Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Државно првенство во ловење риба со пливка на Црн Дрим

Post Views: 7 Викендов на кејот на реката Црн Дрим во Струга се одржа Државното првенство за кадети и јуниори во организација на Македонската Риболовна Федерација. На натпреварот во ловење риба со пливка, учествуваа 4 екипи на кадети, кои се натпреваруваа екипно и поединечно, 9 јуниори кои се натпреваруваа поединечно и една кадетска екипа на девојчиња, кои имаа настап од ревијален карактер. Во кадетска конкуренција, поединечно, првото место го освои Илија Рупев од Св.Стефан од Охрид, второ место го освои Еми Трендафилова од екипата на Професионал од Велес, а третото место...

Продолжи со читање

Ќе се градат објекти од тешка и загадувачка индустрија во Долна Белица

Post Views: 11 Ќе се градат објекти од тешка и загадувачка индустрија во Долна Белица-Струга. Општина Струга објави оглас за продажба на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија со вкупна површина на градежната парцела од 59.875 метри квадратни. Во делот од огласот кој се однесува на намената на земјиштето, стои ознаката Г1-тешка и загадувачка индустрија. Според правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање на Министерството за транспорт и врски, во оваа група спаѓаат сите видови индустриски погони  кои имаат големи енергетски барања, голем...

Продолжи со читање

Балканските земји, привлечна дестинација за туристите од Далечниот Исток и Индија

Post Views: 9 Кружни тури за туристи од Далечниот Исток наскоро се очекуваат и на македонскиот туристички пазар. Според Емил Димитровски, член на Управниот одбор на Стопанската комора за туризам, во наредниот период, европските дестинации ќе бидат повеќе барани, за разлика од дестинациите на Блискиот Исток. Тој смета дека во 2016та пред се ќе има интерес за турите на Јадранско и Егејско Море, Грција, Италија и Шпанија. Што се однесува до Балканот, Димитровски вели дека се поактуелни ќе стануваат кружните тури за туристите од Далечниот Исток, Јапонија, Кореа и Индија, за кои тој...

Продолжи со читање

Синот на почината пациентка застрела доктор во Скопскиот клинички центар

Post Views: 19 Револтиран син на пациентка која била лекувана на клиниката, со огнено оружје влегол во болницата и пукал кон 39 годишниот хирург. Причина за ваквата реакција на напаѓачот било тоа што неговата мајка која била лекувана и оперирана, починала на одделението за дигестивна хирургија. Овој инцидент предизвика низа реакции кај целокупната јавност, и во реалноста и  на социјалните мрежи.  Први се огласија лекарите од клиничкиот центар, кои веднаш по инцидентот ги откажаа прегледите и операциите, за подоцна нивниот став да го сублимираат во барање за оставка на...

Продолжи со читање

Борците од НОБ се сеќаваат на судбоносниот 9ти мај 1945та и победата над фашизмот

Post Views: 6 Струшките борци се присетија на судбоносните настани од 9ти мај 1945та година и радосната вест за победата над фашизмот. Денес, тие, заедно со претставници од политичките партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, положија свежо цвеќе пред „Споменикот на револуцијата“ во Струга, а пригодна реч одржа и претседателот на сојузот на борци и граѓани продолжувачи од Струга, Ајредин Мемеди. Дел од свеченоста беше и еден од малкуте живи сведоци на последните денови од фашистичката окупација, борецот Илија Балоски. Тој за ТВМ раскажа како утрото, на 9ти мај, бидејќи бил дежурен офицер,...

Продолжи со читање

Институтот за комуникациски студии ги отвори вратите за идните магистри

Post Views: 7 40 студенти ќе добијат можност да запишат магистерски студии по Менаџирање на стратегиски комуникации во рамки на Институтот за комуникациски студии од Скопје. На распишаниот конкурс за запишување на магистерски студии институтот нуди едногодишна и двегодишна студиска програма. Според менаџментот на овој институт, ова е одлична можност за постдипломците да стекнат комуникациски и лидерски способности благодарение на знаењата на реномираните професори, истражувачи и професионалци кои им го пренесуваат своето знаење. Управување со стратегиски комуникации, интегриран...

Продолжи со читање

Млади архитекти од цела Европа ќе работат на нов изглед на градскиот плоштад во Струга

Post Views: 4 Нов архитектонски изглед на градот на мостовите, соседна Струга. Петнаесетина млади студенти по архитектура, архитекти и дизајнери во наредните дваесет дена ќе работат на осмислување на нови урбани решенија за градскиот плоштад и воопшто централното градско подрачје во Струга. Според студентот од Техничкиот универзитет во Виена, Гоце Чавкоски, една од главните цели на проектот „Градот кој никогаш не спие“ е да се дојде до архитектонско решение со кое сите граѓани ќе се задоволни и во чие создавање сите граѓани ќе учествуваат. „Треба да придонесеме и да дадеме еден...

Продолжи со читање

Организирање на конгреси, и воведување на новитети за гостите со цел продолжување на туристичката сезона

Post Views: 8 Април, мај, јуни, септември и октомври традиционални месеци за организирање на конгреси и семинари. Конгресниот туризам според хотелиерите, нуди одлична можност за продолжување на летната туристичка сезона. Менаџерот на хотелот „Дрим“ од Струга, Ана Јанчева-Дудановска, вели дека се задоволни од резултатите кои се остваруваат преку организирањето на големи конгреси и семинари, но додава дека најголем бенефит од конгресниот туризам би се почувствувал доколку истиот би се практикувал во текот на зимските месеци кога според неа ретко и да има било каков туризам на...

Продолжи со читање