Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Охриѓани чествуваат 71 година слободен Охрид

Post Views: 179 Наша света должност е да ја сочуваме тешко стекнатата слобода…Пред нас и генерациите по нас ќе стои одговорноста да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста. Ова се пораките кои силно одекнаа денес на свечената седница по повод 71 година слободен Охрид. Борци, поддржувачи, претставници од политички партии, локалната самоуправа, јавните претпријатија и граѓани денес најпрво со положување свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци, а потоа и со пригодна свеченост, им оддадоа достојна почит на оние чија заслуга е...

Продолжи со читање

Германскиот гигант Костал, денес потпиша договор со кој ја официјализираше најавената инвестиција во ТИРЗ Струга

Post Views: 188 Германскиот гигант Костал денес го потпиша договорот со кој официјално ја потврди инвестицијата во технолошко-индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга. Оваа 50 милиони вредна инвестиција треба да овозможи вработување на 1000 нови работни места. Охридскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека денес го оствариле ветувањето дадено минатата пролет за оваа втора голема инвестиција во Охридско-струшкиот регион. „Ќе се отворат работни места за повеќе видови на струки и квалификации и со средно и со високо образование, значи практично...

Продолжи со читање

По Нова Година, Охрид ќе има модерно и економично осветлување

Post Views: 149 Проблемите со јавното осветлување ќе бидат целосно надминати по Нова Година-најавуваат од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Од таму информираат дека веќе е започнат процесот на промена на обичните сијалици од уличното осветлување со новите, лед, економични светилки. Во првата фаза од процесот на промена на уличните светилки предвидено е да се опфатат местата како Сирула, Оровник, Вапила, Ливоишта, Куратица, Рамне, Велестово и Рача. Во моментот се работи на поголемите населени места, Лескоец и Велгошти. „Отпочната е таа акција за менување на старите...

Продолжи со читање

Под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвениот крст се мобилизира за помош на старите лица

Post Views: 174 Меѓугенерациска средба на младите и повозрасните лица, пријатни изненадувања и подароци, интересно дружење и настап на пејачки групи во неделата на грижа за стари лица. Црвениот крст од Охрид и годинава традиционално ќе им посветува внимание на старите лица од Охрид и Дебрца, овој пат под мотото „Сите сме нивни деца“. Воедно од Црвениот крст од Охрид подготвуваат и нова програма која ќе започне со спроведување токму во текот на неделата на грижа за стари лица, а која ќе биде насочена кон обезбедување на поквалитетно стареење на старите лица. Годинава и два интересни...

Продолжи со читање

МПЦ и верниците денес го прославија возобновувањето на култот на Св.Константин Кавасила

Post Views: 173 Катедралната црква „Св.Софија“ денес беше претесна да ги собере сите верници од сите краеви на земјава кои сакаа да присуствуваат на прославата за возобновување на култот кон свети Константин Кавасила, еден од најзначајните архиепископи на Охридската Архиепископија. Утрената богослужба природно ги прибра кај себе верниците кои дојдоа не само да го чујат божјото слово, но и да чујат за ликот и делото на свети Константин Кавасила. За значението на овој охридски архиепископ проговори теологот Виктор Недески. „Неговиот животен пат е специфичен во многу нешта. Живеејќи...

Продолжи со читање

Најавите за изградба на туристичка развојна зона кај Градиште ги револтираа мештаните

Post Views: 166 Најавите за изградба на хотелски капацитети на атрактивната локација кај авто кампот „Градиште“ предизвика револт кај жителите од Пештани кои 15 години водат спор со државата за враќање на нивните имоти во Градиште. Хотелите на пет ката кои Министерството за транспорт и врски ги предвидело на површина од над 57 илјади метри квадратни, се дел од планираната туристичка развојна зона за која министерството веќе го објави и нацрт-извештај за стратегиска оценка врз животната средина за урбанистичко планската документација. Пештанци, преку здружението на граѓани „Градиште“...

Продолжи со читање

Засега нема компанија која што е блиску до реализација на проектот за ски-центарот на Галичица

Post Views: 176 Проектот за изградба на скијачкиот центар на Галичица сеуште чека понуди од заинтересирани компании кои ќе го реализираат големиот инвестициски проект. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, станува збор за проект кој треба во голема мера да придонесе за развојот на економијата во градов преку развојот на зимскиот туризам. „Засега, немаме компанија која што е блиску со своите понуди или со своите проекции до реализација на овој голем инвестициски зафат кој што би требало да биде некаде 76 милиони евра, досега немаме компанија која што е блиску до реализација...

Продолжи со читање

Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово со заеднички сили против нелегалната трговија со оружје

Post Views: 133 Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово заеднички ќе работат на сузбивање на нелегалната трговија со оружје. Денес шефовите на полициите од овие земји потпишаа и меморандум за соработка со кој се официјализира и формирањето на експертска група која ќе работи на подигнување на превенцијата, ефикасноста, оперативноста и соработката во справувањето со овој вид на криминал. Петер Доналд Колмрон од Нордиската полиција и царински врски смета дека официјалното формирање на експертската група од Југоисточна Европа и тоа како ќе придонесе за откривање на нелегалната трговија...

Продолжи со читање

Улицата „Ристо Чадо“ денес го доби првиот асфалт

Post Views: 201 Поставен првиот асфалт на улицата „Ристо Чадо“. После неколкумесечната целосна реконструкција на оваа улица, денес изведувачите од АД „Илинден“ од Струга го положија седум сантиметри дебелиот слој асфалт од типот БМ ХС 16 кој според луѓето од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици е еден од најквалитетните типови. Во текот на денешниот ден беше асфалтиран еден дел од оваа улица почнувајќи од кружниот тек кај Сојузот на возачи во правец кон објектот „Стобекс“. Љупчо Танески, од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици вели дека паралелно со аслфалтирањето,...

Продолжи со читање

Згрижување на преостанатите стотина вработени во ЕМО во некои од државните компании – побараа од синдикатот

Post Views: 136 Останатите стотина вработени во АД ЕМО да бидат згрижени во некои од државните компании-побараа од синдикатот на некогашниот охридски гигант. За конечно надминување на нивната ситуација, побараа останатите стотина вработени да добијат еднаков третман како и педесетината довчерашни вработени во ЕМО кои неодамна склучиле договор за вработување во државната МЕПСО. Тие уште еднаш побараа исплата на четириесетина заостанати плати, како и придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Меѓу другото, велат дека ќе побараат и соодветни одговори од Народниот правобранител...

Продолжи со читање

10 работи кои мора да се направат во Охрид според експертот за туризам Дејвид Хофман

Post Views: 212 Возете се со кајче во Охридското Езеро, направете фотографија од црквата “Св.Јован Канео”, посетете ја Светиклиментовата Црква на Плаошник, видете го Античкиот театар, разгледајте ја музеј-куќата на фамилијата Робевци, видете ги фреските во црквата Света Софија, восхитувајте се на погледот од Самоиловата тврдина, купете Охридски бисери, посетете го манастирот “Св.Наум” и изворите на Црн Дрим, дојдете во допир со природата во националниот парк Галичица. Ова се десетте работи кои секој турист мора да ги направи кога ќе го посети Охрид, според...

Продолжи со читање

Охриѓани бараат холивудска насмевка по скратена постапка

Post Views: 161 Холивудска насмевка и бели заби по скратена постапка. Ова е желбата која најчесто ги тера охриѓани да се подложат на третман за избелување на своите заби. Оваа некогаш повеќекратна, болна па дури и штетна стоматолошка практика, последниве години доживува вистински технолошки развој. Дел од оваа современа технологија која во денешно време е и побезбедна, побрза и поефикасна, се работи и во стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” во Охрид. Стоматологот, д-р Емилија Стојаноска, вели дека ласерскиот третман кој тие го нудат на пациентите е врвно технолошко достигнување...

Продолжи со читање