Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 3 Да му помогнеме на малиот Кирил кој само што зачекори во животот мора да се бори со тешка болест. Ова единаесетмесечно бебе чиј татко Горан потекнува од Охрид боледува од многу редок тип на малигден тумор на левата хемисфера од големиот мозок. Неговото лекување чини помеѓу 70 и 90 илјади евра во зависност од ефективноста и начинот на лечењето. Средствата се итно потребни бидејќи лекувањето на малечкиот Кирил мора да започне наредната недела во Израел, а семејството Митрески кои моментално се наоѓаат во Киев, не можат сами да ги обезбедат овие средства. Горан и...
Постои интерес за изградба на нови бродови кои ќе пловат по Охридското Езеро
Post Views: 7 Дали ќе станат реалност приватните замисли на наши сограѓани за изградба на нови бродови кои ќе пловат низ водите на езерото? Вакви идеи неофицијално се стигнати и до Капетанијата на пристаништата на Република Македонија од каде велат дека доколку истите се реализираат, тоа ќе значи можност на странските туристи да им се понуди една посеопфатна туристичка услуга. „Современите текови во туризмот го чинат своето. Во Охрид има се повеќе странски туристи на кои што треба да им се понуди не само услуга транспорт туку и да им се понуди една покомплексна услуга. Така да...
Шпански темперамент и македонска музикалност во едно
Post Views: 4 Од Мајорка, преку Барселона, до Охрид и Буково. Вака некако изгледа животната траекторија, на познатата шпанска музичарка со македонско потекло Маика Маковски. Таа деновиве беше во посета на нашата земја, и нејзините роднини во Охрид. Во Македонија, освен желбата да се види семејството ја донесе и работата. На неколку локации низ земјава, таа заедно со нејзиниот бенд снима видеа за нејзиниот најнов албум кој наскоро треба да доживее промоција. „Бевме во Скопје, во Маврово, сега во Охрид, Битола и Буково, тоа е малото село од каде потекнува татко ми, па потоа...
Саботна авантура за љубителите на планината и природата
Post Views: 7 Саботна авантура за љубителите на природата, планината, прошетките. Екипата за спасување во планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид ќе ги поведе сите заинтересирани од Корита до Липова ливата на нашата прекрасна Галичица. Овој интересен настан се организира во рамки на одбележувањето на неделата за срцево-садови заболувања. „Јас би рекол дека интересна треба да биде за сите граѓани бидејќи е една рекреативна тура која што нема некои особени побарувања во физичка смисла од страна на посетителите. Можат буквалнно сите да дојдат на оваа тура,...
Човечки фактор најверојатно причина за појавата на нафтената дамка наспроти Инекс
Post Views: 3 Нафтената дамка која се појави во тревната површина во непосредна близина на хотелот Инекс Горица најверојатно е причинета од човечки фактор. До вакви индиции дошол тимот на Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа, а во кое тело делуваат претставници од СВР Охрид, Центарот за управување со кризи и јавните претпријатија од градов. По добиена информација од загрижени граѓани, тимот уште вчера излегол на терен со цел да утврди дали нафтената дамка претставува потенцијална опасност за граѓаните и животната средина. Тие констатирале дека таква опасност...
Сезонска работа и за социјалните случаи без да го загубат правото на надомест
Post Views: 10 Полесно ангажирање на сезонски работници со последните измени во Законот за работни односи. Овие измени, како што велат од Министерството за труд и социјална политика во исто време ќе обезбедат и полесен пристап до пазарот за труд за невработените, но и истовремено почитување на барањето на работодавачите за нивно полесно ангажирање. Главна цел на измените, според портпаролот на Министерството за труд и социјална политика, Давор Политов, е пред се ангажирање на корисници на социјална парична помош и обезбедување на посебна заштита на одделни категории на...
Земјите од Балканот на заедничка школа за справување со тероризмот во Охрид
Post Views: 6 Земјите од Балканот разменуваат искуства и теоретски знаења за најдобрите методи за справување со глобалната закана тероризмот. Од вчера, па се до 19ти февруари повеќе од четириесетина учесници од десет различни земји ќе учествуваат на напредната школа за справување со заканата од тероризам во Југоисточна Европа. „Ова се високи претставници од разни институции од земјите во регионот, ќе придонесат за зајакнување на личните врски, за соработката помеѓу земјите во регионот бидејќи размената на информации е мошне значајна. Како што знаете Европа во последниве...
Револуционерна стоматолошка алатка достапна во Охрид
Post Views: 11 Идентификација на кариес без штетните икс-зраци, идентификација на мали кариеси невидливи со други дијагностички методи, идентификација на кариеси под стари полнења кои што исто така не се видливи со други дијагностички методи, јасен мониторинг и јасни слики кои што секој може да ги разбере и да види која е неговата состојба. Ова се само дел од многуте можности кои ги нуди новата револуционерна стоматолошка алатка, Дијагнокам, дијагностичка камера за откривање на кариес. Оваа нова технологија веќе е присутна во Охрид и се применува во стоматолошкиот центар...