Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 8 Концесиите за стопански риболов во Охридското и Дојранското Езеро, како и акумулацијата Шпилје, денес и официјално доделени. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денес ги врачи договорите за концесија. Носител на концесијата за стопански риболов во Охридското Езеро ќе биде ПАСТРМКА 2012, за Дојранското, ФИШИЛАН ДООЕЛ – НОВ ДОЈРАН, додека за Шпилје концесијата им припадна на ЗЗ ОХРИДСКА ПАСТРМКА – СТРУГА. Начините и условите за користење се утврдени во риболовните услови. Во риболовните основи воедно е одредена и висината на...
Позната шпанска музичарка со македонски корени смета дека природните убавини на Охрид треба да останат недопрени
Post Views: 7 Ова е Маика Маковски, во Охрид и земјава малку позната, но во Шпанија сериозна и позната музичарка со долгогодишна кариера. Со Македонија ја поврзува долга приказна и корени кои пред само три години ги открила. Таа е половина Македонка, по потекло од Буково. Вели дека Охрид го памети по неверојатните природни убавини, недопрената дивина, уникатноста на местото. Кога слушнала за најавените проекти за изградба на монденски плажи, ски центри и останатите проекти долж Охридското крајбрежје била ужасната од помислата дека можеби следниот пат кога ќе дојде во нејзината...
И локалната и граѓаните решението на проблемот со кучињата скитници го гледаат во изградба на стационар
Post Views: 6 Три месеци не делат од стартот на туристичката сезона. И ова лето по се изгледа во македонскиот туристички бисер по парковите, плоштадите, улиците ќе шетаат глутници бездомни кучиња. Решението на овој горлив проблем со години наназад се гледа во изградбата на стационарот за кучиња кој барем досега е само пуста желба на граѓаните. Веќе извесен период, без скоро никакви средства, со повремени донации од странци како и дел општински средства, активистите од здружението Анималиа се борат за изнаоѓање на најадекватното решение за проблемот со кучиња скитници, но хумано...
Македонија со серија предлози за Грција, во однос на спорот за името
Post Views: 6 Со предлози кои варираат од отворање на нов граничен премин со Грција во Маркова нога, па до подготвеност за средби на највисоко политичко ниво, Република Македонија покажува активност пред генералното собрание на ОН во Септември. Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски вели дека целта на нашата земја е да се создаде што е можно поповолна клима во однос на спорот со Грција околу уставното име на Македонија. Попоски смета дека нашиот јужен сосед треба сериозно да пристапи кон македонските иницијативи, доколку се искрени нивните намери...
Неиспочитувано решението за отстранување на поранешна летна тераса на угостителски објект
Post Views: 5 И покрај донесено решение од општинскиот инспекторат за отстранување на летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо, дрвената конструкција сеуште стои на истата локација. Поминаа два месеци откако инспекторатот усно и писмено го известил сопственикот на објектот дека истиот треба сам да ја отстрани конструкцијата. Кога ТВМ претходно известуваше на оваа тема, на крајот од минатата година, од општинскиот инспекторат, преку Одделението за односи со јавност при Локалната самоуправа, бевме информирани дека доколку сопственикот на објектот не постапи по...
Чист Охрид со мисија да ја подигне јавната свест за чистотата во градов
Post Views: 8 Да се подигне свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина, што влијае и врз здравјето на луѓето. Ова е целта која пред себе си ја зацртале неуморните активисти на иницијативата „Чист Охрид“. После пет организирани акции во кои несебично чистеа отпад на локации во Воска, населбата Христо Узунов, околу музичкото училиште и градската болница, тие не покажуваат знаци на замор. Иако велат дека досега имале можност да видат многу отпад. „Најплодно би рекол дека беше чистењето на плажите во Воска, имаше секаков вид ѓубре, како тракторски гуми, чадори,...
Панихида, свежо цвеќе и пригодна реч за ловороносецот Григор Прличев
Post Views: 8 Втор ден чествување на ликот и делото на најистакнатиот охридски поет, ловороносецот Григор Прличев. Денес во неговата спомен куќа претставници од локалната самоуправа, институциите од градов што го носат името на Прличев, родители и ученици уште еднаш се присетија на значењето на овој голем охридски деец. „Ќе не потсети дека системот на вредности се темели токму на личниот пример. Татко имаме еден, а таткојната е многу татковци. Мајка имаме една, а таткојната е илјадници мајка. Братја имаме пет или десет, а таткојната е неброени братја. Еден чоек што не си ја...
Глигор Стојковски годинешен лауреат за најдобра поема “Григор Прличев”
Post Views: 10 Поемата “Завет, јад”, со поднаслов “Кирил 1830, Кирил 2001”, е поетскиот восклик кој годинава на познатиот македонски новинар и публицист Глигор Стојковски му ја донесе престижната награда за најдобра поема за 2015та, “Григор Прличев”. Поемата говори за судбината на прекрасниот Лешочки манастир и едно име, великанот Кирил Печиновиќ кој го возобновува манастирот во 1830та, но и поетовата реакција кон претпоставеното однесување на владиката Кирил во чија надлежност беше манастирот за време неговото вандалско разурнување во 2001та...