Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Слаб интересот кај полуматурантите за угостителската струка, гимназијата скоро со исполнети капацитети

Post Views: 167 Охридските средни училишта полека но сигурно ги исполнуваат своите капацитети. На крајот од првиот, јунски уписен рок после двете пријавувања, солидни бројки покажуваат во општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“. Таму, според директорот Јане Цаноски, најголем интерес полуматурантите покажале за профилите електротехничар за компјутерска техника и автоматика, профилот техничар за патен сообраќај и профилот козметичар-техничар во струката лични услуги која веќе е оформена како паралелка иако има уште некое слободно место. „Како училиште, општинскиот...

Продолжи со читање

Првите патници од Базел слетаа на Охридскиот аеродром

Post Views: 182 Слетаа првите патници од нововоспоставената авиолинија Базел-Охрид-Базел на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“. Оваа директна линија е втора што во период од две недели се отвора летово од нашиот аеродром, после онаа до Лондон односно Лутон. Дел од 179те патници кои допатуваа од Базел се наши гастербајтери кои после повеќе децении за прв пат доаѓаат во родниот крај. Еве што значи воведувањето на оваа директна авиолинија за нив. „Многу, инаку тешко, Скопје се малтретиравме. Добро е, задоволни сме, прифатлива е цената, многу сме задоволни.“ „Еднаш на два три...

Продолжи со читање

Одење по жица, огнено шоу, кловнови, магионичари на вториот „Баскер фест“ во Охрид

Post Views: 177 Охрид втора година со ред домаќин на фестивалот на улични перформанси „Баскер фест“. На десетгодишнината од овој исклучително популарен уличен фестивал, охриѓани ќе можат да уживаат и да се воодушевуваат во голем број несекојдневни улични перформанси. „И оваа година како лани ќе претставува еден комплементарен дел на манифестацијата „Бело лето“, и се надеваме дека само со тоа ќе го дополниме целокупниот впечаток што се однесува до симболичниот почеток на летната туристичка сезона. Претпоставувам и сум убеден дека со овие активности кои што испланиравме да се одржат...

Продолжи со читање

Локалната со летниот режим на сообраќај ќе го регулира и поставувањето на урбана опрема на ул.„Коста Абраш“

Post Views: 173 Од денес па до крајот на месец Август, посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје. Медитеранското катче како што своевремено локалната го нарече пресекот на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ од денес станува пешачка зона која што е поврзана со чаршијата и Кеј „Македонија“. Според посебниот режим на сообраќај, на овие улици од 5 часот наутро до 20 часот навечер ќе важи забрана за сообраќај, освен за жителите на Стар град, додека од 20 часот до 5 часот следниот ден ќе има целосна забрана за сообраќај за сите граѓани, освен за специјалните возила...

Продолжи со читање

Нема откажувања на туристичките аранжмани за Грција во охридските агенции

Post Views: 164 Нема откажувања на туристичките аранжмани за Грција во контекст на актуелните случувања кај нашиот сосед. Додека очите на Европската Унија се вперени кон оваа земја, во екот на летната туристичка сезона, во некои од медиумите се пренесува слика на граѓани кои брзаат да ги повлечат своите парични средства од банките, а проструи и информацијата дека во Грција има недостаток на гориво, како и тоа дека се лимитирани износите на средства кои може да се повлечат од банкоматите. Според дел од туристичките агенции од Охрид кои на клиентите им нудат аранжмани во Грција,...

Продолжи со читање

Охридското гинеколошко одделение има капацитет за да ги пречека родилките од целиот регион

Post Views: 226 Капацитетите на охридското гинеколошко одделение се доволни за да ги опслужат пациентите најмалку во наредните дваесет години. Директорот на Општата болница од Охрид, д-р Љубен Арнаудов, вели дека уште при реконструкцијата на болницата, капацитетот на одделенијата бил зголемен за четириесет проценти, вклучително и на одделението за гинекологија. Од тука, според него, апсолутно се подготвени да ги примат и оние родилки кои ќе допатуваат од Ресен по информацијата за затворањето на породилиштето во овој град. Д-р Арнаудов потенцира дека тие и досега работеле со трудници...

Продолжи со читање

Децата кои питачат во Охрид привремено ќе се сместуваат во транзитен центар

Post Views: 179 Отворен транзитниот центар во Охрид, за децата кои питачат. Истиот е дел од заедничкиот проект „Општинско корисна работа“ на Министерството за труд и социјална политика односно Центарот за социјална работа од Охрид и Локалната самоуправа . 11 лица, ангажирани преку овој проект, ќе работат на спроведување на проектот по градинките, додека втората активност се однесува токму на третирање на проблемот со децата на улица односно децата кои питачат. „Министерството ни даде можност, ни обезбеди просторија за која се плаќа кирија и тие се наоѓаат во просториите на Трудбеник...

Продолжи со читање

Нов вандалски чин-сега настрадаа и жардињерите на новата пешачка патека

Post Views: 183 За само неколку дена уште еден вандалски чин на несовесни граѓани на новата пешачка патека. По дрвцата овој пат настрадаа поставените жардињери кои треба да ја разубават оваа патека и да и дадат модерен изглед. Несовесни граѓани го искршиле украсниот мермер со кој се поплочени жардињерите, а кој штотуку почна да се поставува. Овој чин утринава бил забележан и од вработени лица во ЈП „Охридски комуналец“ како и од оперативците кои ги изведуваат градежните работи на пешачката патека. Од локалната самоуправа изразуваат жалење за ваквиот чин. Велат дека е неразбирливо...

Продолжи со читање

30 дечиња од Македонија и Турција подготвија тројазична претстава за охридската публика

Post Views: 170 Земјата Фантазија е загрозена и само ако на Бастијан, детинестата Кралица и другите нивни пријатели им успее наново да ја создадат и со нивните сништа и желби повторно да ја оживеат, таа може да биде спасена. Ова е само мал вовед од големата претстава која 30 дечиња од Македонија и Турција заеднички ја подготвуваат во рамки на првиот меѓународен театарско јазичен камп на кој домаќин е основното училиште „Григор Прличев“. „Идејата потекна од ланскиот камп во Истанбул, кога исто беше во организација на Гете институт. Се одлучивме да направиме еден камп, нешто малку...

Продолжи со читање

Global Challengers: „Нема големи натпреварувања без спонзори“

Post Views: 329 Милчо „Nacho“ Кироски, Слободан „Danko“ Боев, Мартин „Hex“ Ангелоски, Димитрије „Dreadon“ Јовановиќ и Зоран „Busilica“ Стојановски е огнената кантер страјк петорка на Global Challengers од новиот бран млади охридски играчи. Моментално рангирани на самиот врв во Македонија велат, со судни маки и многу откажувања, успеваат да го извлечат максимумот од себеси и од секоја ситуација. Сепак, немаат некој позначителен настап на некој поголем турнир. Проблемот лежи во финансиите. Капитенот на екипата, Милчо Кироски вели дека одвојуваат од сопствениот буџет за да направат...

Продолжи со читање

Хортикултурното уредување на новата пешачка патека-мета на несовесни граѓани

Post Views: 183 Младите новопосадени дрвца кои треба да ја красат новата модерна пешачка патека која се гради од Центарот за обука на вода накај Горица прва, не успеаа да преживеат ниту неколку дена.Најверојатно синоќа истите биле мета на несовесни граѓани кои ги искршиле гранките на овие дрва. Случајни минувачи зад камерите коментираат дека дури и кога се случува нешто добро за градот не може да помине без некој ваков несовесен чин. Оваа пешачка патека ќе претставува авенија широка 12 метри во прва фаза долга 210 метри, со пешачка и велосипедска патека, а доколку успее да одолее...

Продолжи со читање

Демант на концесионерот на плажата „Потпеш“

Post Views: 196 Во врска со прилогот за плажите на потегот Потпеш и Канео, емитуван во Дневникот на ТВМ на 24.06.2015г., до нашата редакција стигна демант од концесионерот на плажата Потпеш. Во него, меѓу другото, се бара објавување на записникот од извршениот инспекциски надзор во кој е констатирано дека нема никакви неправилности во работењето, односно дека дека плажата целосно го почитува соодносот на 40 % слободна површина за сите граѓани и 60 % површина на која се поставени реквизити (лежалки). Дополнително, концесионерот на плажата Потпеш во нивниот демант не информира дека...

Продолжи со читање