Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 177 Многу енергија, голем музички набој, страст и огромно уживање на фестивалската публика. Виртуозните, виолинистот Стефан Миленковиќ и Марко Хатлак на хармоника ќе ги пренесат страствените ноти на неповторливото танго. Условно „детето“ на Охридско лето, Стефан Миленковиќ вели дека чувството е неверојатно да се биде повторно во Охрид и на Охридско лето. Овој пат за публиката доаѓа со проектот „Танго компас“.„Овој проект е една наша страст, нешто што ги комбинира и нашата професија и нашите животи и индивидуално како членови на групата но тоа се комбинира и со нашето...
Уште едно непроспиено лето за охриѓани поради проблемот со бучавоста
Post Views: 201 Шпицот на туристичката сезона во Охрид, ни ја донесе препознатливата слика и звук во доцните вечерни, па и раните утрински часови. Уште едно лето, охриѓани, домашните и странските туристи мака мачат и се жалат на бучавоста која ја создаваат дел од кафе баровите и угостителските објекти лоцирани на плажите на охридската ривиера. Долги и непроспиени летни ноќи, луѓе што се приморани да ги затвораат прозорите за да се помачат да заспијат на високите температури дури и во вечерните часови. Ова се условно симптомите кои голем број на граѓани ги чувствуваат деновиве, па...
Зголемена потреба од крв во Охрид во летните месеци
Post Views: 249 Потребите за крв во текот на летните месеци во Охрид зголемени. Во оваа насока говорат и бројните јавни повици кои може да се видат по социјалните мрежи и медиумите, а во кои се бараат одредени типови на крв кои можат живот да значат за некои наши сограѓани. Зголемената потреба на крвни единици ја потврдуваат и од Одделот за трансфузиологија од Охрид од каде велат дека карактеристично е за летниот период да има зголемена потреба на крв и крвни продукти. Д-р Соња Србакоска, трансфузиолог во овој оддел, вели дека потребите се однесуваат на сите групи на крв, но д-р...
Наша сограѓанка се жали на судски неправди
Post Views: 178 Наша сограѓанка се жали дека нејзиниот син бил жртва на судска неправда. Таа вели дека охридскиот суд неосновано го осудил нејзиниот син за извршено кривично дело „силување“ бидејќи според неа за тоа немало докази. Токму поради тоа, таа вели дека ја обжалиле првичната пресуда од четири години казна затвор за нејзиниот син во Апелациониот суд во Битола. Од таму била добиена одлука за спроведување на повторно судење во Охридскиот суд на кое таа вели дека уште еднаш му била потврдена првичната пресуда. Според неа, во Охридскиот суд не било земено во предвид стручното...
Наместо да е готова до август, медитеранската плажа во Лагадин ќе се уредува после летната сезона
Post Views: 178 75 милиони денари вредната плажа во Лагадин која според најавите треба да добие медитерански изглед, наместо во август, како што првично беше најавено, ќе биде уредена по завршувањето на летната туристичка сезона. Ова е одговорот кој денес го добивме од Министерството за транспорт и врски, на прашањето кога ќе се започне со уредување на оваа плажа. Во однос на постапката за издавање на одобрение за уредување на плажата, од министерството велат дека тоа е во надлежност на општина Охрид. Инаку целата процедура започнува со барањето на општина Охрид за уредување на...
“Дневникот на лудиот“-претстава за шизофренијата на општеството
Post Views: 212 Конфликтот во секој човек, поделеноста, шизофренијата ова се клучните прашања на кои ќе се обиде да даде одговор претставата на битолскиот подвижен музички театар „Дневникот на лудиот“. Режисерот на претставата и основач на Подвижниот музички театар, Марјан Неќак вели дека идејата била да се направи нешто ново и несекојдневно. Според Неќак, претставата е актуелна и се претставува на еден специфичен аудио и визуелен начин. „Дневникот на лудиот“ е еден текст кој е многу провокативен кој иако е напишан пред 200 и нешто години е ужасно актуелен. Гогољ со тој текст сака...
КУД Отекс ќе го претстави македонскиот фоклор на меѓународен фестивал во Германија
Post Views: 220 КУД Отекс од Охрид, фолклорното друштво со 33 годишна традиција со целовечерен концерт ќе го претставува македонскиот фолклор на меѓународниот фолклорен фестивал во Германија. Овој реномиран фестивал важи за еден од најдобро организираните фестивали, а на него КУД Отекс се претставил веќе четири пати. Денес на дво-неделна турнеја замина помладиот, втор состав на ансамблот кој ќе се претстави со поголем дел од нивните кореографии. Фолклорните ансамбли и културно уметничките друштва се симбол на македонската култура и уметност, но и амбасадори и презентери на македонското...
Втора лидерска академија за жени на клубот Сороптимист од Струга
Post Views: 168 Втора лидерска академија за жени на клубот Сороптимист од Струга. Десет дена, 25 млади дами од различни земји ќе стекнуваат лидерски вештини кои ќе можат да ги применат во својот понатамошен професионален развој. Од лидерската академија велат дека пристапот на кој ќе се стекнуваат вештините е холистички односно активностите кои ќе ги имаат поттикнуваат развој на телото, срцето, умот и душата. „Сите активности кои тука ќе ги стекнат во текот на овие десет дена се практикување на животни вештини понатаму е прашањето е каде тие ќе ги применат и дефинитивно тие ќе им...
Високите температури го зголемија бројот на интервенции во „Кардиолошко“, докторите на приправност
Post Views: 160 Заводот за кардиоваскуларни заболувања последниов период работи со засилено темпо. Високите температури и топлото време го зголемија бројот на пациенти кои со ваков тип на симптоми се јавиле во оваа здравствена установа. Не ретко, пациентите кои се јавиле со некаков симптом поради топлото време биле и странци, односно туристи кои престојуваат во градот. Зголемувањето на температурата на воздухот значи и зголемување на телесната температура на човекот, а организмот се обидува да ја задржи нормалната телесна температура од 37 степени. Токму тој момент е опасен особено...
Неовластено ракување со водоснабдителните вентили ги остава лесковчани без доволно вода за пиење
Post Views: 160 Кој знае кое лето по ред, дел од жителите на Лескоец се соочуваат со недостиг на вода за пиење и недоволен притисок на истата. Од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ велат дека најголем проблем имаат оние жители кои сеуште се снабдуваат со вода од стариот водоводен систем. Најголемиот проблем во Лескоец, но и во Велгошти, според Влатко Иваноски, раководител на дистрибуција на вода во МЈП Проаква е неовластеното ракување со водоснабдителните вентили. „Тоа мора граѓаните да го сфатат, дека водата треба рационално да се користи. Проблеми има во Лескоец и...
Неисцрпната тема на ужасите на Холокаустот видена низ очите на два израелски театри
Post Views: 162 Судбината на евреите во едно мало село во Полска, фикција како театарско дело, но реалност како историја вечерва видена низ очите на двата водечки израелски театри Хабима и Камери. Претставата „Нашиот клас“ и првото официјално гостување на овие два театри во земјава, но и воопшто надвор од Израел со оваа претстава е по повод одбележвањето на дваесет годишнината од дипломатските односи помеѓу Македонија и Израел. „Ќе бидам краток, ќе го искористам овој момент, синоќа бев доцна во предворјето да слушнам дел од пробата, не треба да ја пропуштите, навистина е прекрасна...
Еколошки предизвици или еколошка катастрофа за Охридското Езеро?
Post Views: 214 Урбанизација на Студенчишкото Блато, изградба на хотели, нови плажи на крајбрежјето на Охридското Езеро, загадувањето на реките, уништувањето на трската, експресниот пат кој треба да минува низ националниот парк „Галичица“. Сите овие еколошки предизвици во последниов период ги вклучија алармите кај експертската јавност, но и кај граѓаните дека нешто мора да се преземе за да се спречи евентуалната деградација на најважниот еко систем во државата. Во обидот да се привлече вниманието, не само на домашната туку и меѓународната експертска јавност, кон овие исклучително...