Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

nurkaci

Традиционално чистење на водата кај градското пристаниште во пресрет Водици

Post Views: 15 Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности денес го чистеа градското пристаниште од отпадни материи, а во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици.  Оваа акција има за цел обезбедување на локација каде што ќе се фрла светиот крст од разните отпадoци кои претставуваат потенцијална опасност за скокачите по крстот. „Воглавно наоѓаме доста големи количини на отпадни материи, но овие последниве години со акциите за чистење на езерото сепак се разбудува свеста кај луѓето, се намалува количината на отпадни материи,...

Продолжи со читање

sneg

Најави за обилни врнежи од снег-службите подготвени

Post Views: 21 Најавениот зголемен снежен бран и температури до минус 16 кој се очекува да ја зафати територијата на Охрид овој викенд, почнувајќи од сабота попладне ги алармираше службите во рамки на општинскиот штаб за заштита и спасување. Тие денес на координативен состанок разговараа за тоа што е преземено од сите чинители како би се овозможило нормално функционирање на градот и службите во пресрет на најавите за обилни снежни врнежи. Митко Темелковски од регионалниот Центар за управување со кризи вели дека сите субјекти во рамките на општинскиот штаб за заштита и спасувње...

Продолжи со читање

sahti

До средината од 2016 Лескоец конечно ќе добие фекална канализација

Post Views: 13 Лесковчани до крајот на годинава би требало да ја добијат долгоочекуваната фекална канализација. Нешто повеќе од еден милион евра вредниот инфраструктурен зафат во Лескоец, во моментот се наоѓа во втора и трета фаза од неговото спроведување. После извесен период од поставувањето на првите шахти за оваа канализација, непосредно пред почетокот на оваа година, беа започнати зафатите за поставување на потребната инфраструктура за реализација на наредните две фази од овој важен проект за лесковчани.„Во моментов течат втората и третата фаза од поставувањето и...

Продолжи со читање

cresa

Сериозен пласман на охридската цреша само со здружување на земјоделците од регионов

Post Views: 17 Здружување и окрупнување на охридските земјоделци за сериозен пласман на охридската цреша долгошишка. Вака смета Ванчо Стојаноски кој е дел од земјоделците кои ја започнаа реализацијата на идејата за формирање на земјоделска задруга како правен субјект. Стојаноски вели дека ако земјоделците од регионов сакаат да обезбедат сигурен пласман на црешата, тогаш мора да размислуваат на здружување бидејќи според него тешко дека истите би можеле да ја покријат големата побарувачка од земјите од Европската Унија. „Со здружувањето веќе добар дел од условите за извоз во...

Продолжи со читање

bozik

Православните христијани го слават Христовото раѓање

Post Views: 17 Христос се роди-Навистина се роди! Вака утринава се ширеше радосната вест за христовото раѓање во охридските православни храмови. Денес православието го слави најсветлиот ден, раѓањето на спасителот Исус Христос. Верниците побрзаа во храмовите најпрво да ја чујат светата архиерејска литургија, да се помолат за здравје, радост и бериќет. Ги запрашавме верниците како тие со своите семејства ќе го одбележат овој најсветол ден во православието. „Како и сите православни во Македонија, така и ние, радосно, весело, со фамилијата, со пријателите, со роднините,...

Продолжи со читање

badnikova povorka

Бадниковата песна “Вечниот Бог” одекна низ охридските улици

Post Views: 20 Со фенер и ѕвездички во рака, пеејќи ја традиционалната христијанска бадникова песна „Вечниот Бог“ околу 250 дечиња денес тргнаа на веќе традиционалната „Бадникова поворка“ низ охридските улици. Тие со своето пеење го најавија најсветлиот момент во православието, раѓањето на Исус. Со честитки до сите православни кои слават Бадник и Божиќ и желби за здравје и радосни моменти, се обрати и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Навистина во духот на празникот оваа литија, дечињата кои ги симболизираат ангелчињата го симболизираат Христовото раѓање и во...

Продолжи со читање

svr lampion

Новогодишни лампиони од СВР Охрид за возачите

Post Views: 12 Изненадување за возачите во последниот ден од 2015та година. Денес од секторот за внатрешни работи со веќе традиционалниот празничен гест на подарување новогодишен лампион на возачите на моторни возила. СВР Охрид, лампиони подаруваше на кружниот тек во непосредна близина на градскиот плоштад. „Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со македонскиот полициски синдикат, на најсимболичен начин со подарување на еден лампион новогодишен, ќе им ја честита Новата 2016та година на охриѓани и секако на сите туристи кои што се наоѓаат во Охрид и секако тука ќе...

Продолжи со читање

svr bezbednost

СВР Охрид со сообраќајни пунктови за безбедна прослава на новогодишната ноќ

Post Views: 12 Секторот за внатрешни работи од Охрид со активности за безбедна прослава на новогодишната ноќ. Ова во насока на спречување на евентуалните немили настани поради употреба на алкохол и пиротехнички средства кои се карактеристични за овој празничен период. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски денес порача новогодишната ноќ да помине во најдобар можен ред, како и тоа граѓаните да се воздржат од управување на моторни возила доколку консумирале алкохол, но да се воздржат и од употреба на нелегалните пиротехнички средства. „Секако дека во текот на новогодишната ноќ...

Продолжи со читање