Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

ЕВН ја исклучило струјата во салата „Билјанини Извори“ од јавното претпријатие демантираат

Post Views: 3 Теквондистите од Фајт клуб Мастер од Охрид нивниот вчерашен тренинг во спортската сала „Билјанини Извори“ го држеле во мрак. Причина за тоа е што службите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден повторно ја исклучиле спортската сала „Билјанини Извори“ од напојување со електрична енергија. Портпаролот на оваа компанија, Атанас Ковачевски вели дека во тек се разговори со цел да се надмине моменталната ситуација, и потврди дека штом се создадат услови, повторно ќе се воспостави снабдување со електрична енергија на спортскиот центар.„Динамиката на...

Продолжи со читање

Бакрачески: „Современата плажа во Лагадин ќе биде достапна и слободна за сите“

Post Views: 3 Разубавување на просторот кај Лагадин, решавање на грдата слика со колекторскиот систем на тој потег, а воедно и нудење на плажа со слободен пристап за сите граѓани и туристи, без наплатување за реквизити за одмор. Ова се благодетите кои според градоначалникот Никола Бакрачески, Охрид ќе ги добие со изградбата на плажата во Лагадин. Тој потенцира дека локалната иако директно не учествува во реализацијата на проектот, како одговорна самоуправа презеле обврска да ја следат неговата реализација во сите фази од проектот кој ќе се прави со државни пари. „Лично мое...

Продолжи со читање

Средношколците препознаваат, но ретко реагираат на психичкото насилство

Post Views: 8 Во образовен систем кој според многу експерти, како и голем број на професори се занемарува воспитната функција на образованието, средношколските установи со работа на класни часови и вметнување содржини во редовните часови се обидуваат да ги дискутираат темите кои се однесуваат на насилството заедно со своите ученици. Според директорката на средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“, Славица Костоска, и покрај пребогатите наставни планови тие се обидуваат во рамки на редовната програма да ги вметнуваат поучните теми со кои училиштата мора да се...

Продолжи со читање

Прв студентски филмски фестивал на Филмската академија од Охрид

Post Views: 8 30 кратки студентски филмови, изложби, работилници и концерти на првиот филмски фестивал „FEELMOTION“ на Филмската академија од Охрид. Фестивалот синоќа беше отворен со проекција на филмот „Само за губитници“ на режисерот Иво Трајков кој воедно е дел и од Институтот за филм-Филмска академија-Охрид. Организаторите, кои се седумте студенти магистри на академијата велат дека фестивалот изобилува со богата програма и филмови. „Тоа се студентски филмови, кратки студентски филмови организирани од студенти кои исто така учествуваат на овој фестивал и со нивните филмови...

Продолжи со читање

Потрошувачката кошничка се попразна

Post Views: 3 Мали плати, скапи производи, голема невработеност. Се чини пазарењето по маркети или зелени пазари и маалски продавници станува се потешко и потешко. Се повеќе граѓаните излегуваат од дуќаните носејќи го чувството дека потрошиле многу, а дома си заминуваат со само неколку производи кои на прсти може да се избројат. Ретко може да се видат или пак малкумина се тие кои пазарат еднаш месечно застанувајќи пред касата со полни колички или кошнички за пазарење. Без оглед на причината, ги запрашавме охриѓани дали тие сметаат дека со истите пари може да се купат помалку...

Продолжи со читање

Граѓани се жалат дека на паркинзи од иста зона, плаќаат различна цена за паркирање

Post Views: 4   Дали сеуште важи ценовникот за паркирање на ЈП „Билјанини Извори“ според кој за првиот час паркирање во зона А се плаќа 30 денари, а за наредниот час 20 денари? Граѓани реагираа до нашата редакција прашувајќи зошто на паркинзи кои се наоѓаат во иста зона различно ги чини паркирањето. Тие велат дека се нашле во ситуација кога вработени на два паркинзи кои се наоѓаат во зона А, едниот на булеварот „Македонски просветители“ наспроти маркетот Тинекс, а другиот на „Кеј Македонија“ наспроти лаунџ барот Објектив за два часа паркинг им наплатиле 60 во едниот, 50 во...

Продолжи со читање

Основците од „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“ се качуваа со јаже како вистински алпинисти

Post Views: 3 Каква опрема носат алпинистите на нивните планински авантури, како се викаат сите тие јажиња, клинци, посебни чевли кои тие ги носат. Ова се само дел од прашањата на кои денес добија одговор љубопитните основци од училиштата „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“. Благодарение на асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“, а во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден на здравјето, денес тие и практично можеа да видат како изгледа таа опрема, но и самите да се спуштаат по јаже во салата на ОУ „Христо Узунов“. „Сите ученици прв пат се среќаваат со вакви...

Продолжи со читање

Градоначалникот Бакрачески со отчет за сработеното во изминатите три години

Post Views: 4 Отчет за реализираното во трите години од мандатот на градоначалникот Никола Бакрачески. Денес беше промовирано печатено издание со сработените проекти на локалната на околу 200 страници. Во отчетот се поместени зафатите на локалната од асфалтирање на улици и патишта, изградба и реконструкција на плоштади и пешачки рекреативни зони, до изградба на кружни текови. Меѓу другите, во своето обраќање, градоначалникот Бакрачески ги спомена асфалтираните и реконструирани улици „Питу Гули“, „Илија Смически“ во Лескоец, „Миќа Гилиќ“, „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“, патните...

Продолжи со читање