Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 237 Градежната компанија АД „Илинден“ од Струга ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица. Оваа струшка компанија беше единствен понудувач на денешната електронска аукција на која се продаде градежната парцела за изградата на домот за стари лица. Почетната цена на парцелата изнесуваше 1393 денари за метар квадратен, а последната достигната цена изнесуваше 1532 денари за метар квадратен. АД „Илинден“ за оттуѓување на градежната парцела во вкупна површина од 8425 метри квадратни ќе плати вкупно 12 милиони 907 илјади и 100 денари. Домот за стари лица кој ќе биде изграден...
ОУ „Григор Прличев“ ја доби толку потребната фото копир машина
Post Views: 151 Претставничките на лајонс клубот Деница денес им го разубавија денот на основците од „Григор Прличев“, но и целото училиште. Тие како донација денес ја добија толку потребната фото копир машина која според менаџментот на училиштето била еден од најважните приоритети за правилно и непречено одвивање на образовниот процес. „Цела учебна година ја поминавме без овој копирен апарат, и навистина имавме многу големи проблеми, баравме помош скоро од цел град за копирање. Во училиштето учат 1100 ученици, со новиов начин на работа има повеќе ангажмани за децата, активна настава...
Концесионерите на охридските плажи да побрзаат со ангажирање на спасители
Post Views: 191 Час поскоро склучување на договори на концесионерите на плажите за ангажман на спасувачи на вода, апелираат од Црвениот крст од Охрид. Изминатите години, на охридските и струшките плажи во просек се ангажирале помеѓу 90 и 100 спасители на вода. Покрај тоа, се преземаат и превентивни мерки како обуки и препораки до капачите со цел избегнување на посериозни инциденти во водите на Охридското Езеро. „Да се обратат во Центарот за безбедност на вода во Охрид, односно во Црвениот крст во Струга и Охрид, каде што ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да се договорат...
Дипломатски скокови во Балканскиот Ерусалим
Post Views: 172 Гимнастичарски дипломатски скокови во Балканскиот Ерусалим. Не, ова не е наслов од некоја книга, ниту пак филмски блокбастер. Ова е интересното хоби на амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Ориан. Деновиве тој е во посета на нашиот град кој го избрал како едно од посебните места на кои одлучува да го сподели своето хоби и да го овековечи со интересни фотографии. Во Охрид, амбасадорот Ориан ја избрал прекрасната сценографија кај црквата „Св.Јован Канео“.„Тоа што сум дипломат ми овозможува да одам на многу места. Сум бил во Русија, во Москва, бев заменик-амбасадор...
Охриѓани со мирен протест кажаа НЕ на полициската бруталност
Post Views: 194 Мирно и без инциденти помина денешниот протест на охриѓани против полициската бруталност. „Нема правда, нема мир“, „Твоето премолчување, значи одобрување“, „Долу влада“. Овие пароли денес попладне одекнуваа низ охридските улици. Охриѓани, млади, средовечни, постари, со мирен протест денес и кажаа НЕ на полициската бруталност. Со тоа им се придружија на Скопје, Битола, Струмица, Прилеп, Штип, Св.НИколе, Куманово, Кавадарци во протестите кои започнаа пред три дена во главниот град. Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи, каде беше истакнато дека целта е со...
Американски рецепти од популарниот готвач Кевин Сбрага за најдобрите охридски готвачи
Post Views: 180 Јужњачките вкусови на Америка, пржено пилешко и вкусна салата од компири подготвени од најдобриот американски готвач Кевин Сбрага во кујната на ФТУ во Охрид. Најдобрите охридски готвачи, токму во кујната разменуваа искуства и кулинарски вештини подготвувајќи традиционално американско јадење од југот, но на сопствен, карактеристичен начин. Популарниот готвач Сбрага, вели дека првото нешто што го пробал во Охрид е мезето и прекрасната охридска пастрмка за која смета дека е една од највкусните риби што некогаш ги пробал.„Има многу трендови моментално во интернационалната...
Охридските штандови заземаат централно место на „Скопје травел маркет“
Post Views: 160 Промовирање на пакет аранжмани за рурална и староградска традиција од проектот „Истражи ја скриената традиција на Лихнид и белото езеро“, ова е само дел од туристичката понуда со која Охрид и Македонија се претставуваат на годинешното издание на меѓународниот саем за туризам „Скопје Травел Маркет“. Градоначалникот Никола Бакрачески, како домаќин на саемот вели дека локалната самоуправа континуирано вложува во збогатување на содржините на туристичката понуда на Охрид како нивна долгорочна определба. На отворањето на саемот, пред присутните домашни и странски туроператори,...
Пренуркана албанската страна од Охридското Езеро
Post Views: 174 Големиот потфат за пренуркување на Охридското Езеро полека се ближи кон својот крај. Меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски, заедно со неговите колеги од нуркачкиот центар Амфора и Енрик Мато од нуркачкиот клуб „Драгој“ од Поградец и официјално го пренурка албанскиот дел од Охридското Езеро или околу педесетина километри, со што останува уште една третина од неколку месечната мисија за пренуркување на вкупна должина од околу 80 километри водена површина. „Денес и официјално влегуваме на територија на Република Македонија, албанскиот дел со нуркање го...
Родителски средби во гимназија поради бојкотот на наставата
Post Views: 177 Поради сериозноста на актуелната состојбата поврзана со бојкотот на наставата од страна на учениците во ОСУ „Св.Климент Охридски“, менаџментот на ова охридско средно училиште закажа родителски средби за трета и четврта година. Целта, според нив, е дискусија со родителите околу надминување на проблемот и враќање на учениците во редовна настава. Родителските средби се закажани за 06.05.2015 год. во 18 часот и 30 минути.
Ќе се градат винарски визби во општина Дебрца
Post Views: 206 Ќе се градат винарии на три парцели неизградено градежно земјиште во непосредна близина на Мешеишта. Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, смета дека овие парцели ја добиваат вистинската намена особено поради фактот што токму во овој дел на општина Дебрца и тоа како успева виновата лоза.„Се работи за винарски визби кои што ќе значат многу, не само за општина Дебрца, туку и за целиот регион, за развој на туризмот пред се, меѓутоа и развој на земјоделието. Според проектната документација треба да се изградат винарски визби кои што ќе можат да нудат и угостителски...
Навремена и безбедна евакуација на денешната симулација на пожар
Post Views: 188 Навремено и безбедно евакуирани учениците и персоналот од средното економско училиште во денешната показна вежба на спасувачките служби од градов. Во оваа успешно изведена симулација на пожар во средното училиште „Кирил и Методиј“, имаше и три заробени лица од кои едно со скршеници на потколеница, едно во бесознание и едно дезориентирано лице.„Го практикуваме тоа секоја година, со институциите, со Центарот за управување со кризи, со Дирекцијата за заштита и спасување, СВР, Итната медицинска помош, и секако екипите на Црвениот крст, и нормално ТППЕ од Охрид. Можам да...
ВМРО ДПМНЕ од Охрид: Затворен базен, фабрики, нови вработувања во градов во идниов период
Post Views: 178 Намалувањето на 50 милиони долг на општината, изградбата на игралиште на вештачка трева, асфалтирани улици и патишта, воведување на две нови авио линии кон Охрид-се само дел од реализираните проекти во двегодишниот мандат, со кои денес градоначалникот Никола Бакрачески се обрати на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ. Бакрачески истакна дека сите проекти кои ги реализирале се одговор до луѓето кои биле скептични што се може да се постигне за Охрид. Постигнатото, според Бакрачески било тешко остварливо поради ситуацијата во која општината била затекната.„50те милиони евра...