Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Прекрасни етно специјалитети на вештите жени за хумана цел

Post Views: 216 Ѓомлезе, плашица, јагула, и разни други етно специјалитети приготвени за еден хуман гест. Вештите жени од 22 градови од земјава секој од својот крај ги презентираа традиционалните етно јадења, а за кои беше лицитирано. Собраните средства ќе се донираат за децата со посебни потреби токму од овие 22 градови во кои се одржуваше манифестацијата “Етно Вешта жена”. Снежана Стојаноска, претседателка на здружението “Вешта жена на Република Македонија” вели дека семејството е столбот за сите работи, па оттука предновогодишните забави кои тие ќе ги...

Продолжи со читање

Директорот на Општа болница со демант на изнесените обвинувања на пресот на СДСМ

Post Views: 171 Директорот на Општа болница со демант на изнесените обвинувања на пресот на СДСМ. Според Арнаудов, пресот на СДСМ е политички инструиран и дека граѓаните знаат дека ситуацијата во болницата не е таква каква што било изнесено на нивната прес конференција. “Сето тоа е лага, господинот кој го даде пресот сакам да го прашам кога последен пат дојде во болницата и да види каква е ситуацијата, и не е убаво да се слушаат низ градот мислења па од тоа да се носат заклучоци кои не се издржани јас можам најодговорно да кажам дека максимално водам грижа за развојот и одржувањето...

Продолжи со читање

О.О на СДСМ обвинува дека нема греење во неколку одделенија на Општа болница

Post Views: 162 Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското одделение нема греење-обвинија денес од општинската организација на СДСМ од Охрид. Портпаролот на охридските социјалдемократи, Александар Кузески вели дека хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направиле во здравството, според нив се случува и во Општата болница Охрид.  “Во ек на ниски температури, пацинетите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат...

Продолжи со читање

Охриѓани на кафе муабет за една хумана мисија

Post Views: 191 Секој пијалок-мала помош но со големо значење. Денес охриѓани на кафе муабет во кафе барот Аквариус со една хумана цел. Втора година со ред, познатите личности од градов, со келнерските и шанкерските способности кои ги стекнаа на минатогодишната хуманитарна акција, вооружени со насмевка и ведрина дадоа свој придонес за помош на оине на кои тоа им е потребно.  “Секое патување почнува со првиот чекор. Се надеваме дека ќе прерасне во традиција, тоа е наша желба и интенција е да се повторуваат и да се множат вакви настани. Еве како што гледате, хуманитарниот карактер...

Продолжи со читање

Дневниот центар “Зраци” со признание за сите помагатели на нивните штитеници

Post Views: 170 Топла насмевка, љубопитни прашања, мала закуска и пријателски пречек од штитениците на дневниот центар “Зраци” за сите донатори и помагачи на овој центар. По повод Меѓународниот ден на лицата со интелектуална попреченост, луѓето од Зраци организираа мала свеченост како би можеле во рамките на своите можности и официјално да се заблагодарат на сите добротвори кои во изминатиот период со својата несебичност помогнале за подобро функционирање на центарот. Не намалувајќи го значењето на секоја една добиена донација, од Центарот Зраци велат дека за нив навистина...

Продолжи со читање

Охридските инвалиди на трудот разговараа за нивните секојдневни предизвици

Post Views: 163 Помагање во подобрување на законската регулатива, подобра заштита и помош на семејствата на лица кои се трудови инвалиди. Ова се само дел од целите и заложбите на охридското здружение на инвалиди на трудот со цел унапредување на правата на трудовите инвалиди. Претседателот на ова здружение, Климо Димоски вели дека она што е особено значајно за нив е ефектуирање и ставање во пракса на законите кои постојат за заштита на нивните права. “Настојуваме комплетно да ги заштитиме сите инвалиди, нормално не сакајќи да има нови инвалиди, но кога веќе ќе настане инвалидно...

Продолжи со читање

И охридските судски службеници на штрајк

Post Views: 186 Судските административци од охридскиот суд се приклучија на предупредувачкиот штрајк на своите колеги од останатите судови во Република Македонија, а како резултат на растечкото незадоволство од измените во Законот за судска служба кои се на сила од февруари годинава. Судската администрација бара отпочнување на постапка за измена на овој закон бидејќи според нив истиот е дискриминирачки, ја деградира професионалноста на кадрите барајќи доказ за познавања на странски јазици и компјутерско работење, потоа непостоење на одредби за додаток на плата за кариера на судските...

Продолжи со читање

Повозрасните жители на Дебрца во подобра здравствена кондиција од нивните врсници во градот

Post Views: 163 Повозрасните наши сограѓани од општина Дебрца, во подобра кондиција од оние во градот и со помала веројатност за срцеви и мозочни заболувања. Ова го покажаа резултатите од денешните превентивни прегледи кои Црвениот крст од Охрид ги спроведе во општина Дебрца, заедно со претставници од Здружението „Мозочен удар“ од Охрид и од Клиниката за кардиологија односно Центарот за аритмии од Скопје. ЕКГ, притисок, шеќер во крвта, ова се превентивните прегледи кои денес беа спроведени во село Белчишта и во домашни услови во Лешани и Велмеј кај лицата кои не биле во можност...

Продолжи со читање

Панчевски: Законот за легализација на дивоградби-надеж за акционерите во Отекс дека ќе дојдат до својот капитал

Post Views: 165 Капитал во вредност од 12 милиони евра е тековната состојба во акционерското друштво “Отекс”, охридскиот конфекциски гигант кој сеуште постои како фирма, но нема органи на управа, според адвокатот на акционерите, Игнат Панчевски. На состанокот кој тој го одржа со сите засегнати акционери кои се обидуваат да дознаат што се случува со капиталот, односно акциите кои тие ги поседуваат во некогашниот гигант, тие беа информирани за моменталната состојба која Панчевски ја открил, а врз основа на податоци за кои тој вели дека се добиени од Централниот регистар....

Продолжи со читање

Формирање мали еко заедници за враќање на младите во селските средини

Post Views: 173 Дали новите генерации се на прагот да ја започнат револуцијата на враќање на младите во селските средини и да живеат од земјата? Многу македонски села изминативе децении останаа опустошени од внатрешните миграции и беа избришани од колективната меморија. Сепак, идејата сами да ја произведуваат храната што ја јадат, да бидат во допир со природата, а во исто време и да заработуваат за живот работејќи ја својата професија, но и да го избегнат стресот и безработицата во градовите, станува се попривлечна за младите во земјава. Ентузијазмот кој го чувствуваат помладите...

Продолжи со читање

Малите охридски танцови волшебници од Соната, вистински хит на најмасовниот Денс фест-Србија

Post Views: 140 Танчерите од охридското студио Соната вистински хит на едно од најголемите натпреварувања во танц во Источна Европа, Денс фест Нови Сад. Тие за прв пат земаат учество на овој масовен натпревар и со своето кратко искуство што го имаат, но со полната енергија со која работат успеале да се покажат како едни од најдобрите балкански клубови за танц. Даниел Наумовски, од Соната денс клубот вели дека се чувствуваат навистина горди што успеале да се натпреваруваат со некои од најдобрите клубови од европа, да се појават на огромната сцена во Нови Сад и притоа и да се вратат...

Продолжи со читање

Охридските гејмери конечно добија место каде ќе можат да тренираат по светски стандарди

Post Views: 202 Добра компјутерска конфигурација и супер брза интернет конекција е сонот на секој гејмер кој сериозно се занимава со некој електронски спорт. Охридските гејмери веќе не мора да сонуваат. Тие од вчера го имаат првиот гејминг центар во кој можат да тренираат напорно и да стигнат до самиот врв на електронските игри во светски рамки. Нашата најпозната counter strike дружина која жари и пали на светските гејмерски турнири, момците од Entity, го создадоа она што според нив им недостигало додека тие го граделе својот пат до успехот во електронските спортови. Јован Каланоски,...

Продолжи со читање