Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Интересна изложба и промоција на книга на дедо и внука

Post Views: 9 Балерини со фустани од хартија, кори од портокали, изрежаниот молив, еже и рипчиња од капачиња. Овој чуден спој креативно поместен на креациите и делата на малата Ана Томоска денес беше изложен за сите посетители на НУ Градска библиотека-„Григор Прличев“. Создавани во период од три месеци, третоодделенката Ана своето слободно време го користи на еден ваков креативен начин. „Нешто гледам и одма го правам од тоалетни кутивчиња, капачиња. Од тоалетните ги виткам со тафет папир и им ставам очи, ги правам како ликови.“-вели авторката на изложбата, Ана Томоска. Освен...

Продолжи со читање

Асфалтирање на ударните дупки и реконструкција на тротоарите на „АСНОМ“

Post Views: 6 Улицата „АСНОМ“, една од најдолгите улици во градов, годинава ќе помине само со крпење на ударните дупки. Жителите на оваа улица ќе мора да почекаат за нејзина целосна и темелна реконструкција по теркот на неодамна реконструираните „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“. „Во тековната 2016та година покрај предвидената реконструкција на тротоарските површини, планираме и крпење на ударните дупки долж улицата „АСНОМ“ во рамките на тендерот кој што се приготвува во одделението за јавни набавки за крпење на ударни дупки, прекопи и навлаки на улиците на територијата на Охрид,...

Продолжи со читање

Локалната ќе работи и на реконструкција на тротоарите долж Туристичка за заокружување на целината

Post Views: 4 Охриѓани ќе добијат современи пешачки и велосипедски зони со цел да се заокружи целината заедно со новите кружни текови. Портпаролот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Љупчо Танески вели дека вакви пешачки зони иако не било предвидено биле изградени и околу новите кружни текови. Со одлука на градоначалникот Бакрачески, ЈП Нискоградба ја добило задачата да ги изврши овие градежни активности. За да не постои разлика помеѓу старо и ново поставените бекатон плочки, Танески вели дека ќе се погрижат во проектот за реконструкција на тротоарите долж...

Продолжи со читање

Брачниот пар Ѓеорѓиески останува без покрив над главата

Post Views: 8 Денес е 1ви февруари, за нас само прв ден во месецот, но за Сашо и Гина Ѓеорѓиески, ова е денот кога треба да ги соберат оние малку работи кои ги поседуваат и да се иселат од станот каде досега живееја под кирија. Мора да заминат бидејќи немаат од каде да платат кирија, а веќе должат за неколку месеци наназад. Плинската боца со која се топлат полека догорува, кога ќе се потроши, ќе нема и на што да се топлат. Велат, сопственикот на станот им понудил да му платат половина од парите кои ги должат за кирија, но Сашо вели дека немаат ниту за половина. Сопругата му е...

Продолжи со читање

Откриени сторителите на петкратното убиство кај Смиљковци!

Post Views: 11 Станува збор, како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за група од Скопје- следбеници на радикалниот ислам. Приведените војувале во Авганистан и Пакистан против НАТО војници. Од приведените, некои се директно инволвирани во убиствата, за што има и материјални докази, но има и лица за кои нема податоци. Најголем дел од нив се македонски државјани. При извршените претреси во 26 објекти во полициската акција „монструм“, пронајдено е поголемо количество оружје, а во тек е вештачење дали е користено во петкратното убиство. Според...

Продолжи со читање

СВР Охрид со безбедносни мерки од копно и вода за големиот празник Водици

Post Views: 6 СВР Охрид со последни подготвителни мерки во пресрет големиот празник Водици како би се овозможило безбедно одвивање на истиот. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој воедно е и дел од координативното организационо тело за празникот, вели дека ќе се преземаат широк спектар на безбедносни мерки но карактеристични и редовни за еден ваков настан, без посебни зголемување на безбедносните мерки. Ова според него е доста важно бидејќи податоците говорат за многу малку нарушувања на јавниот ред и мир на овој ден во изминатите години, или без никакви нарушувања во...

Продолжи со читање

Охрид и Воден ќе градат соработка и надвор од проектот Water.net

Post Views: 3 Соработката помеѓу општините Охрид и Воден (Р.Грција) не застанува само на проектот Вотер нет, а со кој беше финансирана изградбата на дел од пешачката патека кај Студенчишта, модернизацијата на кујната во факултетот за туризам и угостителство, но и предвидената изградба на ботаничката градина во факултетот и изградбата на современиот туристички информативен центар. Денес градоначалниците на двата града, заедно со свои делегации на втор координативен состанок го разгледуваа статусот токму на овие спроведени активности. Но ова, според градоначалникот Никола...

Продолжи со читање

Привршуваат подготовките за одбележување на големиот христијански празници Водици

Post Views: 4 Последни подготовки во пресет одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Во духот на празникот, веќе се декорирани чаршијата и централното градско подрачје. И годинава во пресрет на празникот, на 18ти јануари ќе бидат доделени 50 хуманитарни пакети на социјално најзагрозените семејства во Охрид а кои се обезбедени од страна на општината а во соработка со Црвениот крст.  Вечерта пак, екипите на Црвен крст на платото помеѓу Капетанија и ресторанот Чун ќе вршат превентивни прегледи на сите верници кои сакаат да скокаат по светиот крст во...

Продолжи со читање