Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Заживува традицијата на лазарките

Post Views: 8 Денес е Лазарева сабота. Денот кога младите моми, лазарки го најавувале Велигден и доаѓањето на пролетта. Традицијата на одење од куќа до куќа и пеење песни најчесто со шеговита содржина веќе трета година со ред полека но сигурно ја заживуваат младите девојчиња од куд „Ѓердан“. Тие и денес ја продолжија оваа подзаборавена традиција која некогаш била препознатлива глетка за Лазарева сабота. „Лазара е празник пред Велигден, ден во кој ние од нашето културно уметничко друштво сакаме со цел да ја обновиме традицијата, со одењето низ куќите во Охрид, сакаме домаќините...

Продолжи со читање

Фасадата на општината ќе треба да се молерисува по синоќешниот протест на #Протестирам

Post Views: 3 Екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид, синоќа со дополнителна работа. Неколку пожарникари со помош на вода ја миеја општинската зграда од остатоците од фрлени јајца по завршувањето на вчерашниот протест на неформалната група #протестирам. На лице место, синоќа и секретарот на општината Димитар Спасески под чие будно око, пожарникарите ја чистеа општинската фасада. На синоќешниот протест на неформалната група #протестирам кои по втор пат од Охрид побараа оставка од претседателот на републиката, Ѓорѓе Иванов, настрада општинската зграда односно...

Продолжи со читање

Еко цртежи и садење садници за одбележување на Денот на планетата Земја

Post Views: 4 Дружба на генерациите, од најмали волонтери од бреинобреин програмата, како и детскиот час за приказни на англиски јазик, како и повозрасните волонтери кои ја следат програмата за стари лица денес ги обединија силите како достојно би го одбележале Денот на планетата земја. Еве што тие ни подготвија.“Сите тие се здружија за денеска заедно да посадиме садници кои што ќе го красат овој дел, кои ќе бидат и обележје и некој линк кој ќе ги поврзува овие две генерации, дечињата во рамки на доаѓањето во Црвениот крст и следењето на оваа програма, ќе ги залеваат со...

Продолжи со читање

Се прошири семејството на асоцијацијата „Сите за спорт-спорт за сите

Post Views: 5 Денес се прошири семејството на спортски работници во асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“. Нови нејзини членови се текводо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, здружението за велосипедизам, планинарење и еко култура „З`ш авантура“ како и луѓето од студио „Кинезио“ кои работат со корективна гимнастика. Жанко Голабоски, претседател на „З`ш авантура“ вели дека очигледна е потребата од подигнување на свеста кај сите граѓани за значењето на спортот. „Да избегаат малку од дома од пред телевизор, од пред лаптоп и од пред компјутер. Јас секогаш кога ги...

Продолжи со читање

Сообраќај: Бележењето на кружните трае подолго поради обемноста на зафатите

Post Views: 3 Бележењето на хоризонталната патна сигнализација на новиот кружен тек на пресекот помеѓу булеварот „Туристичка“ и „Македонски просветители“ причина за нервозни возачи, затворање на една од лентите за сообраќање и реакции од граѓаните. Големината пак на зафатите за обележување на хоризонталната патна сигнализација од страна на АД Илинден од Струга, кои според договорот за изградба на кружните текови ја носат и обврската за нивно соодветно обележување, според Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици е причина зошто се случува понекогаш тоа...

Продолжи со читање

Шест месеци дружба на младите танчери од Соната со колегите од познатиот Beatrix Crew

Post Views: 6 Танчерите од охридското студиот Соната ќе имаат шест месечна професионална дружба со нивните искусни колеги од Beatrix Crew од Скопје. Ќе се подучуваат на нов стил, хип хоп, попинг, кремп, брејкденс. Нивната дружба произлегува како дел од проектот на Локалната агенција за развој од Струга и граѓанската организација „Креативни и активни“ наречен „Декада на припадноста-Славење на различностите“.  Ивана Балабанова, инструктор од Beatrix Crew вели дека според нив оваа шестмесечна соработка во рамки на проектот ќе биде навистина интересна.„Ова е прв пат да соработуваме...

Продолжи со читање

Вратите на Google и Microsoft се отворени за сите со добри идеи

Post Views: 8 Континуирана работа, вложување во себеси, искрен пристап во работата и соништата може да се исполнат. Кој тоа подобро да го знае од Благој Трајкоски, македонец кој веќе две години работи во компанијата од соништата на секој кој се занимава со информатички технологии. Тој вели дека познат е начинот на кој Google ги третира своите вработени и според него тоа навистина предизвикува позитивна промена кај секој човек. Според Трајкоски, светот на информатичките технологии е отворен буквално за сите и во него сите може да успеат без разлика од каде доаѓаат.„Би рекол дека...

Продолжи со читање

Viber, Google, Adobe, Microsoft дел од четвртиот по ред маратон во програмирање Codefest

Post Views: 6 Започна еден од најзначајните настани од информатичката технологија во земјава, Коудфест. Ова четврто издание според организаторите не само што е најобемно според бројот на гостите и говорниците туку и по светските имиња од областа на информатичката технологија како Гугл, Вајбер, Мајкрософт, Адоби. Коудфест, според министерката за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска која го отвори годинешното издание на маратонот во програмирање, смета дека ова е вистинска можност за младите да се бидат очи во очи со претставниците од овие гиганти и да ги остварат...

Продолжи со читање