Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 5 Топла насмевка, љубопитни прашања, мала закуска и пријателски пречек од штитениците на дневниот центар “Зраци” за сите донатори и помагачи на овој центар. По повод Меѓународниот ден на лицата со интелектуална попреченост, луѓето од Зраци организираа мала свеченост како би можеле во рамките на своите можности и официјално да се заблагодарат на сите добротвори кои во изминатиот период со својата несебичност помогнале за подобро функционирање на центарот. Не намалувајќи го значењето на секоја една добиена донација, од Центарот Зраци велат дека за нив...
Охридските инвалиди на трудот разговараа за нивните секојдневни предизвици
Post Views: 4 Помагање во подобрување на законската регулатива, подобра заштита и помош на семејствата на лица кои се трудови инвалиди. Ова се само дел од целите и заложбите на охридското здружение на инвалиди на трудот со цел унапредување на правата на трудовите инвалиди. Претседателот на ова здружение, Климо Димоски вели дека она што е особено значајно за нив е ефектуирање и ставање во пракса на законите кои постојат за заштита на нивните права. “Настојуваме комплетно да ги заштитиме сите инвалиди, нормално не сакајќи да има нови инвалиди, но кога веќе ќе настане...
И охридските судски службеници на штрајк
Post Views: 10 Судските административци од охридскиот суд се приклучија на предупредувачкиот штрајк на своите колеги од останатите судови во Република Македонија, а како резултат на растечкото незадоволство од измените во Законот за судска служба кои се на сила од февруари годинава. Судската администрација бара отпочнување на постапка за измена на овој закон бидејќи според нив истиот е дискриминирачки, ја деградира професионалноста на кадрите барајќи доказ за познавања на странски јазици и компјутерско работење, потоа непостоење на одредби за додаток на плата за кариера на...
Повозрасните жители на Дебрца во подобра здравствена кондиција од нивните врсници во градот
Post Views: 7 Повозрасните наши сограѓани од општина Дебрца, во подобра кондиција од оние во градот и со помала веројатност за срцеви и мозочни заболувања. Ова го покажаа резултатите од денешните превентивни прегледи кои Црвениот крст од Охрид ги спроведе во општина Дебрца, заедно со претставници од Здружението „Мозочен удар“ од Охрид и од Клиниката за кардиологија односно Центарот за аритмии од Скопје. ЕКГ, притисок, шеќер во крвта, ова се превентивните прегледи кои денес беа спроведени во село Белчишта и во домашни услови во Лешани и Велмеј кај лицата кои не биле во можност...
Панчевски: Законот за легализација на дивоградби-надеж за акционерите во Отекс дека ќе дојдат до својот капитал
Post Views: 4 Капитал во вредност од 12 милиони евра е тековната состојба во акционерското друштво “Отекс”, охридскиот конфекциски гигант кој сеуште постои како фирма, но нема органи на управа, според адвокатот на акционерите, Игнат Панчевски. На состанокот кој тој го одржа со сите засегнати акционери кои се обидуваат да дознаат што се случува со капиталот, односно акциите кои тие ги поседуваат во некогашниот гигант, тие беа информирани за моменталната состојба која Панчевски ја открил, а врз основа на податоци за кои тој вели дека се добиени од Централниот...
Формирање мали еко заедници за враќање на младите во селските средини
Post Views: 3 Дали новите генерации се на прагот да ја започнат револуцијата на враќање на младите во селските средини и да живеат од земјата? Многу македонски села изминативе децении останаа опустошени од внатрешните миграции и беа избришани од колективната меморија. Сепак, идејата сами да ја произведуваат храната што ја јадат, да бидат во допир со природата, а во исто време и да заработуваат за живот работејќи ја својата професија, но и да го избегнат стресот и безработицата во градовите, станува се попривлечна за младите во земјава. Ентузијазмот кој го чувствуваат помладите...
Малите охридски танцови волшебници од Соната, вистински хит на најмасовниот Денс фест-Србија
Post Views: 6 Танчерите од охридското студио Соната вистински хит на едно од најголемите натпреварувања во танц во Источна Европа, Денс фест Нови Сад. Тие за прв пат земаат учество на овој масовен натпревар и со своето кратко искуство што го имаат, но со полната енергија со која работат успеале да се покажат како едни од најдобрите балкански клубови за танц. Даниел Наумовски, од Соната денс клубот вели дека се чувствуваат навистина горди што успеале да се натпреваруваат со некои од најдобрите клубови од европа, да се појават на огромната сцена во Нови Сад и притоа и да се...
Охридските гејмери конечно добија место каде ќе можат да тренираат по светски стандарди
Post Views: 3 Добра компјутерска конфигурација и супер брза интернет конекција е сонот на секој гејмер кој сериозно се занимава со некој електронски спорт. Охридските гејмери веќе не мора да сонуваат. Тие од вчера го имаат првиот гејминг центар во кој можат да тренираат напорно и да стигнат до самиот врв на електронските игри во светски рамки. Нашата најпозната counter strike дружина која жари и пали на светските гејмерски турнири, момците од Entity, го создадоа она што според нив им недостигало додека тие го граделе својот пат до успехот во електронските спортови. Јован...