Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Фотографот и архивист Никола Митровиќ приреди вистинско патување во минатото за охриѓани

Post Views: 643 Вистинско патување во минатото на охриѓани, пријателите, соработниците и своите колеги им овозможи фотографот и архивист, Никола Митровиќ со своето книжевно дело „Фотографијата како историско сведоштво за градот Охрид во периодот 1913-1991 година“. Ова дело креирано во периодот од 2005та до 2007ма година ја доживеа својата официјална промоција. Книгата е всушност вториот дел од трилогијата која Митровиќ ја има ветено на Охрид. Првото дело беше неговата изложба на фотографии насловена како „Охрид понапред“. „Јас ако се вратам малку наназад токму во вашата телевизија...

Продолжи со читање

Временска рамка за целосна интеграција на земјите од регионот во ЕУ

Post Views: 636 Поставување на временски период во кој би било предвидено да се оствари целосна интеграција на сите земји од нашиот регион во рамки на Европската Унија. Ова беше само една од поентите истакнати на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива. Во годината во која Република Македонија претседава со оваа иницијатива, според министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заеднички е ставот на сите министри членки на ЦЕИ дека сите земји од регионот имаат заедничка иднина во рамки на европското семејство. „Централно...

Продолжи со читање

Намален бројот на откажувања на туристички аранжмани, хотелиерите очекуваат успешна сезона

Post Views: 632 Туристичките работници и локалната самоуправа оптимисти за престојната летна туристичка сезона. Денес на работен појадок дискутираа околу ситуацијата со откажувања на туристичките аранжмани поради неодамнешните случувања во Куманово. Градоначалникот Бакрачески ги сослуша повратните информации од хотелиерите за ефектите на преземените дејствија на министерството за надворешни работи и конзуларните претставништва како и локалната самоуправа за надминување на ситуацијата и креирање поповолна туристичка клима.„Од статистичките податоци кои ги добиваме од нив и од туроператорите...

Продолжи со читање

Нема мали општини и држави во битката со климатски промени

Post Views: 185  Придонесот и одговорноста во борбата со климатските промени е товар што треба да го преземат и најголемите и најмалите општини, и најголемите и најмалите држави. Ова е само дел од поентите искажани на втората меѓународна конференција за климатски промени која се одржува во Охрид. Истата е насочена кон креирањето на општински стратегии за климатски промени односно планирање на идните чекори кои локалните самоуправи ќе треба да ги преземат за да го дадат својот придонес во намалување на емисијата на штетни гасови. Градоначалникот Никола Бакрачески, како домаќин ја...

Продолжи со читање

Битката за спас на охридската пастрмка доби ново поглавје

Post Views: 201 Ново поглавје во вечната битка за зачувување на ендемичната охридска пастрмка. Дипломираниот инженер-агроном и независен екологист, Лазо Наумоски, во едно научно книжевно издание, под насловот „„Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ дава еден сеопфатен увид врз предизвиците во заштитата на пастрмката. Според него, оваа надалеку препознатлива охридска риба се наоѓа во една кризна ситуација, па дури и дека се наоѓа на прагот на истребување. Причините за тоа, Наумоски ги гледа во начинот на нејзин излов. „Мислам дека и понатаму е во...

Продолжи со читање

На патот кон подобро утре, мигрантите минуваат низ нова голгота-дознајте како да им помогнете

Post Views: 183 Охриѓани самоиницијативно се мобилизираат за помош на мигрантите кои секојдневно пешачат долж железничките пруги во Македонија. Немилите настани во кои бројни мигранти ги загубија своите животи во потрага по подобро утре, наголемо го отворија прашањето за третманот на нелегалните мигранти во земјава и законската регулатива која нив ги третира. Поведени од овие причини, најпрво поединци, самоиницијативно започнаа со непосредно помагање на мигрантите кои секојдневно ја поминуваат грчко-македонската граница транзитирајќи кон некои од западноевропските држави. Во моментов,...

Продолжи со читање

Избрано идејното решение за затворениот градски пазар се чека усвојување од Министерство за транспорт

Post Views: 175 Идејното решение за изградба на затворениот градски пазар веќе избрано, се чека официјално усвојување од страна на Министерството за транспорт и врски. Во фазата на изработка на идејни решенија за пазарот стигнале четири проекти, но најприфатливо и за министерството за транспорт и врски и за локалната самоуправа било она на архитектот Вангел Рафтоски од Струга. Како што не информираа од АД „Илинден“ од Струга, фирмата приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, ова идејно решение е веќе дадено на усвојување во Министерството за транспорт и врски. Сопственикот...

Продолжи со читање

Велосипедско дефиле низ охридските улици за подигнување на јавната свест за безбедноста на велосипедистите

Post Views: 225 Велосипедско дефиле за подигнување на безбедноста на велосипедистите, промоција на велосипедизмот, подобрување на можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата активно се вклучува во кампањата за поголема безбедност на велосипедистите. Утре, велосипедската полициска патрола при СВР Охрид, велосипедисти од школските центри, велосипедските клубови и граѓани вљубеници во велосипедизмот ќе возат велосипед низ градските улици во знак на поддршка на републичката кампања „Подобрување на безбедноста...

Продолжи со читање

Биоразградлива амбалажа и нанотехнологија за производство на побезбедна и поздрава храна

Post Views: 176  Употребата на новите технологии и пронајдоци нудат светла иднина за производство на поздрава и побезбедна храна. Хемичари, технолози и нутриционисти од Македонија, Србија, Хрватска, САД, Грција денеска во Охрид дискутираат околу здравствените бенефити на различни видови храна, начини на пакување на храната, технолошка подготовка и обработка на истата. Посебно место заземаше дискусијата за употребата на нанотехнологијата во производството на зрава и безбедна храна. Според деканката на Техничко-технолошкиот факултет од Велес при Универзитетот „Св.Климент Охридски“...

Продолжи со читање

Соодветна локација за бистата на Радослав Петкоски бараат граѓани

Post Views: 177   Неизмерната почит кон својата учителка поттик за благородна граѓанска иницијатива. Група граѓани после пет децении од завршувањето на основното образование поведоа иницијатива за поставување на спомен бистата на истакнатиот охридски поет Радослав Петкоски на видна локација во градов. Јован Митрески, дел од иницијаторите вели дека имаат малку податоци за локацијата на оваа биста. Вели дека истата во 1969та била најпрво поставена во дворот на црквата „Св.Јован Канео“ за потоа да биде дислоциран во градскиот парк веднаш до спомен обележјата на илинденците и учесниците...

Продолжи со читање

Ќе го избегнеме ли сезонава етикетирањето како најскап туристички центар во земјава?

Post Views: 180 Ќе биде ли Охрид и оваа туристичка сезона етикетиран како најскап град во нашава земја? Веќе неколку години наназад на социјалните мрежи угостителите трпеа остри критики од незадоволни туристи претежно од земјава околу цените на услугите во дел од угостителските објекти. Често на социјалните мрежи се објавуваа фотографии од фискални сметки од одредени објекти каде туристи платиле дури и двојно поскапа услуга или производ од она што биле навикнати да го плаќаат во местата од каде што доаѓаат. Во исто време пак, најголемиот број од угостителите коментираа дека станува...

Продолжи со читање

Охриѓани загрижени дека садењето на палмите ќе значи сеча на постоечките многулетни дрва

Post Views: 656 Дали садењето на палмите покрај кејот ќе значи и отстранување на автохтоните дрва во нивна непосредна близина? Охриѓани загрижени дека лошо им се пишува на многулетните дрва во чија непосредна близина се засадени егзотичните палми, особено на потегот од Центарот за обука на вода накај плажите. Оваа дилема во вид на пратеничко прашање беше актуелизирана и од страна на пратеничката Лилјана Попоска од партијата ДОМ. Таа го запраша заменик министерот за животна средина дали повеќегодишните стебла ќе се сечат за да се заменат со палми и за да се претвори Македонија во...

Продолжи со читање