Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 4 Дел од индустриските капацитети и хали во градов кои не се во функција, потенцијална можност за домашни или странски инвеститори. Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален економски развој објави два јавни повици на кои се бараше од сите стопански субјекти, правни или физички лица кои поседуваат вакви капацитети, а истите не се во функција, да ги презентираат пред локалната и со тоа да станат дел од сите потенцијални браунфилд инвестиции кои би се реализирале во градов, било тоа да се странски или домашни инвеститори. “Досега се пријавени...
ВМРО ДПМНЕ започна со прибирање на идеи од охриѓани за престојните парламентарни избори
Post Views: 7 Од денес па во наредните пет дена охриѓани ќе имаат можност да ги предлагаат своите идеи за подобар Охрид и подобра Македонија, кои идеи треба да бидат инкорпорирани во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за престојните парламентарни избори. На штанд поставен на градскиот плоштад мобилна екипа од млади членови на партијата деновиве ќе ги евидентираат идеите кои охриѓани ќе ги предлагаат. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека токму граѓаните се факторот од кој тие ја црпат енергијата за работа. Според Бакрачески, граѓаните знаат што за нив е најнеопходно и...
Охридските гимназијалци интерактивно учеа како да ја подигнат својата безбедност во сообраќајот
Post Views: 2 Како да се зачува сопствената безбедност, кои се прописите и правилата кои гарантираат безбедно учество во сообраќајот, како да се внимава и на останатите учесници во сообраќајот. Ова се само дел од сознанијата кои денес ги добија средношколците од охридската гимназија на интерактивниот час кој за нив го подготвија Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во соработка со полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Еве што тие научија: “На овој едукативен час учевме за безбедноста во сообраќајот, пред се како да ги...
Со подобра патна инфраструктура и нови хотелски капацитети до резултати во туризмот
Post Views: 3 Градење на нови хотелски капацитетти, достигнување на бројка од еден милион гости годишно, поволни каматни стапки за добивање кредити, креирање на производ кој е привлечен за странските туристички гиганти, изградба на соодветна патна инфраструктура за поуспешна и подолга туристичка сезона во земјава. Ова се само дел од желбите, идеите и предлозите на туристичките работници со чија реализација тие сметаат дека многу би се подобрила туристичката слика во земјава. Како една од пречките за реализацијата на нови инвестиции во делот на хотелските капацитети, според...
Локалната работи на поставување на новата водоводна линија за село Лескоец
Post Views: 6 Почеток на крајот на проблемите на Лескоец со водоснабдителниот систем. Во моментов по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици се работи на поставување на новата водоводна линија која беше најавена летово, а која треба еднаш засекогаш да ги реши проблемите на лесковчани со снабдувањето со вода, особено во летните месеци кога тие беа и најизразени. Станува збор за зафат кој ќе се спроведува во три фази, а во моментов се поставува водоводната инфраструктура на самиот влез од Лескоец, во непосредна близина на седиштето на ЈП “Градски...
Средствата за нафта и превоз во училиштата континуирано ќе се зголемуваат поради наследените долгови кон економските оператори
Post Views: 4 Благодарение на поголемиот прилив на средства во општина Охрид, локалната ги зголеми предвидените средства за превоз и нафта во училиштата. Овие дополнителни средства кои се издвоија со последниот ребаланс на буџетот, според секретарот на општината Димитар Спасески се единствено во насока на регулирање на наследените долгови на училиштата кон економските оператори кои ги снабдуваат училиштата со нафта и кои го вршат превозот на учениците. Според опозицијата во градскиот совет пак, ваквото зголемување наговестува дека локалнатата работи недомаќински во делот на...
Локалната ги прави последните поместувања во буџетот за 2015та година
Post Views: 10 Последни законски предвидени поместувања во општинскиот буџет за оваа година. Советниците во градскиот совет денес дискутираа за реализацијата на програмите на секторите на локалната самоуправа, биле тие годишни или развојни. Во рамките на ребалансот на буџетот пак, кој е последен кој законодавецот го предвидел за една буџетска година, се дискутираше и по однос на поместувањата кои локалната ги предвидува по пооделните сектори, односно во нивните програми. Токму тука беа забелешките на опозицијата во градскиот совет кои реагираа дека самиот ребаланс се прави...
Потребно е огромно лоби за Охрид да стане универзитетски град смета фелата
Post Views: 6 Градот на писменоста и просветителството во 2015та година своето образование го темели само на две високообразовни институции. Во образовната фела постои консензус околу потребата Охрид да добие повеќе универзитети, но барем досега не дошло до реализација на ваквата идеја. Наместо Охрид, Штип во рок од 8 години прерасна во универзитетски град благодарение на Универзитетот “Гоце Делчев” во кој функционираат повеќе од десетина факултети. Според проф.д-р Ирина Петровска од Факултетот за туризам и угостителство, во Охрид постои 45 годишна традиција на...