Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Младите инженери од техничките факултети го добија високото признание „Инженерски прстен 2015та“

Post Views: 435 19 млади дипломирани инженери од техничките факултети го добија ласкавото признание „Инженерски прстен 2015та“. По дванаесетти пат, традиционално на Плаошник, ова високо признание на најдобрите студенти им беше доделено од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Претседателот во своето обраќање до студентите рече дека од нив очекува да се фрлат во динамичните води на технолошкиот напредок и да не се плашат од предизвиците. „Немојте да се задоволувате со безбедноста на базенот или пријатноста на езерото, наместо тоа храбро запловете во океанот на инженерството,...

Продолжи со читање

Струшкиот градоначалник го раскина договорот со старите и ангажира нови фирми да го чистат снегот од струшките улици

Post Views: 286 Струшкиот градоначалник, Зијадин Села бара спас од проблемите со снегот, со ангажирање на нови фирми за чистење на снегот од улиците. Неговата одлука во најголемите снегови да го раскине договорот со двете фирми кои претходно беа ангажирани да го расчистуваат снегот од струшките улици, предизвика големи контроверзии во јавноста. Ваквата одлука, тој ја правда тврдејќи дека фирмите не ги испочитувале условите во договорот кој го склучиле со општината. Во него, меѓу другото, стоел и условот, овие фирми да започнат со чистење на снегот кога истиот ќе достигне висина од...

Продолжи со читање

Жители од струшките села протестираа пред локалната во Струга, се жалат на немање струја, вода и неисчистени патишта

Post Views: 409 Повеќе жители на Делогожда, Подгорци и дел од другите села во струшката околина денес протестираа пред зградата на локалната самоуправа во Струга. Тие го изразија својот револт поради ситуацијата во која се нашле по обемните врнежи од снег во целиот југозападен регион. Денес со транспаренти во рацете се пожалија на катастрофална состојба на патиштата, недостаток на вода, струја како и лошо менаџирање со општината. Членови од иницијативниот одбор за протестот, кои за жал немаа преведувач на македонски јазик, поставија неколку барања до градоначалникот на Струга, Зијадин...

Продолжи со читање

Отворена мониторинг станица за следење на квалитетот на водата во охридско-преспанскиот слив

Post Views: 411 Ќе се следи квалитетот на водата во Преспанското Езеро преку мониторинг станицата во Преспа која ќе има за цел обезбедување на квалитет на водата и во Преспанското но индиректно и во Охридското Езеро. Според Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, оваа станица е од големо значење бидејќи примероците на вода ќе бидат директно следени со брод односно лабораторија која се наоѓа во Преспанското Езеро и директно анализирани во мониторинг станицата. „Тие анализи и резултати ќе покажат кои мерки ќе треба во иднина да се преземаат и...

Продолжи со читање

Нов изглед на струшкиот плоштад и реконструкција на Споменикот на револуцијата-дел од плановите на градоначалникот Села

Post Views: 656 Реконструкција на струшкиот плоштад со зачувување на „Споменикот на револуцијата“ се дел од плановите на градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Состојбата во која се наоѓаат истите години наназад, бараат што е можно побрза реакција од страна на локалната самоуправа од Струга. Градоначалникот Села смета дека стружани заслужуваат едно убаво решение како градски плоштад во кое сите граѓани ќе можат да уживаат.„Сакам еден друг поглед да дадам на центарот на градот. Да не е ова што е, да имаме еден добр објект, добар плоштад, а не вака, да имаме еден плоштад кој е запоставен...

Продолжи со читање

Природното и културно наследство на регионот на Охридското Езеро ќе се става под интегрирана заштита

Post Views: 327 Попис на сите културни и природни богатства кои ги има регионот на Охридското Езеро и во македонскиот и во албанскиот дел. Вака треба да започне проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наследство во регионот на Охридското Езеро. Овој проект цели кон разрешување и отстранување на сите закани кон природните и културните вредности на овој регион и нивна интегрирана заштита и во Македонија, и во Албанија.„Интегрираната заштита на целокупниот охридски регион значи всушност еден нов квалитет, најмногу во областите на заедничка грижа за квалитетот...

Продолжи со читање

Тешко се дијагностицираат ретките болести, но уште потешко се стигнува до информации за нив

Post Views: 427 Сеуште се подготвува регистарот на ретки болести во Република Македонија. Во него треба да се вклучат сите пациенти со ретки болести, и оние што веќе се лекувале на товар на Фондот за здравство, и оние кои досега не биле институционално згрижени, но и пациенти за кои нема лекови. Регистарот никогаш не може да биде конечен, бидејќи секогаш ќе има нови пациенти кои се дијагностицираат, вели Весна Алексовска, претседател на здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. Во светот постојат 8000 откриени ретки болести, од кои за само 250 има терапија. Според...

Продолжи со читање

„Поезијата ја има моќта да ја направи туѓата земја како родно место“-порача годинешниот лауреат на СВП, Ко Ун

Post Views: 411 „Поезијата не познава граници и далечини. Родното место е како утопија, место за душата каде мирот целосно се реализира. Поезијата има моќ да ја направи туѓата земја како родно место.“ Со овие зборови, годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, јужнокорејскиот поет Ко Ун ја појасни својата врска со Струга, со Миладиновци и потребата и желбата да биде дел од една од најзначајните поетски манифестации во светот.„Благодарение на топлото гостопримство од Мите Стефоски, Славе Димоски и сите соработници на Струшките вечери на поезијата и дамите и господа поети...

Продолжи со читање

Фолклорниот фестивал „Пображење“ во Вевчани годинава во знакот на регионалната етнологија

Post Views: 402 Научната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот а ќе говорат Доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог од Управата за заштита на културното наследство, м-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог и претседател на Националниот Комитет за Македонија. Инаку годинешново издание на Фестивалот ќе измине без најавените фолклорни содржини и концертот на групата Љубојна. Од КУД  Дримкол-...

Продолжи со читање

Бауцентарот „Набизи“-Струга со голем саем на најпознатите светски брендови на апарати, алати и машини

Post Views: 1.027 Голем саем на најпознатите производители на алати, машини и електрични апарати. Најголемиот бауцентар „Набизи-Струга“ денес со вистинско изненадување за стружани. На едно место, по дисконтирани цени, на сите заинтересирани им понуди запознавање со најновите производи од програмите на Горење, Сименс, Метабо, Електромашинен, Униор, Вурт и Макита. Посетителите навистина задоволни од она што имаа можност да го видат.„Во секој случај, ова е нешто ново за Струга, ова што се случува. Имаме овде поволни цени, гледам овде познати светски брендови од различни производители...

Продолжи со читање

Њу Јорк Тајмс ја смести Македонија во 52те земји кои треба да се посетат во 2015та година

Post Views: 243 Македонија дел од 52те земји кои туристите мора да ги посетат во 2015та година според Њујорк Тајмс. Овој престижен американски весник, составил цела листа од земји, региони, градови во светот кои оваа година треба да бидат вистински хит меѓу туристите. Македонија, според Њу Јорк Тајмс е следната Балканска дестинација. Во текстот објавен во секцијата за патувања, Македонија е претставена како земја на амбиентални манастири, земјата на прекрасното Охридско Езеро, но и земја за љубителите на авантура. Шар Планина со нејзините услови за планинарење, па и нашата винска...

Продолжи со читање

Струшките пензионери се пожалија на ФЗОМ дека незаконски им се наплаќа партиципација во здравството

Post Views: 253 Пензионерите од Струга денес заедно со правникот и докторот соработник на ФЗОМ се запознаваа со правата од нивното здравствено осигурување. Фондот денес им организираше едукативна работилница како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Сојузот на пензионери на Македонија. Од Здружението на пензионери рекоа дека ја поддржуваат ваквата иницијатива и изразија надеж дека по денешната работилница ќе бидат разрешени најголемиот дел од проблемите кои тие ги имаат од областа на здравственото осигурување. А еве со кои проблеми најчесто се соочуваат.„Најискрено да ви...

Продолжи со читање