Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Ракометарот Иван Тасески избран за најдобар спортист за 2015та година

Post Views: 7 Сојузот на спортови на Охрид ги избра најрепрезентативните спортисти за 2015та година. Со неговите одлични настапи за ракометниот клуб “Охрид 2013”, наградата најдобар спортист за 2015та година ја доби ракометарот Иван Тасески кој заедно со неговите соиграчи и стручниот штаб годинава бележат историски успеси во најсилната ракометна лига во земјава. Атлетичарката Мартина Мироска пак беше избрана за најуспешна спортистка за годинава што изминува. Доминацијата на РК Охрид 2013 се чини беше неизбежна, па така нашите гладијатори го добија и признанието за...

Продолжи со читање

Накитена подводната елка

Post Views: 6 Нуркачите од Амфора ја накитија подводната новогодишна елка. Овој веќе традиционален и необичен настан годинава се случува по четиринаесетти пат, а локацијата како и секоја година беше Заливот на коските кај Градиште. По поставувањето и китењето на елката, нуркачите традиционално наздравија со подводно пиење на шампањско. Настанот на китење на подводната елка има огромно значење за промоцијата на Охрид, езерото како и Заливот на коските каде истата традиционално се поставува под вода. Инаку подвдводната елка како  една своевидна атракција за новогодишните...

Продолжи со читање

Дигиталните панорамски снимки на забите-важна дијагностичка алатка за стоматолозите

Post Views: 13 Дигиталните панорамски снимки на забите клучен елемент во поставувањето на точна стоматолошка дијагноза. во ерата на дигиталната револуција, дигиталната панорама според стоматолозите е навистина дострел во стоматологијата. Правилната дијагноза според д-р Емилија Стојаноска до стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” овозможува за правилен избор на третман и примена на правилна терапија а со тоа и постигнување на крајната цел на излекување на пациентот. Предностите на дигиталната панорама според д-р Стојаноска се бројни. Од неограничен број на снимања...

Продолжи со читање

49 години постоење на ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски”

Post Views: 5 49 години успешна работа, надоградување и создавање на стручни и оспособени кадри. Електромашинскиот училишен центар “Св.Наум Охридски” синоќа го одбележа овој прекрасен јубилеј и својот патронен празник. Учениците и професорите на висина на задачата и во духот на образовните можности кои ги нуди центарот, беа презентирани сите образовни профили, па така можеше да се видат светилки во бои кои пулсираат во ритамот на музиката, демонстрација на машински автоматизирани делови, светилки кои се палат автоматски, па се до шминкање, правење фризури и масажи...

Продолжи со читање

Дружба, разговор и свечен ручек за лицата со посебни потреби од Охрид и Струга

Post Views: 5 Дружба, разговор, смеа и празнична атмосфера. Штитениците од здруженијата на лица со посебни потреби од секаков вид од Охрид и Струга денес на предновогодишен ручек во хотелот Даљан. Одговорните лица од здруженијата велат дека целта им е за своите штитеници да почувствуваат предновогодишна атмосфера и да се почувствуваат како подеднакво значаен дел од општеството.“Ги тргаме од нивната секојдневност, да направиме нешто за нив да се почувствуваат рамноправни граѓани, да почувствуваат дека на нив се обрнува внимание, да почувствуваат дека ни претстои некој...

Продолжи со читање

Изградбата на градската марина повторно се актуелизира-објавен јавен оглас за идејни решенија

Post Views: 5 Министерството за транспорт и врски објави јавниот оглас за прибирање на идејни решенија за изградба на градската марина во Охрид. Во огласот, Министерството бара идејни решенија за двете можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Капетанот на Капетанијата на пристаништата на Република Македонија, Горан Устијаноски, кој воедно е член и на жири комисијата која ќе ги оценува идејните решенија кои ќе пристигнат на...

Продолжи со читање

Да се создаде магичен свет за децата во училниците за да се поттикне нивната креативност

Post Views: 4 Наместо само празно теоретско учење, повеќе практични примери и создавање на креативна атмосфера и опкружување за поттикнување на најдоброто во децата. Потребно е вклучување не само на професорите и децата, туку и на родителите како би се создала и одржувала таа креативна атмосфера, смета Весела Богдановиќ, една од најдобрите педесет наставници во светски рамки. Според неа, многу е важно сите инволвирани страни да разберат колку многу може да се постигне со малку вложен труд. Едно избоено столче, прозорец, разубавена училница може да стори многу во насока на...

Продолжи со читање

Античката игра “ГО” за прв пат и во Охрид

Post Views: 7 Неверојатни работи низ вековите доаѓале од Кина и се ширеле низ целиот свет. Една од моментално најинтересните е и нивната античка мисловна игра “Веичи”, која има и свое јапонско име “ГО” како и корејско кое гласи “Бадук”. Оваа фантастична игра, се игра и во нашиот град. Станува збор за мисловна игра налик на шахот, а самото нејзино име во буквален превод значи игра со обиколување. Филип и Анастазија Паскали се охриѓаните кои се обидуваат не само да ја запознаат јавноста со оваа игра, туку и да ја популаризираат. А бидејќи...

Продолжи со читање