Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во ЕМО

Post Views: 178 Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во некогашниот охридски гигант ЕМО. Денес тие по четврти пат, со транспаренти во рацете одржаа мирен протест низ неколку охридски улици во обид уште еднаш да го свртат вниманието кон проблемот со 40 неисплатени плати и придонеси. Тие велат дека информациите дека 80 проценти од фабриката работи, се неточни, а наместо тоа, во АД ЕМО 6 месеци нема струја, греење, ниту пак обезбедена работа.„На 5ти март бевме повикани во Владата на Република Македонија. Не прими премиерот Никола Груевски. Најверојатно...

Продолжи со читање

Дигитализација на рендген снимањата во специјалната болница „Св.Еразмо“

Post Views: 437 Нема веќе класично развивање на филмови и аналогни снимки во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид. Тие во моментов се во фаза на целосна дигитализација на рендген снимањата што според менаџментот на болницата ќе значи скратување на времето на дијагностицирање на пациентот. Процесот на дигитално снимање во истиот момент на снимањето испраќа слика од состојбата на пациентот во амбулантата и докторот веднаш може да постави дијагноза и да направи извештај.„Почнавме ние со дигитализација на рендген снимањата. Ветено ни е од Министерството...

Продолжи со читање

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода на ул.„15 Корпус“

Post Views: 176 Сега починатиот во критичниот момент се обидувал да ја премине улицата на необележан пешачки премин. Притоа, во него удрило патничко моторно возило марка „Пасат“ со охридски регистарски таблици кое од селото Лескоец се движело кон Охрид. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на јавниот обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде извршена...

Продолжи со читање

Наметки, бањарки, детски пижами, постелнини-донација за болницата „Св.Еразмо“

Post Views: 195 Приватната Клиничка Болница „Аџибадем Систина“ од Скопје со донација од околу 3000 парчиња медицински униформи, бањарки, пешкири, ноќници, детски и машки пижами, наметки, постелнина за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид. Директорот на „Св.Еразмо“, д-р Митко Тилев вели дека тие секогаш работат во интерес на пациентите и подобрување на квалитетот на услугите.„Пред се благодарам до вас и вашиот менаџерски тим на Аџибадем Систина за оваа донација што се состои од текстилни артикли што ќе придонесат за подобрување на квалитетот...

Продолжи со читање

Велестово виде асфалт после 32 години

Post Views: 175 Први камиони асфалт во Велестово после 32 години. Денес започна реконструкцијата на патниот правец Охрид-Велестово финансирана од страна на Агенцијата за патишта на Република Македонија. Проектот е вреден 164 илјади евра, а истиот ќе се реализира во две фази. Во првата фаза, со околу 80 илјади евра ќе се реконструира делницата на влезот во селото, додека во втората фаза ќе се реконструира почетната делница од бензиската пумпа кај Билјанини Извори до зградата на НП „Галичица“. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реконструкцијата на овој пат за локалната е од...

Продолжи со читање

Ќе се подобри ли безбедноста на пешаците на „Железничка“?

Post Views: 233 Ќе се подобри ли безбедноста на пешаците на „Железничка“? Оваа високофреквентна улица која воедно е дел од магистрален пат, е проблематична уште од моментот на нејзиното пуштање во употреба, после завршената реконструкција во 2011та година. И покрај поставената вертикална и хоризонтална сигнализација, крстосниците на „Железничка“ изминативе години стекнаа репутација на црни точки во градов, на кои во неколку наврати, повеќе охриѓани го загубија својот живот во сообраќајни несреќи. Граѓаните кои секојдневно поминуваат по „Железничка“ сеуште се плашат за својата безбедност....

Продолжи со читање

Автомобилите кои комуницираат меѓу себе – дел од иднината на интернетот

Post Views: 239 Автомобили кои ќе комуницираат помеѓу себе преку ултра-стабилен безжичен интернет и масовна комуникација со сензори преку Интернет. Ова е иднината на Интернетот каква што ја замислува Петар Поповски, професор на Универзитетот во Алборг, Данска на одделот за електронски системи. Поповски кој е родум од Охрид, повеќе од 15 години  работи на полето на телекомукациските системи, а неговата истражувачка работа штотуку доби високо признание со добивањето на средства од Европскиот совет за истражување (ERC – European Research Council) во форма на грант за консолидатори...

Продолжи со читање

Изградба на нови хотели предвидена со новиот ДУП за потегот Горица-Св.Стефан-Метропол

Post Views: 411 Изградба на нови хотели, но и реконструкција, доградба и надградба на постоечките хотелски капацитети на потегот од населбата „Св. Стефан“ до хотелот „Метропол“. Ова е предвидено со новодонесениот детален урбанистички план за овој потег, односно вон-населено место. Бранко Арнаудов, од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа појаснува дека во сите детални урбанистички планови кои се вон-населено место, единствена намена на земјиштето може да биде само изградба на хотелски комплекси, мотели, старечки домови или викенд куќи.„На потегот од „Св.Стефан“ отприлика...

Продолжи со читање

Маси и столици или пешаци на тротоарот од ул.„Коста Абраш“ престојнава летна сезона?

Post Views: 200 Дали пешаците кои чекорат по улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото во престојнава летна туристичка сезона ќе бидат побезбедни? Години наназад, граѓани кои гравитираат на овој потег реагираа дека наместо да чекорат по тротоарите кои се за нив наменети, тие се приморани да одат по коловоз, бидејќи на тротоарите се поставени маси, столици и друга урбана опрема. Од Секторот за урбанизам денес велат дека со годинешната програма за поставување на урбана опрема оваа ситуација веќе нема да ја има. „Во програмата што е донесена за 2015та на тој простор нема маси...

Продолжи со читање

Барањето за дебата за урбанизацијата на Студенчишко Блато не доби поддршка од владеачкото мнозинство

Post Views: 174 Не помина иницијативата и барањето на опозициските советници на денешната седница на советот да има поопширна дебата за урбанизацијата на Студенчишкото Блато. На седницата не присуствуваа ниту Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ниту претставници од Завод и Музеј од Охрид, Хидробиолошкиот Завод или пак еколошки друштва кои опозицијата пред неколку дена бараше да бидат поканети и да земат учество на денешната седница.„Она за што Бакрачески и ДПМНЕ тврдеа дека нема да го прифатат во нивната програма денес сме сведоци дека не само што оваа локална самоуправа...

Продолжи со читање

Средношколци од Словенија приготвуваат македонски јадења и се запознаваат со убавините на Охрид

Post Views: 236 Средношколци од Словенија подготвуваат македонски традиционални јадења и се запознаваат со Охрид благодарение на Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци и студенти. Учениците од Центарот за биотехника и туризам од Ново Место-Словенија петнаесетина дена ќе ги впиваат убавините на нашиот град, а ќе имаат и практична настава за приготвување на храна и послужување на гости. „Прв пат сме во Македонија, тоа за мене е многу интересно, бидејќи се запознав со македонците, кои се многу пријатни луѓе. Досега искуствата се прекрасни бидејќи ни покажуваат се што знаат...

Продолжи со читање

Урбаната опрема-жешка тема на петочната седница на Совет

Post Views: 167 Поставувањето на урбана опрема за 2015та година ќе биде една од жешките теми на петочната 37 седница на Советот на општина Охрид. Советниците ќе се произнесат и по однос на неизбежните предлог одлуки од сферата на урбанизмот. Од нив, се чини најинтересна е онаа за дефинирање на границите на централното градско подрачје. Ова, според претставници од Секторот за урбанизам го налагаат Законите за градба и за градежно земјиште, бидејќи, од тоа, дали објектот или земјиштето се наоѓа во централно градско подрачје ќе зависи и бројот на паркинг места при добивање одобрение...

Продолжи со читање