Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

parking

Дали во Охрид има доволно бесплатни паркинзи?

Post Views: 35 Паркинзите вечна тема за охриѓани. Особено вниманието го привлекуваат оние бесплатните каде охриѓани може да паркираат без надомест, под услов да најдат слободно место. Бесплатен паркинг пред основното училиште „Братство Единство“ кај Крст Џамија, по должината на улицата „7ми Ноември“ до автобуската станица од едната страна, потоа едната страна од улицата „Јане Сандански“, дел од „Македонски Просветители“ пред полицијата како и дел од булеварот „Туристичка“. Ова се локациите каде охриѓани може бесплатно да паркираат иако потврда за тоа не добивме од локалната...

Продолжи со читање

asocijacija na sportovi

„Спорт за сите-сите за спорт“ ќе ја заживува спортската култура во градов

Post Views: 17 „Спорт за сите-сите за спорт“- ова е името под кое пет охридски спортски клубови се обединија како би работеле на заживување и подигнување на спортската култура во градов. Подигнување на свеста за практикување на спорт и здрави спортски навики, развој и промоција на спортот во градов и земјава, развој на меѓуградската и меѓународната спортска соработка, промоција на идејата за олимпизмот, образовната и воспитната функција на спортот. Ова се само дел од целите на чија реализација Асоцијацијата на спортови од Охрид ќе работи во наредниов период. Велат дека нивните...

Продолжи со читање

zemjodelski povrsini

Локалната ќе аплицира со проекти за тампонирање на земјоделски патишта во охридско

Post Views: 17 Локалната со проекти за тампонирање на земјоделски патишта во Лескоец, Горно и Долно Лакочереј. Овие земјоделски патишта ќе се тампонираат во рамките на проектите кои ги финансира Бирото за рамномерен регионален развој. На последната седница на советот на општина Охрид беше изгласан предлог проектот за уредување и санација на патиштата за пристап до земјоделско земјиште, шумски и водостопански површини што според секретарот на општината, Димитар Спасески претставува појдовна основа за изработка на проект во кој ќе биде утврдена и потребниот износ на средства за...

Продолжи со читање

teodor tiron

Православните верници денес го слават светиот маченик Теодор-„Тодорова сабота“

Post Views: 20 Православните христијани денес го слават големиот празник посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон меѓу народот познат како „Тодорова сабота“. Првата сабота од великиот пост во очи столбот на православието, Велигден, денот на христовото воскресение е посветена токму на маченикот Теодор односно чудото кое Бог одлучил преку него да го направи. Отец Димче Азески, од црквата Св.Богородица Каменско, раскажа за историските околности кои вели дека го потврдуваат настанот кој денес се празнува. Имено царот Јулијан Отстапникот сакајќи да ги спречи верниците да се...

Продолжи со читање

booking.com

Охридските сместувачки капацитети со високи оценки на реномираниот booking.com

Post Views: 14 Сместувачките капацитети во градов со исклучително високи оценки на најголемиот интернет сервис за онлајн закажување booking.com. Бројни се капацитетите од секаков обем и со различен број на ѕвезди кои се закитиле со високи оценки кои претежно варираат од 8,5 до 9,7 што според стандардите на booking.com е навистина висока оценка. Овие оценки и критики кои ги добиле нашите сместувачки капацитети се дело на гостите кои таму престојувале, а кои покрај бројчаната оценка даваат и своја текстуална критика за она што најмногу им се допаднало или најмногу им пречело...

Продолжи со читање

fakulteti

Академски граѓани или армија заокружувачи?

Post Views: 21 Дали македонското високо образование навистина креира академски граѓани или само армија заокружувачи. Ова е прашањето кое провејува веќе 13 години откако за прв пат во нашата држава беше воведен Болоњскиот концепт на високо образование. Со поделба на испитниот материјал на колоквиуми и формирање тестови со прашања кои се заокружуваат, сомнежот и тоа како оправдано постои дека добар дел од студентите наместо да добијат вистинска наобразба, само ќе се трудат со минимален труд да ги положат испитите не водејќи сметка за тоа дали нешто реално научиле. „Ако тргнеме...

Продолжи со читање

trpejca skolo

СДСМ: „Локалната нема вложено ниту денар од општинската сметка во училиштата“

Post Views: 17 Охридските социјалдемократи денес на прес конференција со обвинувања до локалната самоуправа дека и после скоро три години од нивното доаѓање на власт, не биле направени никакви вложувања во образованието во Охрид. Жаклина Лазаревска од општинската организација на СДСМ, вели дека ниту еден денар оваа локална самоуправа не издвоила од општинската сметка за некој поголем зафат во било кое од училиштата. Според неа, доказ за тоа е состојбата во која се наоѓало училиштето во с.Трпејца. „Ова училиште е руинирано,нема основни услови за работа, целосно заборавено. Е во...

Продолжи со читање

recni korita

Речните корита во градов чисти, се работи на расчистување и на околните

Post Views: 40 Неколкудневните временски прогнози во кои се најавуваат пообилни врнежи од дожд во нашата земја резултираа со ново предупредување од страна на Министерството за транспорт и врски до сите локални самоуправи и надлежните служби за преземање мерки за спречување на евентуални поплави. Според ова последно предупредување, се очекуваат врнежи од околу 30ина литри на метар квадратен. Ваквите предупредувања засега реалност се само за општините од централна и југоистична Македонија, но иако во нашиот југозападен регион не се очекуваат пообилни врнежи од дожд,...

Продолжи со читање