покомплексна услуга. Така...

Продолжи со читање

Шпански темперамент и македонска музикалност во едно

Post Views: 272 Од Мајорка, преку Барселона, до Охрид и Буково. Вака некако изгледа животната траекторија, на познатата шпанска музичарка со македонско потекло Маика Маковски. Таа деновиве беше во посета на нашата земја, и нејзините роднини во Охрид. Во Македонија, освен желбата да се види семејството ја донесе и работата. На неколку локации низ земјава, таа заедно со нејзиниот бенд снима видеа за нејзиниот најнов албум кој наскоро треба да доживее промоција. „Бевме во Скопје, во Маврово, сега во Охрид, Битола и Буково, тоа е малото село од каде потекнува татко ми, па потоа...

Продолжи со читање

Саботна авантура за љубителите на планината и природата

Post Views: 287 Саботна авантура за љубителите на природата, планината, прошетките. Екипата за спасување во планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид ќе ги поведе сите заинтересирани од Корита до Липова ливата на нашата прекрасна Галичица. Овој интересен настан се организира во рамки на одбележувањето на неделата за срцево-садови заболувања. „Јас би рекол дека интересна треба да биде за сите граѓани бидејќи е една рекреативна тура која што нема некои особени побарувања во физичка смисла од страна на посетителите. Можат буквалнно сите да дојдат на оваа тура,...

Продолжи со читање

Човечки фактор најверојатно причина за појавата на нафтената дамка наспроти Инекс

Post Views: 264 Нафтената дамка која се појави во тревната површина во непосредна близина на хотелот Инекс Горица најверојатно е причинета од човечки фактор. До вакви индиции дошол тимот на Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа, а во кое тело делуваат претставници од СВР Охрид, Центарот за управување со кризи и јавните претпријатија од градов. По добиена информација од загрижени граѓани, тимот уште вчера излегол на терен со цел да утврди дали нафтената дамка претставува потенцијална опасност за граѓаните и животната средина. Тие констатирале дека таква опасност...

Продолжи со читање

Сезонска работа и за социјалните случаи без да го загубат правото на надомест

Post Views: 340 Полесно ангажирање на сезонски работници со последните измени во Законот за работни односи. Овие измени, како што велат од Министерството за труд и социјална политика во исто време ќе обезбедат и полесен пристап до пазарот за труд за невработените, но и истовремено почитување на барањето на работодавачите за нивно полесно ангажирање. Главна цел на измените, според портпаролот на Министерството за труд и социјална политика, Давор Политов, е пред се ангажирање на корисници на социјална парична помош и обезбедување на посебна заштита на одделни категории на...

Продолжи со читање

Земјите од Балканот на заедничка школа за справување со тероризмот во Охрид

Post Views: 267 Земјите од Балканот разменуваат искуства и теоретски знаења за најдобрите методи за справување со глобалната закана тероризмот. Од вчера, па се до 19ти февруари повеќе од четириесетина учесници од десет различни земји ќе учествуваат на напредната школа за справување со заканата од тероризам во Југоисточна Европа. „Ова се високи претставници од разни институции од земјите во регионот, ќе придонесат за зајакнување на личните врски, за соработката помеѓу земјите во регионот бидејќи размената на информации е мошне значајна. Како што знаете Европа во последниве...

Продолжи со читање

Револуционерна стоматолошка алатка достапна во Охрид

Post Views: 420 Идентификација на кариес без штетните икс-зраци, идентификација на мали кариеси невидливи со други дијагностички методи, идентификација на кариеси под стари полнења кои што исто така не се видливи со други дијагностички методи, јасен мониторинг и јасни слики кои што секој може да ги разбере и да види која е неговата состојба. Ова се само дел од многуте можности кои ги нуди новата револуционерна стоматолошка алатка, Дијагнокам, дијагностичка камера за откривање на кариес. Оваа нова технологија веќе е присутна во Охрид и се применува во стоматолошкиот центар...

Продолжи со читање