Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Николај Лугански за ново и неповторливо музичко доживување на Охридско лето

Post Views: 186 Еден од најдобрите пијанисти на денешницата, рускиот виртуоз, Николај Лугански, вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето. Прекрасната акустика на црквата „Св.Софија“ ќе даде свој печат на концерот на Лугански, кому ова му е четврт настап на Охридско лето. Лугански е воодушевен од природните убавини на Охрид, за кои посака вечно да останат непроменети. Вечерва за музичките сладокусци тој избрал дела од двајца музички великани. „Денес ќе свирам музика од двајца автори Шуберт и Чајковски, Шуберт соната во ц-мол, две големи сонати, една од трите негови последни...

Продолжи со читање

Зачестени контроли врз работењето на приватните станоиздавачи

Post Views: 175 Во екот на летната туристичка сезона, локалната со засилени и зачестени контроли врз работењето на приватните станоиздавачи. Според евиденцијата на секторот за туризам и локален економски развој, во Охрид има пријавено околу 2100 приватни станоиздавачи. Од секторот велат дека имаат реални проблеми успешно да ги исконтролираат сите приватни станоиздавачи поради нивниот голем број. Од секторот за ТЛЕР велат дека таканаречените туристички редари во летниот период имаат полни раце работа, но и скоро невозможна мисија, обезбедување на почитување на законските прописи...

Продолжи со читање

Охриѓанец изумител на очила со кои докторите ги гледаат канцерогените клетки за време на операција

Post Views: 245 Охриѓанец изумител на револуционерна технологија која ги детектира канцерогените клетки во реално време во текот на самата операција. Професор д-р Виктор Груев, наш сограѓанин кој веќе дваесеттина години живее и работи во Сент Луис, во САД, во медицината влегува случајно, но таму открива едно огромно поле на применливост на неговиот револуционерен изум, камера која им овозможува на докторите за време на операција да ги видат канцерогените клетки и целосно да ги отстранат. Вградувајќи ја камерата на очила, слични како популарните Гугл глас, проф.д-р Груев се наоѓа...

Продолжи со читање

„Кармина Бурана“ најава за 40 исполнети вечери на фестивалот Охридско Лето

Post Views: 187 Со шпанскиот спектакл, прекрасната сценска кантата „Кармина бурана“ на продукцијата Ла фура делс Баус, македонската филхармонија и македонската опера и балет утревечер свечено се отвора 55то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Сцената на Антички е подготвена да ги угости посетителите, и уметниците кои според директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска ќе приредат концерт за уживање. Јанкуловска потенцира дека овогодинешниот концепт на фестивалот ќе подразбира дека сите вечери ќе бидат настани сами за себе, со свое значење и вредност. „Покрај свеченото...

Продолжи со читање

Педијатрите предупредуваат да се заштитат бебињата од канцерогените УВ зрачења

Post Views: 179 Внимателно со изложеноста на директна сончева светлина. Иако најчесто луѓето се загрижени поради високите температури, сепак најголемата опасност според докторите не доаѓа од високата температура на воздухот, туку од високиот индекс на УВ зрачењето. Педијатрите предупредуваат дека особено подложни на штетните влијанија на штетното ултравиолетово зрачење се бебињата и малите дечиња. Предупредуваат дека мајките во никој случај не би требало да ги изложуваат своите дечиња на директна сончева светлина од 11 до 17 часот како би се заштитила нежната бебешка кожа. „Кожата...

Продолжи со читање

Локалната чека средства од Министерство за транспорт за обележување на долгоочекуваните велосипедски патеки

Post Views: 271 Дали охриѓани конечно ќе добијат репрезентативни велосипедски патеки во очи се поинтензивниот развој на урбаниот велосипедизам? Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со локалната работат на создавање услови за што помасовна употреба на велосипедот како превозно средство, но и како средство за рекреација. Претседателот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Стефан Димоски вели дека идејата е велосипедска патека на секоја улица. „Ние како идеја го имаме тоа замислено, ставена е идејата на хартија, вметната е во годишната програма и секако...

Продолжи со читање

И по десет дена од почетокот на летниот режим на сообраќај, урбаната опрема на „Коста Абраш“ непоместена

Post Views: 158 Угостителите кои гравитираат на улицата „Коста Абраш“ во непосредна близина на кејот, не смеат да поставуваат урбана опрема на тротоарот, во периодот од 5 часот наутро до 20 часот навечер. Но и после 10 дена по стапувањето на сила на летниот режим на сообраќај, а со кој е регулирано поставувањето на урбана опрема на овој потег, масите и столиците не се поместени. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски потенцира дека согласно одлуката на Советот на општината за летниот режим на сообраќај, урбана опрема може да се поставува, но во периодот од 20 часот навечер...

Продолжи со читање

Изработката на стратегија за развој на туризмот прескапа за буџетот на локалната

Post Views: 179 Стратегијата за долгорочен развој на туризмот прескапа за општина Охрид. Овој исклучително важен документ се најавува неколку години наназад, но барем досега истиот не е изработен. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ова бил еден од приоритетите на локалната поставени уште на почетокот на мандатот, но досега ниту една институција од Македонија не пројавила интерес и желба да ја изработи стратегијата. Во преговори со неколку странски консултантски куќи пак, референтната цена која локалната ја добила за изработка на стратегијата ги надминувала можностите на општинскиот...

Продолжи со читање

Сообраќајни знаци и казни за граѓаните кои со автомобили ќе возат по новата пешачка патека

Post Views: 156 Уште недоизградена, новата пешачка рекреативна патека несовесни возачи ја користат како сообраќајница. Изминативе денови поголем број на граѓани реагираат на оваа негативна појава споделувајќи слики и видеа на социјалните мрежи. Оваа практика на охриѓани ја забележале и од локалната самоуправа од каде велат дека во најскоро време ќе бидат преземени мерки. „Седум-осум дена и до нас стигнуваат поплаки од совесни и загрижени граѓани дека пешачко рекреативната патека кај Студенчишта ја користат и автомобили. Она што ние следува да го преземеме во најкус можен рок е...

Продолжи со читање

Се е подготвено за јубилејното 55то издание на фестивалот Охридско лето

Post Views: 164 Се дотеруваат последните финеси пред почетокот на јубилејното 55то издание на нашата најреномирана културна манифестација, фестивалот Охридско лето. Директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска вели дека сите сцени на кои ќе се играат прекрасните театарски претстави, на кои ќе се изведуваат некои од најзначајните светски музички дела се подготвени да ги примат изведувачите, но и верната публика која од година во година го следи фестивалот. „Ние сме кон крајот, односно завршени. Уште вчера сцената на Долни Сарај потврди дека е готова бидејќи е освежена. Антички...

Продолжи со читање

Охриѓани први во фрапантниот тренд на иселувања од државава

Post Views: 166 375 охриѓани само изминатава година решиле да го напуштат родното огниште и спасот од тешката финансиска ситуација да го побараат во странство. Ова се дел од фрапантните податоци со кои минатата недела излезе Државниот завод за статистика, а кои се однесуваат на миграциите на населението. Само во 2014та државата ја напуштиле 740 граѓани во потрага по подобар живот. Охриѓани се наоѓаат во самиот врв на уште еден негативен тренд, а тоа е миграцијата во некој од другите градови во државата, каде единствено пред нас според статистичките податоци котира главниот град...

Продолжи со читање

Архитектонскиот развој на Охрид треба да биде предмет на разгледување на повеќе струки

Post Views: 368 Охридската архитектура и развојот на градот треба да бидат природна архитектонска револуција која ги доближи различните временски стилови, а нема да ги конфронтира. Според професор д-р Мишко Ралев од Факултетот за архитектура при „Американ колеџ“ смета дека секое архитектонско дело мора да биде промислено и да е децении понапред од сегашноста во која треба да функционира. Тој смета дека охридската архитектура не смее да се става во временска капсула затоа што тоа не е музеј, но додава дека секоја промена и архитектонска еволуција мора да се прави без да се уништи...

Продолжи со читање