Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Денес официјално доделени концесиите за стопански риболов

Post Views: 190 Концесиите за стопански риболов во Охридското и Дојранското Езеро, како и акумулацијата Шпилје, денес и официјално доделени. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денес ги врачи договорите за концесија. Носител на концесијата за стопански риболов во Охридското Езеро ќе биде ПАСТРМКА 2012, за Дојранското,  ФИШИЛАН ДООЕЛ – НОВ ДОЈРАН, додека за Шпилје концесијата им припадна на ЗЗ ОХРИДСКА ПАСТРМКА – СТРУГА. Начините и условите за користење се утврдени во риболовните услови. Во риболовните основи воедно е одредена и висината на финансисксите...

Продолжи со читање

Позната шпанска музичарка со македонски корени смета дека природните убавини на Охрид треба да останат недопрени

Post Views: 192 Ова е Маика Маковски, во Охрид и земјава малку позната, но во Шпанија сериозна и позната музичарка со долгогодишна кариера. Со Македонија ја поврзува долга приказна и корени кои пред само три години ги открила. Таа е половина Македонка, по потекло од Буково. Вели дека Охрид го памети по неверојатните природни убавини, недопрената дивина, уникатноста на местото. Кога слушнала за најавените проекти за изградба на монденски плажи, ски центри и останатите проекти долж Охридското крајбрежје била ужасната од помислата дека можеби следниот пат кога ќе дојде во нејзината...

Продолжи со читање

И локалната и граѓаните решението на проблемот со кучињата скитници го гледаат во изградба на стационар

Post Views: 180 Три месеци не делат од стартот на туристичката сезона. И ова лето по се изгледа во македонскиот туристички бисер по парковите, плоштадите, улиците ќе шетаат глутници бездомни кучиња. Решението на овој горлив проблем со години наназад се гледа во изградбата на стационарот за кучиња кој барем досега е само пуста желба на граѓаните. Веќе извесен период, без скоро никакви средства, со повремени донации од странци како и дел општински средства, активистите од здружението Анималиа се борат за изнаоѓање на најадекватното решение за проблемот со кучиња скитници, но хумано...

Продолжи со читање

Македонија со серија предлози за Грција, во однос на спорот за името

Post Views: 185 Со предлози кои варираат од отворање на нов граничен премин со Грција во Маркова нога, па до подготвеност за средби на највисоко политичко ниво, Република Македонија покажува активност пред генералното собрание на ОН во Септември. Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски вели дека целта на нашата земја е да се создаде што е можно поповолна клима во однос на спорот со Грција околу уставното име на Македонија. Попоски смета дека нашиот јужен сосед треба сериозно да пристапи кон македонските иницијативи, доколку се искрени нивните намери...

Продолжи со читање

Неиспочитувано решението за отстранување на поранешна летна тераса на угостителски објект

Post Views: 176 И покрај донесено решение од општинскиот инспекторат за отстранување на летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо, дрвената конструкција сеуште стои на истата локација. Поминаа два месеци откако инспекторатот усно и писмено го известил сопственикот на објектот дека истиот треба сам да ја отстрани конструкцијата. Кога ТВМ претходно известуваше на оваа тема, на крајот од минатата година, од општинскиот инспекторат, преку Одделението за односи со јавност при Локалната самоуправа, бевме информирани дека доколку сопственикот на објектот не постапи по решението...

Продолжи со читање

Чист Охрид со мисија да ја подигне јавната свест за чистотата во градов

Post Views: 185 Да се подигне свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина, што влијае и врз здравјето на луѓето. Ова е целта која пред себе си ја зацртале неуморните активисти на иницијативата „Чист Охрид“. После пет организирани акции во кои несебично чистеа отпад на локации во Воска, населбата Христо Узунов, околу музичкото училиште и градската болница, тие не покажуваат знаци на замор. Иако велат дека досега имале можност да видат многу отпад. „Најплодно би рекол дека беше чистењето на плажите во Воска, имаше секаков вид ѓубре, како тракторски гуми, чадори, столици...

Продолжи со читање

Панихида, свежо цвеќе и пригодна реч за ловороносецот Григор Прличев

Post Views: 191 Втор ден чествување на ликот и делото на најистакнатиот охридски поет, ловороносецот Григор Прличев. Денес во неговата спомен куќа претставници од локалната самоуправа, институциите од градов што го носат името на Прличев, родители и ученици уште еднаш се присетија на значењето на овој голем охридски деец. „Ќе не потсети дека системот на вредности се темели токму на личниот пример. Татко имаме еден, а таткојната е многу татковци. Мајка имаме една, а таткојната е илјадници мајка. Братја имаме пет или десет, а таткојната е неброени братја. Еден чоек што не си ја милвит...

Продолжи со читање

Глигор Стојковски годинешен лауреат за најдобра поема “Григор Прличев”

Post Views: 226 Поемата “Завет, јад”, со поднаслов “Кирил 1830, Кирил 2001”, е поетскиот восклик кој годинава на познатиот македонски новинар и публицист Глигор Стојковски му ја донесе престижната награда за најдобра поема за 2015та, “Григор Прличев”. Поемата говори за судбината на прекрасниот Лешочки манастир и едно име, великанот Кирил Печиновиќ кој го возобновува манастирот во 1830та, но и поетовата реакција кон претпоставеното однесување на владиката Кирил во чија надлежност беше манастирот за време неговото вандалско разурнување во 2001та...

Продолжи со читање

Интересна изложба и промоција на книга на дедо и внука

Post Views: 193 Балерини со фустани од хартија, кори од портокали, изрежаниот молив, еже и рипчиња од капачиња. Овој чуден спој креативно поместен на креациите и делата на малата Ана Томоска денес беше изложен за сите посетители на НУ Градска библиотека-„Григор Прличев“. Создавани во период од три месеци, третоодделенката Ана своето слободно време го користи на еден ваков креативен начин. „Нешто гледам и одма го правам од тоалетни кутивчиња, капачиња. Од тоалетните ги виткам со тафет папир и им ставам очи, ги правам како ликови.“-вели авторката на изложбата, Ана Томоска. Освен...

Продолжи со читање

Асфалтирање на ударните дупки и реконструкција на тротоарите на „АСНОМ“

Post Views: 189 Улицата „АСНОМ“, една од најдолгите улици во градов, годинава ќе помине само со крпење на ударните дупки. Жителите на оваа улица ќе мора да почекаат за нејзина целосна и темелна реконструкција по теркот на неодамна реконструираните „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“. „Во тековната 2016та година покрај предвидената реконструкција на тротоарските површини, планираме и крпење на ударните дупки долж улицата „АСНОМ“ во рамките на тендерот кој што се приготвува во одделението за јавни набавки за крпење на ударни дупки, прекопи и навлаки на улиците на територијата на Охрид, каде...

Продолжи со читање

Локалната ќе работи и на реконструкција на тротоарите долж Туристичка за заокружување на целината

Post Views: 186 Охриѓани ќе добијат современи пешачки и велосипедски зони со цел да се заокружи целината заедно со новите кружни текови. Портпаролот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Љупчо Танески вели дека вакви пешачки зони иако не било предвидено биле изградени и околу новите кружни текови. Со одлука на градоначалникот Бакрачески, ЈП Нискоградба ја добило задачата да ги изврши овие градежни активности. За да не постои разлика помеѓу старо и ново поставените бекатон плочки, Танески вели дека ќе се погрижат во проектот за реконструкција на тротоарите долж „Туристичка“.„Булеварот...

Продолжи со читање

Брачниот пар Ѓеорѓиески останува без покрив над главата

Post Views: 178 Денес е 1ви февруари, за нас само прв ден во месецот, но за Сашо и Гина Ѓеорѓиески, ова е денот кога треба да ги соберат оние малку работи кои ги поседуваат и да се иселат од станот каде досега живееја под кирија. Мора да заминат бидејќи немаат од каде да платат кирија, а веќе должат за неколку месеци наназад. Плинската боца со која се топлат полека догорува, кога ќе се потроши, ќе нема и на што да се топлат. Велат, сопственикот на станот им понудил да му платат половина од парите кои ги должат за кирија, но Сашо вели дека немаат ниту за половина. Сопругата му е...

Продолжи со читање