Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 10 Посветени сме на максимално остварување на социјалната заштита на ранливите категории на граѓани. Центарот функционира и ќе функционира согласно законските прописи, но и во насока на реализација на многубројните проекти кои се спроведуваат со цел унапредување на социјалната заштита. Ова се само дел од целите, мисијата и предизвиците со кои новиот директор на Центарот за социјална работа од Охрид, Артим Османи вети дека ќе се посвети за да ги постигне. “Јас како од моја страна така и од вработените, ќе дадам максимален напор за да и се помогне на оваа група...
Туристи од Бенелукс вдомуваат три кученца од прифатилиштето на „Анималиа“
Post Views: 7 Три повозрасни кученца за кои се грижат волонтерите на „Анималиа“ си најдоа свој дом во земјите од Бенелукс. Кучињата, според Климент Арнаудов, претседател на Здружението за заштита на животни „Анималиа“ потешко се вдомуваат од оние помалите. Повеќе од 30 кученца што помали, што повозрасни се секојдневна грижа за волонтерите од Анималиа, од вчера бројката им се зголеми за 17 мали кученца кои дојдоа на свет. Сепак според нив, вдомувањето на кучиња генерално во градов оди многу потешко отколку што се надевале. „Направивме сефте, ги испративме во Холандија, едно е...
Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ со прекрасни кореографии, песни и танц го одбележаа својот патронат
Post Views: 4 Песни, танц, игри, кореографии, се во знакот на татковината…Црвената и жолатата боја буквално го обоија теренот во спортската сала „Билјанини Извори“, а сите родители, претставници од јавни претпријатија, политичари, граѓани можеа да уживаат во колоритната претстава на малите дечиња. 250 на број, дечињата и самите уживаа во претставата која тие ја приредија, а која никого во публиката не остави рамнодушен. Со свој придонес во големата свеченост учествуваа и средношколците од “Нико Нестор” од Струга кои се претставија со прекрасни народни носии...
Бели рози за почист воздух
Post Views: 8 Белите рози, симболот на чистотата денес го разубавија училишниот двор на гимназијата “Св.Климент Охридски”. Женскиот лајонс клуб “Деница” со една симболична акција испрати порака за подигнување на свеста кај граѓаните не само за естетиката и убавината на овој убав цвет туку и за неговата функција на филтер на загадениот воздух. “Оваа симболична акција по трета година ја спроведува женскиот лајонс клуб Деница. Донираме садници на бели рози. Симболиката се состои што сакаме покрај убавината на белите рози сакаме да ја истакнеме и...
Охриѓани чествуваат 71 година слободен Охрид
Post Views: 9 Наша света должност е да ја сочуваме тешко стекнатата слобода…Пред нас и генерациите по нас ќе стои одговорноста да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста. Ова се пораките кои силно одекнаа денес на свечената седница по повод 71 година слободен Охрид. Борци, поддржувачи, претставници од политички партии, локалната самоуправа, јавните претпријатија и граѓани денес најпрво со положување свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци, а потоа и со пригодна свеченост, им оддадоа достојна почит на оние чија заслуга е...
Германскиот гигант Костал, денес потпиша договор со кој ја официјализираше најавената инвестиција во ТИРЗ Струга
Post Views: 6 Германскиот гигант Костал денес го потпиша договорот со кој официјално ја потврди инвестицијата во технолошко-индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга. Оваа 50 милиони вредна инвестиција треба да овозможи вработување на 1000 нови работни места. Охридскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека денес го оствариле ветувањето дадено минатата пролет за оваа втора голема инвестиција во Охридско-струшкиот регион. „Ќе се отворат работни места за повеќе видови на струки и квалификации и со средно и со високо образование, значи...
По Нова Година, Охрид ќе има модерно и економично осветлување
Post Views: 8 Проблемите со јавното осветлување ќе бидат целосно надминати по Нова Година-најавуваат од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Од таму информираат дека веќе е започнат процесот на промена на обичните сијалици од уличното осветлување со новите, лед, економични светилки. Во првата фаза од процесот на промена на уличните светилки предвидено е да се опфатат местата како Сирула, Оровник, Вапила, Ливоишта, Куратица, Рамне, Велестово и Рача. Во моментот се работи на поголемите населени места, Лескоец и Велгошти. „Отпочната е таа акција за менување на...
Под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвениот крст се мобилизира за помош на старите лица
Post Views: 4 Меѓугенерациска средба на младите и повозрасните лица, пријатни изненадувања и подароци, интересно дружење и настап на пејачки групи во неделата на грижа за стари лица. Црвениот крст од Охрид и годинава традиционално ќе им посветува внимание на старите лица од Охрид и Дебрца, овој пат под мотото „Сите сме нивни деца“. Воедно од Црвениот крст од Охрид подготвуваат и нова програма која ќе започне со спроведување токму во текот на неделата на грижа за стари лица, а која ќе биде насочена кон обезбедување на поквалитетно стареење на старите лица. Годинава и два...