Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Ракометарот Иван Тасески избран за најдобар спортист за 2015та година

Post Views: 173 Сојузот на спортови на Охрид ги избра најрепрезентативните спортисти за 2015та година. Со неговите одлични настапи за ракометниот клуб “Охрид 2013”, наградата најдобар спортист за 2015та година ја доби ракометарот Иван Тасески кој заедно со неговите соиграчи и стручниот штаб годинава бележат историски успеси во најсилната ракометна лига во земјава. Атлетичарката Мартина Мироска пак беше избрана за најуспешна спортистка за годинава што изминува. Доминацијата на РК Охрид 2013 се чини беше неизбежна, па така нашите гладијатори го добија и признанието за...

Продолжи со читање

Накитена подводната елка

Post Views: 178 Нуркачите од Амфора ја накитија подводната новогодишна елка. Овој веќе традиционален и необичен настан годинава се случува по четиринаесетти пат, а локацијата како и секоја година беше Заливот на коските кај Градиште. По поставувањето и китењето на елката, нуркачите традиционално наздравија со подводно пиење на шампањско. Настанот на китење на подводната елка има огромно значење за промоцијата на Охрид, езерото како и Заливот на коските каде истата традиционално се поставува под вода. Инаку подвдводната елка како  една своевидна атракција за новогодишните празници,...

Продолжи со читање

Дигиталните панорамски снимки на забите-важна дијагностичка алатка за стоматолозите

Post Views: 286 Дигиталните панорамски снимки на забите клучен елемент во поставувањето на точна стоматолошка дијагноза. во ерата на дигиталната револуција, дигиталната панорама според стоматолозите е навистина дострел во стоматологијата. Правилната дијагноза според д-р Емилија Стојаноска до стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” овозможува за правилен избор на третман и примена на правилна терапија а со тоа и постигнување на крајната цел на излекување на пациентот. Предностите на дигиталната панорама според д-р Стојаноска се бројни. Од неограничен број на снимања поради...

Продолжи со читање

49 години постоење на ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски”

Post Views: 227 49 години успешна работа, надоградување и создавање на стручни и оспособени кадри. Електромашинскиот училишен центар “Св.Наум Охридски” синоќа го одбележа овој прекрасен јубилеј и својот патронен празник. Учениците и професорите на висина на задачата и во духот на образовните можности кои ги нуди центарот, беа презентирани сите образовни профили, па така можеше да се видат светилки во бои кои пулсираат во ритамот на музиката, демонстрација на машински автоматизирани делови, светилки кои се палат автоматски, па се до шминкање, правење фризури и масажи...

Продолжи со читање

Дружба, разговор и свечен ручек за лицата со посебни потреби од Охрид и Струга

Post Views: 227 Дружба, разговор, смеа и празнична атмосфера. Штитениците од здруженијата на лица со посебни потреби од секаков вид од Охрид и Струга денес на предновогодишен ручек во хотелот Даљан. Одговорните лица од здруженијата велат дека целта им е за своите штитеници да почувствуваат предновогодишна атмосфера и да се почувствуваат како подеднакво значаен дел од општеството.“Ги тргаме од нивната секојдневност, да направиме нешто за нив да се почувствуваат рамноправни граѓани, да почувствуваат дека на нив се обрнува внимание, да почувствуваат дека ни претстои некој голем...

Продолжи со читање

Изградбата на градската марина повторно се актуелизира-објавен јавен оглас за идејни решенија

Post Views: 152 Министерството за транспорт и врски објави јавниот оглас за прибирање на идејни решенија за изградба на градската марина во Охрид. Во огласот, Министерството бара идејни решенија за двете можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Капетанот на Капетанијата на пристаништата на Република Македонија, Горан Устијаноски, кој воедно е член и на жири комисијата која ќе ги оценува идејните решенија кои ќе пристигнат на конкурсот...

Продолжи со читање

Да се создаде магичен свет за децата во училниците за да се поттикне нивната креативност

Post Views: 170 Наместо само празно теоретско учење, повеќе практични примери и создавање на креативна атмосфера и опкружување за поттикнување на најдоброто во децата. Потребно е вклучување не само на професорите и децата, туку и на родителите како би се создала и одржувала таа креативна атмосфера, смета Весела Богдановиќ, една од најдобрите педесет наставници во светски рамки. Според неа, многу е важно сите инволвирани страни да разберат колку многу може да се постигне со малку вложен труд. Едно избоено столче, прозорец, разубавена училница може да стори многу во насока на поттикнување...

Продолжи со читање

Античката игра “ГО” за прв пат и во Охрид

Post Views: 174 Неверојатни работи низ вековите доаѓале од Кина и се ширеле низ целиот свет. Една од моментално најинтересните е и нивната античка мисловна игра “Веичи”, која има и свое јапонско име “ГО” како и корејско кое гласи “Бадук”. Оваа фантастична игра, се игра и во нашиот град. Станува збор за мисловна игра налик на шахот, а самото нејзино име во буквален превод значи игра со обиколување. Филип и Анастазија Паскали се охриѓаните кои се обидуваат не само да ја запознаат јавноста со оваа игра, туку и да ја популаризираат. А бидејќи истата...

Продолжи со читање

Младите од Охрид учеа како да препознаваат говор на омраза

Post Views: 169 Како да се препознае и како да се реагира на говорот на омраза. Ова е една од целите на денешната обука на која младите од различни етнички заедници, невладини организации, политички подмладоци, училишта, деца правобранители од градов добија теоретски и практични знаења како да се справуваат со оваа за жал се позачестена појава. Според обучувачот против говор на омраза од Младински совет Охрид, Вахид Мемед, говорот на омраза кај секој млад човек е всаден од мали нозе.  “Тоа е и важноста од оваа обука, денеска покрај теорија ќе имаме и неколку практични вежби,...

Продолжи со читање

Родовата рамноправност далеку од реалност

Post Views: 165 Помала плата на иста позиција во споредба со мажи на истата работна позиција, не постоење на еднаков третман и еднакви можности за кариерен развој, непостоење на разбирање за влијанието на мајчинството врз работните обврски….листата е долга за жал на права кои жените на хартија ги имаат, но во реалност не ги уживаат. Се прават чекори кон тоа и има одредени подобрувања, но родовата еднаквост според Гордана Коњановска, претседател на Советот на општина Охрид сеуште не е реалност, не само кај нас туку и во светот. Таа вели дека е факт дека жените можат подеднакво...

Продолжи со читање

Урбана опрема без дозвола урузпира јавен простор

Post Views: 172 Летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо, на спојката помеѓу улиците Цар Самоил и Коста Абраш повеќе од година дена не работи, но урбаната опрема сеуште на истата локација. Овој факт недвосмислено го наметнува прашањето дали локалната самоуправа добива некаков надомест за поставената урбана опрема од сопственикот на истата со оглед на тоа што просторот е узурпиран иако објектот веќе не работи. Дрвената конструкција оградена со најлони служеше како летна тераса до пред околу две години за потребите на угостителскиот објект Де Лаго , кој пак беше сместен...

Продолжи со читање

Петардите сеуште сериозна опасност за најмладите-СВР со превентивни акции

Post Views: 185 Живеј го животот без петарди, купи подарок-не петарди, петардите се нашите непријатели…Ова се само мал дел од многуте пораки кои денес ги испратија учениците од охридските основни училишта, како едно предупредување до своите врсници, но и до нивните родители за опасностите од злоупотребата на нелегалните пиротехнички средства. Тие рекоа дека научиле за страшните последици од употребата на петардите и токму затоа сакаат да испратат вакви силни пораки. “Ние за петардите научивме дека се многу опасни, можат да влијаат врз нашето тело, како повреди на рака,...

Продолжи со читање