Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Се помалубројните генерации на основци, ги преполовија паралелките во средното економско училиште

Post Views: 187 Намалениот наталитет, се помалите генерации кои запишуваат и завршуваат основно образование ги преполовија паралелките во средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Сегашната генерација која запиша прва година, а особено наредната, според статистичките податоци се најмали по бројот на дечиња. За оваа учебна година, менаџментот на ова средно училиште бил приморан да бара одобрение за формирање на паралелки со помал број од законскиот минимум од 25 ученици што е сериозно намалување во споредба со генерациите од пред десетина години кога економските паралелки...

Продолжи со читање

Учениците од здравствената струка во „Св.Кирил и Методиј“ по дел од предметите сеуште не добиле учебници

Post Views: 197 Учениците од медицинската струка во средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ наместо од учебници по дел од предметите во струката учат од своите тетратки. Директорката на училиштето, Славица Костоска вели дека за стручните предмети и во двете струки се издадени учебници по скоро сите предмети, но потврдува дека за дел од предметите сеуште немаат добиено учебници. Костоска проблемот го лоцира во Одделот за издавање на учебници при Министерството за образование кој според неа сеуште нема издадено нови учебници. Таа вели дека наместо да се усовршуваат наставните...

Продолжи со читање

Фрлени темелите на фабриката на ОДВ Електрик

Post Views: 206 Удрени темелите на гринфилд објектот на германската компанија од автомобилската индустрија ОДВ Електрик. Денес свечено беше означен почетокот на изградбата на оваа прва инвестиција во технолошко-индустриската развоја зона Струга-Охрид. Според извршниот директор на ОДВ Електрик, Лудвиг Батон, тенденција на компанијата е фабриката во Македонија да прерасне во уште една успешна приказна. „ОДВ Електрик има амбициозни планови за Македонија со тоа што планираме да го зголемиме производството, да понудиме различни производи, да пренесеме нови технологии. За да го постигнеме...

Продолжи со читање

Утре ден без автомобили во Охрид

Post Views: 151 Одбележувањето на Денот без автомобили ќе започне  во 10 часот и 30 минути со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид, ќе  настапи  хорот од ОУ „ Христо Узунов“ , а потоа ќе се обратат градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер. За таа цел, во соработка со СВР Охрид, за сообраќај ќе бидат  затворени  неколку фреквентни сообраќајници и тие се резервираат за велосипедисти и пешаци. Во перидот од 11 до 13 часот за сообраќај ќе бидат затворени  улиците „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифовски“ од пресекот со „Димитар...

Продолжи со читање

Бели гулаби, песнички и искрени пораки за мир од најмалите охриѓанчиња на Меѓународниот ден на мирот

Post Views: 959 Пуштајќи ги белите гулаби, симболот на мирот и пренесувајќи ги искрените детски пораки и желби за крај на сите насилства и војни во светот, денес, најмалите охриѓанчиња од градскиот плоштад покажаа колку малку е потребно за да се оствари најголемата желба на човештвото и да стане реалност. Пеејќи песнички, играјќи и носејќи пораки за мир во рацете, тие го одбележаа меѓународниот ден на мирот. Денес точно на пладне, преку актерот Ивица Цонев, сите имаа можност да ја чујат и годинешната порака за мир упатена од генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун. „Иако...

Продолжи со читање

Недостатокот на комуникација меѓу родителите и децата води кон оттуѓување на семејствата

Post Views: 248 Оттуѓување на семејствата, недостаток на комуникација, непочитување на авторитетот на родителот или воспитувачот во градинките. Ова се само дел од условно кажано „симптомите“ на современиот начин на живот и комуникација. Во центарот на вниманието или за жал се почесто и недостигот на внимание се оние најмалите и најважните, децата. Според Слободанка Радосављевиќ, која е дел од Балканскиот сојуз на воспитувачи, комуникацијата помеѓу родителите и детето, особено во претшколската возраст е навистина важен сегмент бидејќи секој недостиг на комуникација, според неа води...

Продолжи со читање

Да се изгради сопствен образовен систем без негово целосно преземање од други земји

Post Views: 168 Да се гради сопствен образовен систем, да се прифаќаат делови од други образовни системи или целосно да се копираат други системи кои се покажале успешни во поразвиени земји. Ова е дилемата со која се соочуваат најголемиот дел од балканските држави. Во време на глобализација, кога решенијата се достапни на дланка се чини најлесно е да се копираат туѓите решенија. Според деканот на Педагошкиот факултет од Скопје, проф.д-р Владо Тимовски, глобализацијата треба да се обработува само преку прифаќање на некои теми или содржини кои се општоприфатени во повеќе земји. „Јас...

Продолжи со читање

Охридскиот народен театар се враќа со награда за оригинална актерска изведба од фестивалот „Ристо Шишков“

Post Views: 153 Наградата „НЕТА“ на 23то издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ доделена на актерите од Охридскиот народен театар, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ и Ирена Ристиќ. Оваа награда, актерите од нашиот театар ја добија за претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, а во режија на Нела Витошевиќ.Театарската мрежа „НЕТА“ го доделува ова високо признание за оригинална актерска интерпретација на претставата. Со оваа претстава, актерското трио на Охридскиот народен театар премиерно се претстави во рамки на годинешното 55то издание на фестивалот „Охридско...

Продолжи со читање

Трет уписен рок на УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид

Post Views: 200 Заинтересираните студенти можат да конкурираат за слободни места на петте факултети на следниве студиски програми: компјутерски науки и инженерство на три годишни студии 12 редовни во државна квота, 8 редовни со кофинансирање и 8 вонредни студенти, додека на четиригодишни студии седум слободни места кај редовните студенти со кофинансирање и 11 слободни места за вонредни студенти. На насоката комуникациски мрежи и безбедност на тригодишни студии 15 места во државна, 8 со кофинансирање и 8 места за вонредни студенти, додека на четиригодишните студии по 12 слободни...

Продолжи со читање

Дали Охридскиот народен театар ќе добие нов уметнички директор?

Post Views: 170 ТВМ дознава дека досегашниот уметнички директор, реномираниот актер со долгогодишно искуство, Горан Стојаноски, веќе нема да ја извршува досегашната функција. Во телефонски разговор, Стојаноски не информираше дека во овој момент тој работи единствено како актер во Охридскиот народен театар, и дека за сите информации поврзани со настапи на театарот, репертоар на претстави, во иднина треба да се обраќаме до директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска. Боцеска пак не одрекува дека можно е да дојде до кадровски промени на функцијата уметнички...

Продолжи со читање

Бакрачески: Обезбедување на средства за подобрување на крајезерската инфраструктура е примарна цел за локалната

Post Views: 189 Прва официјална средба на градоначалникот Никола Бакрачески со неговиот колега од грчкиот град Воден, Јану Димитриос. Во рамките на посетата, градоначалникот Бакрачески присуствувал и на официјалната презентација на проектот „Вотернет“ кој го спроведуваат Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Универзитетот „Аристотел“ од Солун, чиј бенефит, општина Охрид го почувствува добивајќи ги средствата со кои се изградија 200 метри од пешачката патека кај „Студенчишта“. На средбата, градоначалникот Бакрачески истакнал дека примарна цел за локалната е добивање на...

Продолжи со читање

Охриѓани ќе имаат можност да уживаат во звуците на традиционалната чалгиска музика

Post Views: 163 Вистински времеплов за охриѓани подготвува познатиот вокално-инструментален состав Езгија трио. Тие, заедно со познатиот кларинетист Ацо Тасески ќе одржат „Вечер на чалгиска музика“ во која охриѓани ќе добијат ретка прилика да уживаат во звуците на оваа традиционална македонска, но уште повеќе и охридска музика. Според организаторот на настанот, Ѓоко Алоски, ова е одлична можност постарите охриѓани да се потсетат, а младите да ги чујат можеби за прв пат звуците кои некогаш се слушале од секоја охридска куќа. „Ова трио е специфичен состав не само поради инструментите...

Продолжи со читање