Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Новите обилни врнежи од дожд, го интензивираа чистењето на речните корита и охридската канализација

Post Views: 177 Во пресрет најавите за нови обилни врнежи од дожд, а по препорака на Министерството за транспорт и врски, локалната самоуправа од Охрид со засилени активности за чистење на речните корита и градската канализација. По случаите на поплавени домови, подруми и гаражи од минатата недела кога овој регион беше погоден од поројни дождови, Штабот за заштита и спасување на општина Охрид континуирано со активности за чистење на најкритичните точки кои и најчесто се поплавуваат, но и речни корита и улици кои претставуваат потенцијална опасност за евентуално поплавување. Имајќи...

Продолжи со читање

СДСМ: На последната седница на советот владејачкото мнозинство донесе две штетни одлуки за граѓаните на Охрид

Post Views: 153 Охридските социјалдемократи денес со обвинувања до владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет дека на последната седница донело две штетни одлуки за граѓаните на Охрид без да ја консултира јавноста. Уште еднаш потсетија на нивниот став дека зад ваквите одлуки на владејачкото мнозинство, според нив се кријат бизнис интереси на лица блиски до власта. „Не станува збор за вистинска марина туку за угостителски објект – кафеана на среде езеро, на најатрактивното место во Охрид,со уредување на паркинг простор за 20 тина пловни објекти. Планот на ВМРО-ДПМНЕ...

Продолжи со читање

75 проценти од населението страда од сериозното заболување парадонтопатија

Post Views: 381 75 проценти од вкупното население страда од некој вид или некоја фаза на парадонтопатијата. Ова сериозно заболување на потпорниот апарат на забот граѓаните недоволно сериозно го сфаќаат, а последиците од ненавременото или целосниот недостаток на третирање може да доведе до сериозни последици како целосно и неповратно губење на забите. Како и за многу болести на оралната шуплина, и парадонтопатијата претежно е предизвикана од недоволна хигиена при што доаѓа најпрво до воспаление на непцето или гингивитис кој е препознаен како прва фаза од парадонтопатијата. „Главна...

Продолжи со читање

Тече уписниот рок за постдипломски студии на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Post Views: 170 Кандидатите можат да конкурираат за 115 места на пет студиски програми, од кои три во траење од 4 семестри (или 2 години) и две студиски програми во траење од 2 семестри (или 1 година), на следниве факултети: Факултет за комуникациски мрежи и безбедност – запишува 25 студенти на двогодишната Студиска програма по информатички науки и технологии и 30 кандидати на едногодишната Студиска програма по информатички науки и технологии; Факултетот за компјутерски науки и инженерство – запишува 20 студенти на двогодишната Студиска програма по финансиско инженерство;...

Продолжи со читање

АХВ не пронашла присуство на отпадно масло за јадење во храната за животни, но биле контролирани само оператори со храна

Post Views: 218 Нема недозволени супстанции како што е отпадното масло за јадење во храната за животни која била исконтролирана од Агенцијата за храна и ветеринарство. Сепак ова тврдење од страна на агенцијата се темели единствено врз контролите кои тие ги направиле врз храната која ја продаваат или увезуваат операторите со храна за животни, а не врз основа на направени контроли врз фармите со животни, односно пред се живинарските фарми. Прашањето дали постои црн пазар на отпадно масло кое завршува во храната за живина во некои од живинарските фарми во Македонија, стана особено...

Продолжи со читање

Фудбал, кошарка, ракомет, пикадо, вртење хулахоп во хуманитарната акција „За посреќно детство“

Post Views: 177 Денес дечињата трчаа за посреќно детство. Со оваа веќе традицонална трка, од плоштадот кај чинарот па се до Центарот за култура беше означен стартот на најмасовната спортско-рекреативна и хуманитарна акција „За посреќно детство“ на Црвен крст Охрид. Покрај трката, дечиња од најразлични возрасти играа и фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, фрлаа пикадо, па дури и вртеа хулахоп и скокаа со јаже. Мимоза Ставрева, секретар на Црвениот крст од Охрид вели дека веќе осма година со ред се обидуваат да ги потенцираат здравите животни навики, но и да ја поттикнат хуманоста кај...

Продолжи со читање

Двајцата обвинети во случајот со двојното убиство во Император се изјаснија невини

Post Views: 160 Денес започна судењето за настанот кој минатото лето ја потресе охридската јавност. Двајцата обвинети за случајот со убиството во Император, пред Судскиот совет, со кој претседаваше судијата Билјана Белеска-Пројкоска, се изјаснија како невини, додека застапникот на првообвинетиот, адвокатот Ване Андреевски, изјави дека одбраната во текот на процесот ќе докаже дека убиствата се случиле во поинакви околности отколку што е наведено во обвинителниот акт. На денешното судење, беа повикани да сведочат најблиските роднини на сега починатите, меѓу кои и сопругите на двете...

Продолжи со читање

„Абас Емин“-многу ударни дупки, без тротоари и со чести прекопи долж целата улица

Post Views: 286 Многу ударни дупки долж целата улица, без тротоари по кои би се движеле пешаците. Поради паркираните автомобили од двете страни на коловозот, тие се приморани да се движат по самата улица. Ова е сликата на најдолгата улица во градов, улицата „Абас Емин“, слика која за жал со години наназад е непроменета. Целосната реконструкција на оваа улица во многу наврати била најавувана од повеќе локални власти низ годините, но факт е дека „Абас Емин“ нема видено поголема количина асфалт со години наназад. Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици вели...

Продолжи со читање

„Охридско лето“ трета година со ред најуспешна манифестација според Министерство за економија

Post Views: 167 Трета година со ред нашата најреномирана културна манифестација, фестивалот „Охридско лето“ ја добива наградата „најуспешна манифестација“ од страна на Министерството за економија за нивниот придонес во развојот на туризмот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска вели дека фактот дека некој ја следи работата на фестивалот и за тоа ги наградува навистина го ценат. „Претставува за нас огромна чест и задоволство, претставува голем поттик и признание за тоа што го правиме и градиме . Ја започнавме приказната со „Охридско лето ви препорачува“, сакавме...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ: Мешањето на приватните бизнис интереси и интересот за развој на градот беше својствено за времето на СДСМ

Post Views: 159 Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до советниците од СДСМ Охрид дека проектот за малото пристаниште го користат за политички маркетинг. Координаторот на владеачката партија, Илија Арнаудоски вели дека СДСМ прави обиди за извртување на вистината и класично манипулирање со јавноста во врска со реализацијата на проектот за изградба на малото пристаниште. „Веројатно од СДСМ- Охрид и од советничката група се збунети од големиот број на проекти кои истовремено се одвиваат во Охрид и притоа измешале дека реализацијата на овој проект ќе биде финализирање на...

Продолжи со читање

СДСМ: Малото пристаниште ќе биде приватен ресторан на лица блиски до власта

Post Views: 168 Малото пристаниште ќе биде приватен ресторан на лица блиски до власта-обвинија денес советниците од Сдсм од Охрид. Тие сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ државниот имот го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа, според СДСМ, стануваат финансиери на партијата. Додаваат дека од проектот за малото пристаниште корист ќе имаат само поединци блиски на власта. „Дрскоста на власта на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што на најубавиот дел од Охридското Езеро лажно им ветува на граѓаните дека ќе биде изградено пристаниште за 20-тина пловни објекти, а како што и сами можете да видите,...

Продолжи со читање

Продолжува традицијата на охридските тајфи-27ми Охридски староградски средби

Post Views: 286 Од колено на колено, од визита на визита, а сега од едни до други охридски староградски средби. Продолжува традицијата на Садиловци, на охридските тајфи и прекрасната и безвремена староградска песна. 27то издание на фестивалот Охридски староградски средби на едно место собра 14 ансамбли и негуватели на староградската песна, но и бројна публика која тактираше во ритамот на „Бор садила мома Евгенија“, „Битола бабан Битола“ и уште многу други стари македонски песни. „Овие ансамбли, овие групи, најголем број од нив се ентузијасти кои од голема љубов спрема убавата градска...

Продолжи со читање