Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 277 Викендов на кејот на реката Црн Дрим во Струга се одржа Државното првенство за кадети и јуниори во организација на Македонската Риболовна Федерација. На натпреварот во ловење риба со пливка, учествуваа 4 екипи на кадети, кои се натпреваруваа екипно и поединечно, 9 јуниори кои се натпреваруваа поединечно и една кадетска екипа на девојчиња, кои имаа настап од ревијален карактер. Во кадетска конкуренција, поединечно, првото место го освои Илија Рупев од Св.Стефан од Охрид, второ место го освои Еми Трендафилова од екипата на Професионал од Велес, а третото место припадна...
Ќе се градат објекти од тешка и загадувачка индустрија во Долна Белица
Post Views: 407 Ќе се градат објекти од тешка и загадувачка индустрија во Долна Белица-Струга. Општина Струга објави оглас за продажба на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија со вкупна површина на градежната парцела од 59.875 метри квадратни. Во делот од огласот кој се однесува на намената на земјиштето, стои ознаката Г1-тешка и загадувачка индустрија. Според правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање на Министерството за транспорт и врски, во оваа група спаѓаат сите видови индустриски погони кои имаат големи енергетски барања, голем промет...
Балканските земји, привлечна дестинација за туристите од Далечниот Исток и Индија
Post Views: 417 Кружни тури за туристи од Далечниот Исток наскоро се очекуваат и на македонскиот туристички пазар. Според Емил Димитровски, член на Управниот одбор на Стопанската комора за туризам, во наредниот период, европските дестинации ќе бидат повеќе барани, за разлика од дестинациите на Блискиот Исток. Тој смета дека во 2016та пред се ќе има интерес за турите на Јадранско и Егејско Море, Грција, Италија и Шпанија. Што се однесува до Балканот, Димитровски вели дека се поактуелни ќе стануваат кружните тури за туристите од Далечниот Исток, Јапонија, Кореа и Индија, за кои тој...
Синот на почината пациентка застрела доктор во Скопскиот клинички центар
Post Views: 266 Револтиран син на пациентка која била лекувана на клиниката, со огнено оружје влегол во болницата и пукал кон 39 годишниот хирург. Причина за ваквата реакција на напаѓачот било тоа што неговата мајка која била лекувана и оперирана, починала на одделението за дигестивна хирургија. Овој инцидент предизвика низа реакции кај целокупната јавност, и во реалноста и на социјалните мрежи. Први се огласија лекарите од клиничкиот центар, кои веднаш по инцидентот ги откажаа прегледите и операциите, за подоцна нивниот став да го сублимираат во барање за оставка на Министерот...
Борците од НОБ се сеќаваат на судбоносниот 9ти мај 1945та и победата над фашизмот
Post Views: 420 Струшките борци се присетија на судбоносните настани од 9ти мај 1945та година и радосната вест за победата над фашизмот. Денес, тие, заедно со претставници од политичките партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, положија свежо цвеќе пред „Споменикот на револуцијата“ во Струга, а пригодна реч одржа и претседателот на сојузот на борци и граѓани продолжувачи од Струга, Ајредин Мемеди. Дел од свеченоста беше и еден од малкуте живи сведоци на последните денови од фашистичката окупација, борецот Илија Балоски. Тој за ТВМ раскажа како утрото, на 9ти мај, бидејќи бил дежурен офицер, тој...
Институтот за комуникациски студии ги отвори вратите за идните магистри
Post Views: 371 40 студенти ќе добијат можност да запишат магистерски студии по Менаџирање на стратегиски комуникации во рамки на Институтот за комуникациски студии од Скопје. На распишаниот конкурс за запишување на магистерски студии институтот нуди едногодишна и двегодишна студиска програма. Според менаџментот на овој институт, ова е одлична можност за постдипломците да стекнат комуникациски и лидерски способности благодарение на знаењата на реномираните професори, истражувачи и професионалци кои им го пренесуваат своето знаење. Управување со стратегиски комуникации, интегриран...
Млади архитекти од цела Европа ќе работат на нов изглед на градскиот плоштад во Струга
Post Views: 416 Нов архитектонски изглед на градот на мостовите, соседна Струга. Петнаесетина млади студенти по архитектура, архитекти и дизајнери во наредните дваесет дена ќе работат на осмислување на нови урбани решенија за градскиот плоштад и воопшто централното градско подрачје во Струга. Според студентот од Техничкиот универзитет во Виена, Гоце Чавкоски, една од главните цели на проектот „Градот кој никогаш не спие“ е да се дојде до архитектонско решение со кое сите граѓани ќе се задоволни и во чие создавање сите граѓани ќе учествуваат. „Треба да придонесеме и да дадеме еден...
Организирање на конгреси, и воведување на новитети за гостите со цел продолжување на туристичката сезона
Post Views: 235 Април, мај, јуни, септември и октомври традиционални месеци за организирање на конгреси и семинари. Конгресниот туризам според хотелиерите, нуди одлична можност за продолжување на летната туристичка сезона. Менаџерот на хотелот „Дрим“ од Струга, Ана Јанчева-Дудановска, вели дека се задоволни од резултатите кои се остваруваат преку организирањето на големи конгреси и семинари, но додава дека најголем бенефит од конгресниот туризам би се почувствувал доколку истиот би се практикувал во текот на зимските месеци кога според неа ретко и да има било каков туризам на охридско-струшкото...
Аранжманите за католички Велигден поминуваат незабележливо-очекуваните гости се оние традиционалните
Post Views: 243 На прагот на престојната туристичка сезона, но и на двата големи христијански празници, католички и православен Велигден, хотелските капацитети се постепено се исполнуваат. Хотелиерите коментираат дека за разлика од минатите години, овие верски празници во однос на туристите минуваат помалку незабележливо. Ана Јанчева-Дудановска, менаџер во хотел Дрим од Струга, вели дека веќе започнуваат со аранжмани за престојната летна туристичка сезона.„За разлика од минатите години, некако многу помалку за католички Велигден. Очекуваме гости, да, во голем број Турци, ама реално...
Пронајдени и одземени рибарски мрежи и 28 парчиња Охридска белвица
Post Views: 285 На 19-ти овој месец, во близина на населбата Калишта на струшкото крајбрежје, на околу 300 метри од брегот на езерото, биле пронајдени четири несоодветно обележани рибарски мрежи со должина од по 50 метри кои немале соодветен жиг од Државниот инспекторат за земјоделие. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица. По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта, пронашла уште дванаесет...
Македонка во ЛУВР
Post Views: 615 Фотографијата на рам меморија на македонката Анита Палческа дел од дигиталната изложба на фотографии во Лувр на 13ти јули. Нејзината фотографија беше избрана од жири комисија помеѓу илјадници други фотографии од професионалци и аматери фотографи од 191 земја од светот. Рам меморијата на Палческа воедно се натпреварува и за наградата „Експозиција“ организирана од интернет организацијата Си.Ми од Њу Јорк. Палческа на овој натпревар се пријавила со своето портфолио на тек фотографии.„Фотографијата ми е хоби. Ова мое дело, макро тек фотографијата, не им е позната на...
Стружанецот Никола Јанкоски прв до светиот крст во Струга
Post Views: 421 Еден од најголемите верски празници, Богојавление – Водици, денес масовно беше одбележан и во Струга.Илјадници верници од раните утрински часови се упатија кон најстариот храм Свети Ѓорѓија во Струга на Богојавленска утринската литургија. Од таму, црковната поворка се упати кон мостот на реката Црн Дрим каде двете страни на реката беа претесни да ги соберат илијадниците верници. Најголема среќа годинава имаше стружанецот Никола Јанкоски кој рече дека како дете скокал пет пати, а последниве години три пати скокал со намера да го фати светиот крст и годинава, за прв...