Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 7 Промена на обвинителниот акт за убиецот на младиот Димитар Матилоски, кој беше смртно претепан на новогодишната ноќ, бара неговото семејство. Тие сметаат дека им се прави голема неправда со тоа што охридското основно јавно обвинителство пред само неколку дена поднесе обвинителен акт против српскиот државјанин кој се товари за убиството во кој тој е обвинет само за убиство наместо за свирепо убиство. Сестрата на убиениот Димитар, Цветанка Матилоска-Пешиќ, вели дека тие се незадоволни од судско-медицинското вештачење кое било направено во Битола, а кое според нив...
Избрани трите најубаво украсени дворови во Охрид
Post Views: 9 Ова е дворот на Томе Матовски, еден од трите најубаво украсени дворови во Охрид, кои женскиот центар „Бисера“ традиционално секоја година ги избира по повод светскиот ден на екологијата, 5ти јуни. Годинава нема први, втори и трети места. Од женскиот центар „Бисера“ велат дека изборот е толку тесен што неблагодарно е тие да се рангираат. Дворот на Матовски е здружен труд на целото негово семејство. Тој вели дека потребна е посветеност, но и мерак да се уреди дворот по сопствен вкус.„Време секогаш има, ако сакаш да ти е убаво на душата кога седиш во дворот и...
Охриѓани не практикуваат прегледи кои би можеле да спречат појава на мозочен удар
Post Views: 3 Превенција на појавата на мозочен удар и неговите последици како најдобар начин на справување со оваа состојба. Третманот на пациентите кои доживеале мозочен удар кај нас сеуште не е оптимизиран, смета д-р Маја Божиновска-Смическа од Здружението „Мозочен удар“. Токму затоа, според неа е исклучително важно да се посвети многу внимание на превенирањето на појавата на мозочен удар. Тие денес организираа превентивни прегледи за сите охриѓани, правеа ЕКГ, мереа крвен притисок и шеќер во крвта на сите заинтересирани кои сакаа да дознаат нешто повеќе за нивните...
Меѓугенерациска и мултиетничка средба во ОУ „Братство Единство“
Post Views: 11 Старите и младите на заедничка дружба. Денес во просториите на основното училиште „Братство Единство“ се одржа меѓугенерациска и мултиетничка средба помеѓу учениците од ова училиште, нивни родители, како и пензионерите од Здружението од Охрид и Дебрца. Покрај средбата на која и млади и стари си поставуваа меѓусебно прашања, разговараа и се дружеа, беше подготвена и богата програма. Се пееја песни, имаше и рецитали и настап на училишниот оркестар. Оваа прва средба од ваков вид ја поздрави директорот на училиштето Муамер Доко. „Баш ми е мило да ве поздравам во име...
Дениците донираа лап топ компјутери и таблети за децата со оштетен вид во ОУ „Братство Единство“
Post Views: 5 Шест дечиња од ОУ „Братство Единство“ кои имаат оштетен вид денес добија вредна и значајна донација од лајонс клубот Деница. Тие денес им доделија два лап топ компјутери и четири таблети кои ќе им користат во образовниот процес и кои треба да им помогнат во полесно совладување на наставните содржини. Дениците велат дека им требала соработка со многу луѓе за денешната донација да се случи како што треба, токму затоа два месеци биле во постојани контакти со претставници на ОУ „Братство Единство“ како овие лап топ компјутери и таблети би отишле во вистинските...
Поголема внимателност кај граѓаните за спречување на појава на пожари
Post Views: 10 Граѓаните да покажат посовесно однесување особено во летните месеци за што е можно поголема превенција од пожари. Од територијалната противпожарна единица од Охрид велат дека барем засега постои тренд на намалување на бројот на интервенции во споредба со минатата година. Охридските пожарникари досега интервенирале 104 пати и тоа 60 од интервенциите биле на објекти, 37 биле на отворен простор и 7 на моторни возила. Сепак, за да се задржи трендот, командирот на ТППЕ од Охрид, Спасе Прентоски, вели дека граѓаните мора да бидат многу повнимателни во своето...
Охриѓани со бурни реакции по вчера поднесениот обвинителен акт убиството на младиот Димитар
Post Views: 5 Бурни реакции меѓу охриѓани, особено на социјалните мрежи, по вчерашното соопштение на основното јавно обвинителство од Охрид дека е поднесен обвинителен акт за сторено кривично дело „убиство“ против српскиот државјанин, кој на новогодишната ноќ пред кафе барот “Табана“ смртно претепа 27 годишен охриѓанец. Реакциите на граѓаните произлегуваат од самото дело за кое се товари странскиот државјанин „убиство“, а не она што јавноста го очекуваше, дека истиот ќе одговара за сторено кривично дело „свирепо убиство“. Телевизија ТВМ се обрати најпрво до основното...
Поголемо трпение кај наставниците за децата со дислексија
Post Views: 12 Потешкотии во читањето, често пишување на буквите наопаку како да се гледаат во огледало, неможност за следење на секвенци, решавање на математички задачи, а во исто време во најголем дел се работи за деца со натпросечна интелегенција. Ова се само дел од најпрепознатливите симптоми на состојбата наречена дислексија. Иако за неа не постојат направени истражувања во земјава за тоа колкав број од децата се носители на оваа состојба, сепак според помали истражувања направени на ниво на град Скопје, во средните училишта, се дошло до релативна бројка од 17 проценти од...