Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

За месец дена Охрид ќе ја добие финалната верзија од стратегијата за развој на туризмот

Post Views: 5 Завршена работната верзија на стратегијата за развој на туризмот во Охрид за периодот 2016-2020 година. Изминатиов период, локалната самоуправа во соработка со Swiss contact и ИМЕ програмата, како и сите чинители од областа на туризмот во градов, па и земјава работеа на подготовка на оваа стратегија за туризам по методологија препорачана од страна на Светската трговска организација и Европската комисија. Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој вели дека во наредниот период ќе се прават понатамошни анализи во однос на тоа дали треба нешто...

Продолжи со читање

Лекот против акни, ДИАНЕ 35 кој сее страв во Европа, за Македонија е безбеден

Post Views: 48 Хормонскиот лек против акни, ДИАНЕ 35 кој сее страв во Европа, во Македонија е немоќен. Овој препарат кој во некои држави се препишувал и како контрацептивно средство, деновиве е ставен под сериозна опсервација во Франција, откако 5 девојчиња починале по употреба на истиот, додека една девојка во Хрватска одвај спасила жива глава откако добила тромбоза на раката. Но во Македонија, барем според Бирото за лекови, нема место за паника. Кај нас, лекот се користел исклучиво за својата намена.„Лекот ДИАНЕ 35 во Република Македонија не е регистриран како контрацептивен...

Продолжи со читање

Честитка за 8ми март од градоначалникот Никола Бакрачески.

Post Views: 3 „Одбележувањето на  Меѓународниот ден на жената 8. март е прилика да се потсетиме и разгледаме колку далеку отишло македонското општество во напорите да се постигне родовата рамноправност. Исто така, овој ден би требало да биде прилика сите граѓани да се здружат, поврзат и мобилизираат за понатамошни конкретни општествени промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети припаднички на општеството.Во тие стремежи, сите жени и женски групи  ги надминуваат националните граници и  ги истакнуваат постигнатите резултати од напорите и...

Продолжи со читање

„Писма од земјата“-сатиричен поглед на општествените случувања

Post Views: 4 Нова премиера на Охридскиот народен театар. Станува збор за авторското дело на единствениот актер кој се појавува во неа, Никола Тодороски, а работена според раскази на Марк Твен. „Писма од земјата“ покрај охридската премиера, свое премиерно издание ќе доживее и во Софија, во соседна Бугарија. „Драго ми е да објавам уште една претстава, премиера, авторско дело на НИкола Тодороски, четврта премиера на Охридскиот театар во овој краток период, се работи за едно копродукциско дело, од познатиот автор Марк Твен, „Писма од земјата“, која ќе може да ја видите утре во 20...

Продолжи со читање

Еднакви плати и можности за вработување на сите жени-најавија жените од СДСМ на осмомартовскиот марш

Post Views: 5 Еднакви права, еднакви плати, можности за вработување најавија жените од СДСМ на осмомартовскиот марш помагање на жените претприемачи, вработувања на жените од руралните средини, заштита на бремените жени, жените родилки, мајките со мали деца. Ова се мал дел од реформите и целите кои вчера беа истакнати на традиционалниот осмомартовски марш на жените од СДСМ. Голем број на жени членки и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз вчера маршираа низ охридските улици. „Од древниот Охрид го вперувам прстот кон секоја жена во Македонија и велам: „Ти си таа промена.“...

Продолжи со читање

Интензивно се работи на изградбата на пешачката патека во Оровник

Post Views: 1 Крајезерската пешачка патека во општина Дебрца полека го добива замислениот изглед. Градежните активности на терен се одвиваат засилено во овој период, изградени се потпорните ѕидови, а во моментот се работи на изведување на габионите односно ѕидови направени од метални кошеви исполнети со природен камен кои ќе треба да ја заштитат патеката. Реализацијата на оваа патека во с.Оровник, според градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски ќе значи една атракција не само за тамошните жители, туку и за сите љубители на водата. Трајкоски вели дека изведувањето на патеката е...

Продолжи со читање

Мирен протест на жителите на ул.Илинденска

Post Views: 1 Жителите на улицата Илинденска во стариот дел на градот денес излегоа на мирен протест. Тие го изразија своето незадоволство од одлуката на Дебарско кичевската епархија, по оградувањето на црквата Св.Софија да се заклучат двете метални порти, со кои просторот на летната сцена која ја користи фестивалот Охридско Лето целосно е непристапен. Жителите на Илинденска се жалат дека вакво нешто за прв пат се случува, односно дека со заклучувањето на овие порти се прекинува врската помеѓу улицата Илинденска и самиот брег на езерото, премин кој според нив постои најмалку...

Продолжи со читање

Универзитетот Св.Апостол Павле ќе ја интензивира научната соработка со научен институт од Јапонија

Post Views: 6 Интензивирање на научната соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ и Институтот за наука и технологија од Нара-Јапонија. Ректорот на „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на Институтот за наука и технологија од Нара – проф. Наотаке Огасавара потпишале договор за соработка помеѓу двете институции. Договорот е потпишан во рамките на посетата на ректорот Марина на Институтот од Нара, а истиот предвидува интензивирање на научната соработка помеѓу институциите потписнички, особено во насока...

Продолжи со читање