Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

34 вработени со договор на дело во градинката „Јасна Ристеска“ го решија својот работен статус

Post Views: 187 После долги години работа со волонтерски статус, денес 34 вработени во детската градинка „Јасна Ристеска“ го решија својот работен однос. Дофоворите за работа на неопределено време ги добија благодарение на Законот за трансформација на работниот однос, чие донесување беше иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески.„Тоа е потврда на напорите и посветеноста на Владата на Р.М но и локалната самоуправа за вработените во јавните институции, државните институции но тоа е и дел од напорите кои локалната ги прави со цел да го подобри квалитетот на услугите кои ги даваат...

Продолжи со читање

Наредната недела се бира фирмата која ќе ги санира и асфалтира дупките низ охридските улици

Post Views: 170  Се наѕира конечната замена на бекатон плочките со кои беа крпени ударните дупки низ охридските улици.  Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици информираа дека пред три работни дена завршила тендерската постапка за јавна набавка на асфалт за санација на улиците, што во текот на зимскиот период беа крпени со бекатон плочки.„Се прибраа понудите од економските оператори за реализација на истиот тој јавен оглас кој што го спроведе општина Охрид. Во текот на наредната работна недела економските оператори кои се јавија за оваа јавна набавка ќе бидат викнати...

Продолжи со читање

Соработка помеѓу граѓанските организации за предизвикување општествени промени

Post Views: 167 Потребна е соработка помеѓу граѓанските организации со цел постигнување на некаква општествена промена. Ова е една од мислите водилки кон кои е насочен проектот Цивика Мобилитас под мотото „Твој простор, твој глас“. Денес тие одржаа регионален форум за граѓанските организации од југозападниот регион, на кој беше дискутирано околу потребата од поттикнување соработка помеѓу самите граѓански организации, но и граѓаните, со цел да се постигне некаква заедничка поширока општествена цел. „И според наши истражувања, некаде сме на средина би рекла. Има активности за да се...

Продолжи со читање

Охрид пулсира во ритамот на ракометот со кампот на Андреа Лекиќ

Post Views: 304 Трет ракометен камп на Андреа Лекиќ. Охрид деновиве пулсира во ракометниот ритам. 67 девојчиња од десет различни земји седум дена ќе ја учат ракометната игра од исклучително стручниот тим на Академијата Лекиќ.  Најдобрата ракометарка на женскиот ракометен клуб Вардар и капитен на српската ракометна репрезентација, Андреа Лекиќ вели дека е навистина задоволна што овој камп се случува токму во Охрид. Во седумте дена колку што трае кампот, Лекиќ вели дека ќе пробаат да ги насочат децата во вистинскиот правец, да напредуваат колку што можат во ракометните сегменти но...

Продолжи со читање

ЕВН: Откорнатото орманче во населбата „Бараки“ безбедно

Post Views: 644 Нема непосредна опасност од откорнатото орманче во населбата „Гоце Делчев“-тврдат од ЕВН Македонија. ТВМ во повеќе наврати информираше за состојбата во која се наоѓа ова орманче кое повеќе пати досега беше цел на вандалски напади. Денес екипи на ЕВН Македонија излегле на терен со цел да утврдат дали истото претставува непосредна опасност по минувачите. Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски информираше дека екипите констатирале дека орманчето е безбедно, односно дека жиците имаат соодветна изолација и дека нема присуство на влага во него. Иако ова прашање во повеќе...

Продолжи со читање

Да се создаде работа наместо да се бара вработување

Post Views: 635 Менување на ставови и надминување на крајната цел за младите, да најдат вработување. Наместо тоа, истите да се охрабрат да ја прескокнат црвената линија и да се обидат сами да создадат работа. Ова е најважната цел на летниот камп за млади претприемачи кој се одржува во Охрид. Дел од него се и двете средни стручни училишта, „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид, и „Нико Нестор“ од Струга. Младите средношколци велат дека овој интерактивен камп навистина ги учи на тоа како практично да ги применат знаењата, но и да соберат храброст да одат и чекор понатаму.„Кампот мислам дека...

Продолжи со читање

Велосипедско поврзување на Охрид и Струга

Post Views: 679 Велосипедско поврзување со соседна Струга. Ова е само мал дел од големата идеја на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и велосипедскиот клуб „Еко Дром“ од Охрид. Овој проект кој тие заеднички го подготвуваат, е замислено во соработка со локалните самоуправи на Охрид и Струга, Секторите за внатрешни работи и министерството, како и сите други институции кои имаат некакво влијание во регулирањето на оваа сфера, да започне едно ново поглавје во приказната за велосипедистите во градов, но и бројните туристи кои токму на велосипед допатувале во...

Продолжи со читање

Уметнички дела со несекојдневна техника „изгорена хартија“ во Центарот за култура

Post Views: 640 Уметнички дела со несекојдневна техника „изгорена хартија“ во Центарот за култура. Некои од најпознатите уметнички дела на современиот италијански уметник Росарио Меле од вчера достапни за охридската јавност. Меле е скулптор, сликар, писател, особено познат во Италија и светот по несекојдневната техника на сликање која самиот ја именувал „изгорена хартија“. Сепак во изработката на сликите не е вклучено никакво горење на хартија, туку станува збор за техника која Меле самиот ја разработил на мешање на посебни африкански бои со восок и потоа нивно изложување на оган....

Продолжи со читање

Велосипедска тура, јога на плажа, еко акции за чистење на брегот по повод Денот на езерото

Post Views: 629   Охриѓани масовно ќе го одбележат 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро. 15 години откако е воспоставен со заеднички сили на претставниците на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија и Албанија годинава по  шеснаесетти пат ќе се потсети на значењето на постоењето, но и заштитата на езерото.„Шеснаесет години подоцна се соочуваме со нови предизвици кои произлегоа овие години најмногу за интересот на економски развој на општините од двете страни и кои предизвици ќе бараат од нас дополнителни напори и дополнителни вложувања за да можеме...

Продолжи со читање

Секторот за урбанизам „пишман аџија“ за урбаната опрема на „Коста Абраш“

Post Views: 659 Нова летна сезона, стара слика на улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото. И оваа сезона, тротоарите на оваа улица окупирани од урбаната опрема односно од масите и столиците на хотелско-угостителските објекти на овој потег. Пешаците, наместо по тротоарите предвидени за нив, уште една летна сезона приморани да се движат по самиот коловоз. ТВМ во повеќе наврати информираше за овој проблем на охриѓани, особено оние кои гравитираат на овој потег. Од локалната не гледаа проблем и нивниот став беше дека тој потег е замислен како медитеранско катче, во кое треба...

Продолжи со читање

Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа

Post Views: 622 Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа. Во текот на минатиот викенд во населените места Велмеј и Лешани. Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски со стручно лице од општинската администрација одржа средба со месното население каде што беа презентирани проектите за изградба на фекална канализација во с.Велмеј и с.Лешани со заедничка прочистителна станица во с.Грко Поле. Со овие проекти претходно беше аплицирано во Светска Банка, од чија страна истите беа прифатени и се во крајна фаза на одобрување-информираат...

Продолжи со читање

Џентилони: „Справувањето со мигрантите-заеднички товар на сите европски земји“

Post Views: 640 Прашањето со мигрантите една од топ темите на денешниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите членки на Централноевропската иницијатива. Според министерот за надворешни работи на Италија, Паоло Џентилони, најважно е заедничкото справување со ова прашање. Џентилони вели дека има неколку аспекти кои се клучни во ова прашање како што се активностите во земјите на потекло на миграцијата, активностите против трговците со луѓе, активностите за спасување на море како и предлогот на Советот на Европа за релокација на мигрантите. „Ова не е чудесно решение...

Продолжи со читање