Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 231 Стилски канделабри, вградени светилки, фонтана, мини амфи театар, клупи за одмор. Малиот плоштад кај мини маркет го доби својот конечен изглед. Се е подготвено за неговото свечено пуштање во употреба. Овој оплеменет простор, не ги остави рамнодушни граѓаните кои секојдневно поминуваат тука, а кои имаа можност и да следат како истиот постепено се градеше. Ги запрашавме охриѓани што тие мислат за изгледот на ова архитектонско решение.„Добро е, релативно добро е, не е лошо. Само едно му фали, и што фали во целиот град, нема никаде тоалет јавен, а тоа треба да се регулира,...
Градинката „Јасна Ристеска“ доби зелено светло за формирање на групи со поголем број на деца од законски предвидениот
Post Views: 189 Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе може да се формираат групи со помал односно поголем број на деца од законски предвидениот. Ваква одлука беше донесена на последна седница на Советот на општина Охрид, а на предлог на раководството на градинката. Опозицијата беше воздржана во гласањето на предлог одлуката бидејќи велат дека ги разбирале и родителите, но според нив во објектите на „Јасна Ристеска“ во моментов веќе се згрижуваат 347 дечиња повеќе од предвиденото. Советничката од редовите на опозицијата, Оливија Јанева-Пирузева смета дека станува збор за големо отстапување...
Локалната ќе формира посебна комисија која ќе се грижи за заштита на правата на пациентите
Post Views: 153 Советот на општина Охрид ја донесе одлуката за формирање на комисијата за унапредување и заштита на правата на пациентите. Формирањето на оваа комисија е законска обврска на сите локални самоуправи согласно Законот за здравствена заштита. Ова партиципативно тело, ќе биде составено од советници во Советот на општина Охрид, претставници на пациентите-членови на здруженија на пациенти, лекари кои се пензионирани односно во моментот не извршуваат дејност како и претставници на организации кои делуваат во насока на унапредување на правата на пациентите.„Ќе биде испочитувана...
Највкусното ѓомлезе и прекрасните охридски кулинарски специјалитети на традиционалната Охридска софра
Post Views: 273 Прекрасните охридски традиционални јадења, предводени од неповторливото ѓомлезе ќе ги предизвикуваат сетилата на посетителите на третата по ред Охридска софра. Традиционално, во прекрасното Скребатно, во недела, ќе се соберат и најдобрите подготвувачи на ѓомлезе кои ќе се обидат да го воодушеват жирито, секој со својот рецепт за овој деликатес. „Оваа година имаме пријавени околу 15ина учесници, ќе видиме до недела можеби бројот ќе се зголеми, интересно е да напоменам дека оваа година имавме интерес и од други градови да се пријавуваат за учество што посебно ме радува...
Еко пораки за зачувување на Охридското Езеро преку детски фотографии
Post Views: 551 Силни еко пораки овековечени на фотографии што вредат илјада зборови. Малите основци од „Григор Прличев“ денес со силата на фотографијата и нивната несопирлива креативност испратија порака против бучавата во Охрид, симболично затворајќи ги ушите. Во рамки на интересниот проект „Спасете го Охрид, спасете ја планетата“, дечињата сериозно го сфатиле проблемот за еколошката состојба на езерото и културно-историските споменици. Детските очи уште еднаш покажаа дека гледаат нешта што возрасните не успеваат да ги забележат. Тие сигнализирале за пластичните шишиња во езерото...
Охриѓани ќе уживаат во звуците на хорската музика на 8то издание на Охридскиот хорски фестивал
Post Views: 174 Изведби на духовна музика, музика од старите мајстори од ренесансата, поп и фолк аранжмани. Ова се само дел од пријатните звуци кои охриѓани и туристите ќе имаат можност да ги чујат наредниве денови на осмото по ред издание на Охридскиот хорски фестивал. Подготовките се при крај, а веќе во четврток ќе следи и традиционалното дефиле на учесниците низ охридските улици. Концертната програмата ќе се случува за време на викендот. „Главната програма на фестивалот е во петок, сабота и недела, и во најголем дел се одвива во „Дијамантската сала“ во Инекс Горица, имаме еден...
Охриѓани со 99 идеи за подобар Охрид, скоро половина од нив прифатени од локалната
Post Views: 186 Чешма за вода и клупи во градскиот пазар, уредување на постоечкиот или изградба на нов јавен тоалет во неговите рамки, изведба на јавни тоалети во Стар град и на кејот „Македонија“, организирање на саем за занаетчиство, уредување нова градска плажа. Ова се само дел од оригиналните предлози кои охриѓани ги споделија со локалната самоуправа во рамки на „Денот на идеи“ кој се одржа на 12ти јуни. На иницијатива на градоначалникот, била формирана специјална стручна комисија која имала за задача да ги разгледа и оцени доставените предлози. „По одржани неколку состаноци...
Зголемен број на туристи во градов во јуни, резултатите од остатокот од сезоната допрва ќе се сумираат
Post Views: 171 Охрид годинава со зголемен број на туристи и остварени ноќевања во првиот месец од летната туристичка сезона. Ова го говорат официјалните податоци за бројот на регистрирани туристи и остварени ноќевања објавени од Државниот завод за статистика. Во јуни годинава, Охрид го посетиле 21.772 туристи, а биле остварени вкупно 62.040 ноќевања. Во истиот период лани, биле регистрирани 19.519 туристи, и остварени биле 56.363 ноќевања. Овие бројки се причина за оптимизам кај Секторот за туризам и локален економски развој, бидејќи според нив, токму за месец јуни го очекувале...
Дечињата македонци од дијаспората го усовршуваа познавањето на македонскиот јазик
Post Views: 182 Дечињата од заедниците на македонците во соседните земји и земјите на дијаспората изминативе денови ги усовршуваа своите познавања на мајчиниот, македонски јазик. Денес беше завршниот дел од традиционалниот летен камп „Ја сакам Македонија“ на кој тие имаа можност не само да научат за својата историја, својот јазик туку и да презентираат дел од тоа што го научиле. „Јас се чувствувам на кампот „Ја сакам Македонија“ одлично, научив се по македонски јазик и историја, научивме се и одлично го поминавме летниот распуст“. „Тука е многу убаво учиме многу за македонскиот...
Охриѓани три дена во ритамот на кубанската салса
Post Views: 157 Охриѓани три дена во ритамот на кубанската салса. Нашиот град, доживува автентично кубанско доживува благодарение на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, „Хола Охрид“. Тринаесет артисти ќе ги пренесуваат техниките и тајните на салсата, румбата, регетон, руеда де касино на околу двестоте учесници на овој несекојдневен фестивал. „Чувството е прекрасно, луѓето се прекрасни, се надевам дека во иднина ќе продолжи истиот да се одржува и да прерасне во поголем фестивал во кој луѓето ќе можат да уживаат во различните култури. Ние танцуваме со срцето и тоа се...
Попоски: Помошта која Македонија ја доби од ЕУ за справување со мигрантите е симболична
Post Views: 161 Македонија во интензивни комуникации со соседните земји, Европската Унија и Обединетите нации со цел справување со големиот наплив на мигранти на границата со Република Грција. Драстичното зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат на територијата на Република Македонија од петстотини на 3000 лица дневно, ги стави на тест македонските институции во справувањето со овој сериозен проблем. Според министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, помошта која досега ја добиле од меѓународниот фактор, односно Европската Унија е...
Решението за станоиздавачите во станбени згради ќе се бара во Собрание
Post Views: 153 Локалната и Секторот за туризам и локален економски развој, решение за проблемот со приватните станоиздавачи во колективни станбени згради ќе бараат во Собранието на Република Македонија. Од ТЛЕР велат дека почетокот на летните одмори ја ограничил нивната можност за институционално дејствување со цел да им се излезе во пресрет на станоиздавачите кои издаваат легла во станбени згради. „Во соработка со пратениците од Охрид, ние подготвуваме амандмански измени за тие точки од Законот за угостителска дејност кои ќе пробаме на исти начин да ги издејствуваме како што...