Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Прва свечена академија на економското училиште „Св.Кирил и Методиј“

Post Views: 206 Прва свечена академија за средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Со настап на новооформениот хор, рецитал, фоклор и музика, во присуство на професорите, менаџментот на училиштето, како и директори и професори од други основни и средни училишта, родители, пријатели, претставници од локалната самоуправа, беше одбележан патронот и денот на сесловенските просветители св.Кирил и Методиј. Директорката Славица Костоска вели дека задоволството и возбудата се големи. Потенцира дека иако се нов правен субјект, тие не се нови во образовниот процес, туку само ја...

Продолжи со читање

Генерацијата првооделенци 1959та година од ОУ „Климент Охридски“ се присети на дружењата во училишните клупи

Post Views: 165 Со продорниот звук на тешкото ѕвоно, генерацијата првооделенци од 1959та/60та година од ОУ „Св.Климент Охридски“ денес повторно се сретна во ученичките клупи.Искрени прегратки, радост, неверување и по некоја скриена солза. Срцата не успеаа да ги скријат силните емоции на една генерација што се обединува после цели пет децении. Се расприкажаа меѓу себе, некои се дружеле сите овие години, некои сега повторно се запознаваа, некои ги оставиле своите сегашни животи патувајќи илјадници километри за да се видат со луѓето со кои пред многу години ги делеа ученичките клупи,...

Продолжи со читање

Охрид во борба за зачувување на биолошкиот диверзитет со кој расоплага

Post Views: 177  Ендемичната охридска пастрмка, охридската белвица, јагулата, преспанскиот крап се само мал дел од огромното природно богатство кое го имаме на дланка. Охридско-преспанскиот биосферен резерват е еден од најбогатите региони со животински и растителен свет во земјава, но и многу пошироко. Денес, на меѓународниот ден на биолошката разновидност, Охрид се соочува со борба за зачувување на она што не смее да се изгуби, природните реткости кои го прават да биде уникатен сам по себе. „Фондот на животински свет кој што постои во НП Галичица кој може да се напомене и од големите...

Продолжи со читање

Охридските матуранти го одиграа традиционалниот квадрил

Post Views: 185  Синхронизирано, точно во 12 часот на знакот даден од Љубљана, колевката оваа традиција, матурантите од охридските средни училишта го заиграа штраусовиот квадрил заедно со своите врсници од 75 други градови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Море од црвени чадори и матуранти облечени во црвени и жолти маички ја продолжија традицијата и по десетти пат ја изведоа матурската парада. Учеството во неа, незаборавно за матурантите. „Чувството е многу убаво и незаборавно. Многу добро си поминавме додека вежбавме и сега исто така.“ „Ние...

Продолжи со читање

Звуци на национални инструменти, традиционални танци, јадења на „Ден на култури 2015“

Post Views: 182 Звуци на национални инструменти од Камерун, впечатлива и колоритна традиционална облека, малку историја, малку национална кујна. Студентите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ на третиот „Ден на култури“ се запознаваа меѓу себе, учеа за културата, традицијата и историјата на своите колеги од универзитетот, пееја и се забавуваа. Покажаа дека светот во кој живееме е мултикултурен. Еве со што се претставија дел од нив.„Имаме едно јадење во Египет што се вика Фул, тоа е грав, но е доста популарен има и домати во него и некои други елементи, но кога ќе се подготви е навистина...

Продолжи со читање

600 примероци од луксузна фотоброшура ќе ги промовираат убавините на градот пред високите делегации

Post Views: 158 600 примероци од ексклузивна книга ќе ги потсетуваат високите претставници и делегации на убавините на Охрид. Оваа луксузна фотоброшура за Охрид веќе е испечатена и станува збор за комплетно авторска творба, односно сите фотографии и целокупниот текст се авторски дела на печатарската куќа Идеа плус од Скопје која е условно „виновна“ за оваа промотивна фотоброшура.„Целта на оваа фотоброшура или бела книга е да биде делена на високи гости би рекол. На лица пред кои треба да се претставиме на повисок начин. Нема да биде за масовна употреба бидејќи за таа намена имаме...

Продолжи со читање

Доминација на охридскиот аероклуб на државното првенство во воздухопловно моделарство

Post Views: 171 Тројца охриѓани на пиедесталот на државното првенство во воздухопловно моделарство во Прилеп. Аероклубот Охрид на ова 63то издание на првенството традиционално се закитува со медали, а годинава од таму донесе дури четири и тоа златен, сребрен и бронзен медал во моделите со гума ф 1 б и бронзен медал во едрилиците за јуниори ф 1 х. На еден од најдобрите балкански спортски аеродроми во Коњари, нашите моделари Александар и Митко Цветаноски и Климент Масин, во тешки услови, со силни ветрови ги постигнаа овие одлични резултати. Од таму се вратија уморни, но со медали...

Продолжи со читање

Најмногу буџетски средства за проекти од јавен интерес локалната издвоила за областите на културата и спортот

Post Views: 167 1.475.000 денари издвоени годинава од буџетот на локалната самоуправа за поддршка на проекти од интерес за општина Охрид. Се финансираат проекти од облста на културата, спортот, животната средина односно екологијата, социјалата и проекти кои се однесуваат на најмладата популација. Годинава локалната, меѓу другото ќе ја поддржи изградбата на подна површина на прифатилиштето за бездомни животни на здружението Анималиа, проектот за пренуркување на Охридското Езеро на нуркачкиот центар Амфора, Поетската ноќ во Велестово, Охрид низ виртуелни панорами, проектот на сојузот...

Продолжи со читање

Охридските пензионери им пркосат на годините и постигнуваат одлични спортски резултати

Post Views: 180  Фрлање ѓуле, трчање на 60 и 80 метри, скокови во далечина, стрелање, пикадо и шах. Ова се само дел од спортските дисциплини во кои од година во година охридските пензионери покажуваат одлични резултати. Некои од нив и во поодминати години до ден денес спортуваат и се активни и им пркосат на своите години. Дел од пензионерите велат дека учеството на едни вакви натревари е една дружба која прави да се чувствуваат исполнето. „Овие спортски игри, за нас пензионерите многу значат. Еден вид на дружење, разговор, се наоѓаме самите себе со своите пријатели, и се наоѓаме...

Продолжи со читање

О.К на ВМРО-ДПМНЕ ги повика охриѓани да се приклучат на големиот народен собир во Скопје

Post Views: 200 Јавен повик и покана до охриѓани да се приклучат на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во понеделник денес упатија од општинскиот комитет на партијата. Од комитетот порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ во понеделник, заедно со македонскиот народ, со сите свои браќа, албанци, турци, власи, роми, срби, бошњаци и сите други граѓани на Република Македонија, ќе упати повик за стабилна и силна Македонија. „ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите сограѓани, во понеделник ќе покаже дека како и секогаш досега се бори и ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија. Граѓаните на Македонија...

Продолжи со читање

Дел од охридските училишта сеуште немаат планови за заштита и спасување

Post Views: 282 Дел од основните и средни училишта од градов сеуште немаат планови за заштита и спасување. Како образовни институции, изработката на ваквите планови вклучително и плановите за евакуација во случај на неповолен настан, според Законот за заштита и спасување се задолжителни за сите образовни и јавни институции. Црвениот крст од Охрид досега има изработено вакви планови за осум училишта во Охрид и Дебрца како и за сите објекти на градинката „Јасна Ристеска“. „Остануваат уште неколку училишта кои што сеуште немаат планови и како што секоја година апелираме, апелираме...

Продолжи со читање

Швајцарски туристи уживаат во масажа со босилок, вкусна риба и возење велосипеди на Галичица

Post Views: 198 Туристи од Швајцарија во тридневни аранжмани ќе уживаат во убавините на стариот дел од градот, ќе се запознаваат со охридските занаети, ќе ручаат рибни деликатеси пловејќи на сплав до изворите кај Св.Наум, ќе јаваат магариња во Елшани. По денот исполнет активности, ќе се релаксираат со прекрасна етно масажа со нане, мајчина душица и босилек во Елшани, а со поглед на езерото.  Ова се само дел од бројните благодети во кои туристите ќе уживаат во одморот полн со активности. Нивната посета на Охрид е во рамките на интегрираната инфо тура на туристичкиот кластер „ЕДЕН“...

Продолжи со читање