Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Започна реконструкцијата на патот Елшани-Елешец вредна 7.610.000 денари

Post Views: 199 Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески потсети дека овој локален пат не бил реконструиран четириесетина години.„Последна реконструкција на овој пат е некаде во...

Продолжи со читање

Менаџментот на ЈП „Градски гробишта“ со отчет за сработеното во изминатите две години

Post Views: 244 Редовно исплаќање на личните доходи на вработените, подмирени 70 проценти од наследениот долг, формирање на градежна група во рамките на претпријатието, голем број завршени проекти и проекти кои треба да се започнат. Ова се само дел од резултатите со кои денес се пофали директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски. Според него, кога тие го презеле претпријатието, истото било во незавидна положба, со долг од 10 милиони денари, и негативен финансиски извештај од околу 2 милиони денари. Симоноски додава дека за да се справат со оваа ситуација...

Продолжи со читање

Со игри и смеа, првоодделенците од „Христо Узунов“ го одбележаа Светскиот ден на спортот

Post Views: 286 Со забавни игри, аеробик, музика и смеа, првоодделенците од основното училиште „Христо Узунов“ денес го одбележаа Меѓународниот ден на спортот. Тие во спортската сала во рамките на училиштето, уживаа во еден забавен час водени од професорите од активот по физичко воспитување од училиштето „Христо Узунов“.„Правевме вежби со главата, со рамената и со струкот.“ „Ние вежбавме  за нозете, за колената и за грбот, и за главата,  и супер си поминав и најзабавно ми беше денес.“„Вежбавме вежби за грбот, за нозете и се забавувавме.“-рекоа дел од дечињата.Денешниот хепенинг на...

Продолжи со читање

Анималиа го одбележа светскиот ден на бездомните животни

Post Views: 175  Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ од Охрид денес го одбележа Светскиот ден на бездомните животни. Тие денешниот ден го поминаа со нивните штитеници, бездомните кученца за кои тие секојдневно се грижат и хранат, како и со сите грижливи охриѓани кои денес се одлучија убавиот сончев ден да го искористат и да го поминат со нив. Од Анималиа велат дека се задоволни со денес постигнатото. „Граѓаните имаа можност да не посетат и да се подружат со бездомните животинки за кои се грижиме и на кои им бараме дом. Благодариме за нивните донации храна...

Продолжи со читање

Весели лазарки го најавија Велигден пеејќи лазарски песни низ охридската чаршија

Post Views: 465 Денес е христијанскиот празник Лазарева сабота, лазарици или Лазаровден. На овој ден лазарките го најавувале доаѓањето на пролетта и Велигден. Има повеќе лазарски песни кои обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Младите играорки од КУД „Ѓердан“ од Охрид втора година со ред се обидуваат да ја популаризираат подзаборавената традиција на лазарките.  Тие од рано утринава облечени во традиционална невестинска облека, пеејќи ги лазарските песни шетаа низ стариот дел на градот.„Денеска е лазарева сабота и денеска одиме по куќи...

Продолжи со читање

Странски туроператори и медиуми ќе се запознаваат со туристичките потенцијали на Охрид, а потоа ќе ги нудат во своите земји

Post Views: 162 Новинари, туроператори и туристички агенции од Србија, Словенија, Русија, Турција, Израел, Австрија ќе го промовираат Охрид во своите држави. Претставувањето на туристичките потенцијали на Охрид ќе се прави преку подготовка на новинарски репортажи во најмалку десет туристички списанија како и телевизиски репортажи на национални сателитски телевизии од Срција, Словенија, Русија и Турција. Ова треба да биде епилогот на промотивната тура за медиуми, туристички агенции и туроператори која по втор пат локалната самоуправа ја организира со цел привлекување на поголем број...

Продолжи со читање

Родителите на проблематичните охридски средношколци, зачестено во школските клупи на советување

Post Views: 176 Поради поведението, успехот и изостаноците на проблематичните охридските средношколци, родителите зачестено ги посетувале советувалиштата за родители кои од февруари 2011та година станаа задолжителни со измените во Законот за средно образование. Според психологот во општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, Весна Спасеска, фактот дека овие советувања се задолжителни, позитивно влијаел на одзивот на родителите, но и нивната заинтересираност да бидат што е можно поангажирани во училишниот живот на нивните деца.„ Во досегашниот период, значи за првото...

Продолжи со читање

Објавен јавниот повик за пријавување на кандидати за добивање сертификат за такси возачи

Post Views: 182 Општина Охрид го објави јавниот повик за добивање сертификати за авто такси возачи. За да може истите да полагаат испит за добивање на сертификатот, најпрво ќе треба да поминат обука за авто такси возачи и за тоа да добијат потврда од правното лице овластено за вршење на вакви обуки. Сите лица кои имаат ваква потврда и возачка дозвола за Б категорија, може да се пријават на некој од испитите кои ги организира општината за добивање на сертификатот. Кандидатите, за да се пријават за испитот, треба да поднесат пријава до Архивата на општина Охрид која може да се подигне...

Продолжи со читање

Со свечена академија, Црвениот крст-Охрид го заокружи одбележувањето на својот јубилеј

Post Views: 175 70 години хумана мисија, волонтеризам. Црвениот крст од Охрид со свечена академија, како јагода на шлагот го заокружи својот јубилеј за почит. Поддржувачи, волонтери поранешни и сегашни, пријатели и партнери на најхуманата организација во светот во еден здив ги проследија интересните уметнички перформанси, но и одличниот документарен филм за историјатот на охридскиот Црвен крст.„Голема е гордоста и честа секако да се биде лидер на оваа организација која што слави ваков јубилеј и која што има еден огромен број на волонтери и активисти, професионалци, луѓе кои навистина...

Продолжи со читање

70 години хуманост и посветена работа на Црвен крст-Охрид

Post Views: 249   Најхуманата, исклучително почитуваната и посветена организација, Црвениот крст од Охрид денес го прославува својот прекрасен јубилеј. 70 години постоење, 70 години посветеност и хуманизам, 70 години од основањето на оваа општинска организација. Со свечено дефиле од пред споменикот на основачот на Меѓународната организација на Црвениот крст, Анри Динан, денес, волонтерите, раководството, сите членови, поддржувачи и соработници на охридскиот Црвен крст ги започнаа чествувањата на нивниот јубилеј. Весна Терзиоска, потпретседател на О.О на Црвениот крст од Охрид, вели...

Продолжи со читање

Не издржаа бекатон плочките со кои локалната ги крпеше ударните дупки низ градов

Post Views: 224 Ударните дупки низ охридските улици повторно се отворија. Не издржаа бекатон плочките со кои службите од локалната пред нецел месец ги санираа дупките. Дополнително, во нивна непосредна близина се отворија и нови. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици признаваат дека ситуацијата е таква, но велат дека уште во месец јануари тие изготвиле акционен план за трајно решавање на овој проблем и пополнување на дупките со асфалт. Со оглед на тоа дека локалната неодамна веќе започна со асфалтирање на патниот правец Охрид-Велестово, најавуваат дека за скоро време...

Продолжи со читање

Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот саем за туризам-Скопје Травел Маркет

Post Views: 180 Охридските туроператори како домаќини ќе ја претстават туристичката понуда на градов на петтиот по ред меѓународен саем за туризам-Скопје Травел Маркет. Денес градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од туристичкиот саем како и стопанската комора на Македонија за туризам, договорија, Охрид да биде домаќин на овој меѓународен саем кој се одржува во рамките на познатиот Скопски саем. Според Бакрачески, овој саем, во голема мера ќе придонесе во поефикасното промовирање на туристичката понуда на градов.„Да ги презентираат своите туристички продукти, да ги презентираат...

Продолжи со читање