Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Прегрни ја реткоста, прегрни за Гинис

Post Views: 9 Како поинаку да се прати порака освен со искрена прегратка. Токму ова е начинот на кој трите балкански алијанси за ретки болести, македонската, хрватската и српската, годинава ќе го одбележат светскиот ден на лицата со ретки болести, 29ти февруари. Во еднонеделната кампања, насловена како „Прегрни ја реткоста, прегрни за Гинис“ ќе се подига свеста кај луѓето, јавната и стручна, за тоа со какви предизвици се соочуваат сите лица кои боледуваат од некоја ретка болест. Сето ова ќе се прави како што вели и акцијата преку рушење на рекордот во Гинис за онлајн албум со...

Продолжи со читање

Прв кајакарско-веслачки маратон од Струга до Охрид

Post Views: 8 Мирно езеро и летни температури за прекрасен почеток на една убава традиција. Денес во водите на Охридското езеро, на 11 километри долгата патека од пред хотелот Дрим во Струга, па се до Канео во Охрид се одржа првиот воопшто кајакарско-веслачки маратон. Задоволството од неговата успешна реализација забележлива и кај организаторите и кај учесниците. Еден од нив, беше и Никола Џутески кој извесла до второто место на подиумот, веднаш за првопласираниот Константин Дејкоски, и двајцата од кајак-кану клубот “Црн Дрим” од Струга. „Не беше многу напорно,...

Продолжи со читање

Бојкот на првиот час и скратени часови во основните училишта во Струга

Post Views: 9 Без струја, со рачно ѕвоно кое го означува почетокот на часовите, без неопходните компјутери и интернет конекција потребни за функционирањето на училиштата. Струшките основни училишта продолжуваат со функционирање во овие отежнати услови. Основците од „Браќа Миладиновци“ според најавеното денес го бојкотираа првиот час од наставата, додека останатите часови ги држеа скратено со цел да се заврши пред да падне првиот мрак и со тоа да изчезне и последната надеж за нормална настава. Од таму велат дека се надеваат на скоро решавање на проблемот. Слична ситуацијата и...

Продолжи со читање

Фондот за здравство отвора аптекарска станица во струшкото село Ливада

Post Views: 6 Фондот за здравствено осигурување отвора аптекарска станица во струшкото село Ливада. Според зборовите на директорот на Фондот, Сашо Стефаноски оваа аптекарска станица со работа ќе започне од 1ви октомври со што жителите на ова населено место ќе имаат можност токму во местото каде што живеат да си ги набават потребните лекови. „Со овој проект, со проектот „Аптекарски станици“ заедно со Министерството за здравство се трудиме да ја доближиме достапноста на лекови до граѓаните кои живеат во руралните средини. До овој момент се отворени 66 аптекарски станици кои...

Продолжи со читање

Зголемен број на туристи во земјава во однос на минатата година

Post Views: 8 Според податоците на Државниот завод за статистика, туризмот, на ниво на Македонија, минатата 2015та година, во периодот јануари-декември, бележи пораст во однос на истиот период од 2014година. Бројот на туристите е зголемен за 10.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.5%, а кај странските има зголемување за 14.2%. И бројот на ноќевања е зголемен за 9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 12,3%. Бројот на туристите само во месец декември 2015 година изнесува 40 333 туристи, а бројот на ноќевањата...

Продолжи со читање

Заев: „Ако на 15ти септември нема специјален јавен обвинител за да му ги предадеме материјалите, бомбите продолжуваат“

Post Views: 8 Лидерот на најголемата опозициона партија, Зоран Заев денес со детали околу преговорите во рамки на работните групи кои во моментот се обидуваат да се договорат околу прашањето за специјалниот јавен обвинител. Во рамки на посетата на Струга и струшкиот регион, Заев изјави дека како политичка партија се отворени комплетно да ги поддржат сите процеси кои ќе доведат до демократизирање на институциите во Македонија.  Според него, нема гаранции дека до 15ти Септември до кога е крајниот рок за формирање на институцијата специјален јавен обвинител, истиот ќе биде...

Продолжи со читање

Фотографија, музика, рачни изработки на третиот фестивал за алтернативна култура Дримон

Post Views: 18 Изложби, музички, театарски, поетски перформанси, претстави, интересни работилници, танц. Листата е долга, има за секого по нешто. Третиот по ред фестивал Дримон уште еднаш понуди алтернативно културно уживање за стружани и сите посетители. „На мускули“, е годинешното мотото на фестивалот „Дримон“ но тоа не е само мото, туку и тажната реалност со која организаторите на овој исклучителен фестивал се соочуваат од година во година. Велат дека за нив ова е слатка тешкотија, но помошта би била добредојдена. Даваат пари од својот џеб за на мускули да истуркаат уште...

Продолжи со читање

Постабилна финансиска основа за медиуми независни од политичките субјекти

Post Views: 11 Поголем дијалог и поопширна дискусија во јавноста за изнаоѓање на адекватни решенија кои ќе обезбедат независност на медиумите од политиката. Слабата финансиска основа на медиумите, според политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети е една од причините зошто медиумите подлегнуваат на манипулации од страна на моќните финансиски кругови, а во однос на политиката. Мехмети вели дека едно од решенијата за моменталната ситуација во која се наоѓаат медиумите е изнаоѓање на форма како медиумите да имаат стабилна финансиска основа од каде би можеле да ја црпат својата...

Продолжи со читање