Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 3 Обезбедување на подобар живот кој ќе им даде надеж и желба на младите да останат во Македонија. Отворање на работни места на кои ќе се исплаќаат плати со кои вистински може да се издржува семејството, поддршка за домашните фирми, гасификација на државата, стимулација на фирмите да исплаќаат повисоки плати на работниците. Ова се само дел од целите на програмата на СДСМ за предвремените парламентарни избори а кои синоќа беа презентирани пред охриѓани. Една од клучните реформи кои тие ги предлагаат, според потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска е финансиска...
Пчелички, мали слатки вештерки, пирати-најмалите од градинките го прославија Денот на шегата
Post Views: 3 Пирати, пчелички, ликови од цртаните филмови и супер херои како Спајдермен, Бетмен, Зоро, Неверојатниот Хулк…Вистинско шаренило од бои, музика, песни и танц подготвија денес најмладите по повод 1ви април денот на шегата. Некои пак посериозни со маските подготвиле маски од рециклирачки материјали кои подоцна се натпреваруваа и во изборот за најдобра маска. Не беше ниту лага, ниту шега колку имагинација употребиле малите дечиња од градинката “Јасна Ристеска” и сите клонови заедно со нивните родители за на овој ден да изгледаат навистина...
Училишен турнир во фудбал за основците од охридските училишта
Post Views: 5 Деведесетина деца од охридските основни училишта од шестите и седмите одделенија денес ги одиграа првите натпревари од турнир во фудбал на теренот со вештачка трева. Осум екипи, по една од секое основно училиште се поделени во две групи со по четири екипи. „Играме во два дена, се игра првиот ден разврска по групи, а вториот ден играме за пласман од 1во до 8мо место. Вклучени се популација на деца од 6то до 7мо одделение, оние екипи кои што претходно имаа искуство со игра на спортскиот ден во Велгошти. Истите тие екипи сега се надоградуваме и играме голем фудбал...
АЈДЕ Македонија со акција за чистење во Охрид
Post Views: 11 АЈДЕ Македонија со нова акција за чистење во Охрид. Оваа ќе биде еден вид на промотивна акција за онаа традиционалната која се случува секој октомври, а во Охрид ќе се чисти на два потези. Дел од граѓаните и граѓанските организации кои ќе земат учество во оваа акција, ќе чистат на потегот од бензиската кај „Билјанини Извори“ па се до Св.Стефан, додека другата група ќе чисти на потегот од Здружението на возачи на излезот од Охрид па се до Подмоље. „Тоа е можност за граѓаните и да си направат една убава прошетка, нивните деца да ги научат на здрави навики, една...
Заврши реконструкцијата на локалниот пат до Велестово
Post Views: 4 Заврши реконструкцијата на локалниот пат кој од Охрид води до Велестово. Истиот, денес беше свечено пуштен во употреба, откако беше завршена и втората фаза од неговата целосна реконструкција, која започна уште минатата година. Тогаш, во првата фаза се асфалтираше дел од патот од бензиската пумпа кај Билјанини извори до управната зграда на НП „Галичица“ како и еден дел на самиот влез во селото во должина од околу 900 метри. Тој зафат беше финансиран со средства од 6 и пол милиони денари обезбедени преку Агенцијата за патишта на Република Македонија. „Сега општина...
Рецитал, наградени стихови и цртежи во чест на годишнината од „Сердарот“
Post Views: 2 Најмладите во чест на Прличев. Денес во просториите на Култура 365 се рецитираше „Сердарот“ антологиската поема на нашиот ловороносец Прличев, како и литературните творби кои беа наградени на конкурсот „Охрид, Прличев и јас.“ Младите охриѓани од охридските основни училишта го дадоа најсветлиот придонес во достојното одбележување на годишнината од доделувањето на ловоровиот венец на Прличев. Еден од членовите на жири комисијата која ги оценуваше творбите, нашиот охридски автор, Смиле Наумоски вели дека навистина имале тешка задача. „Го бараме естетското, во...
Секој четврток бесплатни филмски проекции во Филмската академија во Охрид
Post Views: 4 Охридската филмска академија отворена за граѓаните. Секој четврток со почеток од 20 часот тие организираат бесплатни филмски проекции од богатата дигитална датотека на филмови кои ги поседуваат. Со ова, охриѓани ќе можат да погледнат некои од најдобрите холивудски класици, блокбастери, оскаровци, европски, уметнички, како и кратки па и студентски филмови сосема бесплатно. „Се набави еден одличен можеби и најдобар филмски проектор во Македонија досега што сме го имале со 4К излез, и се набави платно кое е некаде 6 на 9 метри долго кое е монтирано на ѕид и кое се...
Одлична опрема, професорски кадар и први запишани постдипломци на охридската филмска академија
Post Views: 0 Студио за монтажа на звук и слика, четири админстративни канцеларии, две големи училници, една за сценаристика и драматургија опремена со 4К телевизори и звук, и една за катедрата за креативна продукција опремена со платно за проекција на филмови, сараунд систем. Филмската академија од Охрид на добар пат да стане вистински клон на братската филмска академија од Чешка, ФАМУ. Предавања на англиски јазик, 24 реномирани професори исклучиво од чешката академија, како и двајца гости од Универзитетот Колумбија од Њу Јорк и Филмската академија од Њу Јорк се само дел од...