Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 2 Велигденските празници ги наполнија божјите храмови во градов. Се палат свеќи, верниците се молат за здравје и среќа за нив и за семејството. Во овие последни денови пред веста за христосовото воскресение, свештените лица апелираат за уште помасовна посетеност, следење на светите богослужби за верниците вистински да го слават Бога. „Слава му на Бога има, посетители има но сепак еве апелирам да не има што повеќе. Ни претстои огромна работа затоа што голем дел од луѓето во знаење или незнаење, свесно или несвесно сепак неискрено пристапуваат и доаѓаат. Овие свети и...
Вандали го уништиле новопосадениот дрворед на патеката Студенчишта
Post Views: 7 Непознати сторители ја откорнале поставената рампа на пешачката патека Студенчишта и ги уништиле посадените дрвца на новоизградениот дел на потегот од Бела Виста до Кадмо. Вандалскиот чин најверојатно се случил во текот на ноќта при што сторителите најпрво ја откорнале рампата која беше поставена да ги спречи несовесните возачи со автомобили да возат по патеката, а потоа ги оштетиле и изгазиле и новопосадените дрвца на оваа локација. За овој чин била известена и полицијата која извршила увид на лице место. Инаку рано утринава направената штета беше очигледно...
Трпејчани ќе добијат канализациона мрежа и пречистителна станица
Post Views: 6 Се гледа ли крајот на еден од најгорливите проблеми на жителите на туристичката населба Трпејца, немањето на фекална канализација? Градоначалникот Бакрачески информираше дека нивните тригодишни лобирања и интензивни контакти со голем број институции конечно вродиле со плод. Покрај изградбата на фекалната канализација, Бакрачески рече дека ќе биде изградена и пречистителна станица за третирање на отпадни води. „Ние во текот на минатата година успеавме да обезбедиме средства преку програмите на југозападниот плански регион во кој што активно партиципира општина...
Денес е Велики Петок-најтешкиот ден во православието
Post Views: 20 Денес е Велики Петок, најтажниот и најтешкиот ден во христијанството. Денот на полагањето Исусово во гробот. Според отец Димче Азески пак овој празник е доказ за огромната љубов што Господ ја имал кон неговите чеда затоа што доброволно го примил страдањето, бил распнат на крстот и умрел, а потоа бил положен во гробот за да ги ослободи верниците од ропството на гревот и смртта преку неговото спасително воскресение. „Она што е забележително за овој ден е што за време на светата богослужба најпрво се извршува симнување на нашиот спасител Господ Исус Христос од...
Трпејчани добија повеќенаменско игралиште
Post Views: 9 Жителите на туристичката населба Трпејца добија повеќенаменско спортско игралиште веднаш до училишната зграда во населбата. Денес тоа беше свечено пуштено во употреба од страна на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој рече дека овој, според него корисен инфраструктурен зафат го покажува балансираниот пристап на локалната за подеднаков развој на сите делови од општина Охрид. Бакрачески потенцираше дека ова е само дел од грижата за правилен раст и развој на најмладите генерации. „Во изградба на игралиштето, учествуваа двете јавни претпријатија основани од...
Охриѓанецот Влатко Ѓорѓиески со бронза од меѓународното гастрономско првенство во Црна Гора
Post Views: 6 Готвачите на ГАСТРО МАК на 10-тото меѓународно отворено првенство на Црна Гора Будва 2016, во организација на Здружението на шефови на кујни на Црна Гора, освоија 5 награди, 4 медали, од кои 2 златни и 2 бронзени медали и една диплома за 4-то место. Македонскиот тим настапи со тројца натпреварувачи во сениорска конкуренција, од кои едниот е Влатко Ѓорѓиески, шеф на кујна во хотел ”Бетон” – Охрид. Согласно пропозициите во поединечна конкуренција натпреварувачите подготвуваа: топло предјадење од риба и морски плодови, главно јадење и десерт. Шефовите на...
Ем хумани, ем одлични во просторна ориентација
Post Views: 9 Основците од градов ем ја покажаа својата хуманост, ем ги покажаа нивните способности за ориентација во просторот. Втора година по ред, учениците организирани во екипи имаа задача преку дешифрирање на загатки, да откриваат локации, на кои добиваа нови загатки за истражување на нови локации. Една од целите на овој натпревар, покрај хуманата димензија е младите да си ги зајакнат вештините за ориентација во просторот, тимската работа, снаодливоста и брзината, но и да го запознаат градот. „Денеска се одржа хуманитарниот натпревар по ориентација „Компас 2016“ кој го...
Промовиран првиот видео спот на талентираниот охридски музичар Мартин Милески
Post Views: 4 Промовирано видеото за одличната инструментална преработка на охриѓанецот Мартин Милески на нумерата „Кој да ми запее“ од нашата позната музичка дама, Каролина Гочева . Милески кој на охридската јавност и е познат по неговите преработки на бројни светски хитови пред се од рок музиката, денес го промовираше своето прво професионално изработено видео пред охриѓани. Видео спотот е изработен во соработка со Николче Мицески и Весна Малинова. „Видеото беше во изработка седум недели, прилично долго време и беше макотрпна работа. Како камерман ми беше Кристијан Љушев,...