Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Тендерите за проектите финансирани од Светска банка се завршени и во фаза на оценување

Post Views: 180 Проектите на локалната кои ќе се финансираат со кредитот од Светска банка се поблиску до својата реализација. Откако истите ја поминаа фазата на одобрување од страна на оваа реномирана финансиска институција, локалната ги реализираше и тендерот за изградба на инфраструктурните објекти, како и тендерот за набавка на специјалните возила за јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека повеќе економски оператори се јавиле на двата јавни повици.„Роковите за аплицирање се завршени и сега во овој момент и тендерот за набавка...

Продолжи со читање

Неколку куќи на познати охридски фамилии ќе го добијат оригиналниот сјај

Post Views: 329 Куќите на неколку познати стари охридски фамилии ќе го враќаат првобитниот сјај. Годинава, Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид ќе врши конзервациско-реставраторски работи на повеќе објекти во градов. За оваа намена, министерството за култура веќе одобрило средства како дел од годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес. „Оваа година ќе ја санираме фасадата на објектот каде што се наоѓа Радио Охрид. Во непосредна близина накај чинарот постои уште еден објект, една камена магаза и на тој објект ќе вршиме санација на фасадата. Исто...

Продолжи со читање

Среќни туристки од Црна Гора го добија најубавиот подарок за 8ми Март

Post Views: 189 Охридски бисер за Денот на жената 8ми Март. Продолжува интересната традиција пронајди го скриениот бисер во Заливот на коските, организирана од познатиот изработувач на охридски бисер, Михајло Филев и туристичкиот водич, Љупчо Јузмески. Две туристки од Црна Гора денес го добија најубавиот подарок за 8ми Март, оригинален охридски бисер. Лилјана Јовановиќ е среќниот пронаоѓач на бисерот во потрагата.„Имав среќа да го најдам овој бисер кој ни го подари фамилијата Филеви. Прв пат сме во Охрид и многу ни се допаѓа, преубаво е, баш е убаво.“-вели Лилјана Јовановиќ-турист.За...

Продолжи со читање

Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени

Post Views: 175 Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени. На денешниот отворен ден на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, директорот Цветко Грозданов истакна дека тие како акционерско друштво ги намалуваат цените, па граѓаните за 599 евра за метар квадратен можат да дојдат до сопствен стан изграден од државата. За комерцијални цели, имаат на располагање 40 станови кои се наоѓаат во населбата Расадник. Намалувањето на цената за метар квадратен, според Грозданов е со цел да се намали негативното влијание на...

Продолжи со читање

Апел: Помогнете и на нашата сограѓанка Билјана Јанеска да ја добие најважната битка

Post Views: 432 Храброста не е во победите, храброста е во силата да се стане после секој пораз и да се продолжи борбата. Тоа го знае нашата сограѓанка, самохрана мајка на две малолетни деца, Билјана Јанеска. Насмевката на нејзиното лице уште при првото ракување, ви дава до знаење дека во неа има храброст, истрајност, и желба за живот. А нејзиниот живот е  една непрекината низа на борби и предизвици. Последната и е најтешка, борбата за својот сопствен живот. Малигниот меланом кој и бил дијагностициран пред шест месеци и го задава најтешкиот удар. За да победи Билјана, потребни и се...

Продолжи со читање

Руинираните објекти на некогашната детска болница продадени за 1.220.000 евра

Post Views: 218 Објектите на некогашната специјална детска болница денес, беа продадени на електронската аукција организирана од Министерството за финансии. Скопската компанија КАМ ФУД била најповолен понудувач, неофицијално дознава ТВМ . Најповолниот понудувач на денешната аукција доби десет објекти со вкупна површина од 6751 метар квадратен. Почетната цена за истите изнесуваше 2655,10 денари за метар квадратен, сума која до крајот на аукцијата достигна до 11.000 денари за метар квадратен или попрецизно, сите објекти на некогашната детска болница беа купени за износ од приближно...

Продолжи со читање

Започна големиот потфат за пренуркување на Охридското Езеро

Post Views: 180 Педесетина нуркачи денес од градското пристаниште ја започнаа неколку месечната мисија за пренуркување на Охридското Езеро, подводно фотографирање, снимање и позицинирање на места од интерес на научната јавност. Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“, од клубот за подводни дејности од Охрид, нуркач од Струга, нуркачи од специјалните едниници на АРМ и МВР како и претставници од Албанија во наредните три до четири месеци со секојдневни нуркања ќе треба да поминат 80 километри и 322 метри. На македонска страна, нуркачите посебно ќе истражуваат локација во Струга каде...

Продолжи со читање

Изборот на приватен партнер за изградба на затворениот пазар ќе биде жешката тема на петочната седница на Совет

Post Views: 171 Советниците на град Охрид во петок ќе гласаат по неколку интересни предлог одлуки кои се од интерес за јавноста. На 36та седница на Советот, градските советници ќе треба да се произнесат по однос на елаборатот за проценка на штетите од снежните наноси во нашата општина од крајот на минатата година, а исто така ќе се дискутира и по однос на записниците за проценка на настанатите штети од пожар и невреме на подрачјето на општината. Особено внимание привлекува третата точка на дневниот ред, а која се однесува на изборот на приватен партнер за изградба на затворениот зелен...

Продолжи со читање

Само матурантите од гимназија ќе слават матура во странство

Post Views: 227 Матурантите од средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“ оваа година нема да имаат матурска екскурзија.  Ова училиште  од почетокот на оваа учебна година се осамостои како правен субјект, а години наназад матурските прослави ги правеше заедно со гимназиските паралелки. Од оваа година тоа нема да биде така. Вршителката на должноста директор на средното општинско стручно училиште, Славица Костоска, со објаснување зошто нејзините матуранти нема да слават матура во странство.„Законот за средно образование, децидно кажува дека учениците во текот на школувањето во...

Продолжи со читање

Славица Костоска по втор пат ја доби довербата на училишниот одбор за директор на економско

Post Views: 207 Вршителот на должност директор на СОСУ „Свети Кирил и Методиј“, Славица Костоска повторно ја доби довербата од членовите на училишниот одбор како најадекватен кандидат за функцијата директор на средното економско училиште. На вчерашното прегласување, на кое учествуваа сите 11 члена на училишниот одбор, Костоска доби 7 гласа, додека нејзиниот противкандидат, професорот Никола Тренески ја доби довербата на четворица члена од одборот. Покрај новоназначениот член на одборот, односно претставник од Министерството за образование, училишниот одбор содржи и четворица членови...

Продолжи со читање

Костоска: Средното економско постигна многу за шест месеци самостојна работа благодарение на колективот

Post Views: 169 10 училници, кабинет за компјутери, уреден влез во училиштето, учество во проекти. Ова се само дел од резултатите од шесте месеци работа како самостоен правен субјект на средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“. Вршителот на должноста директор на училиштето, Славица Костоска денес со медиумите ги сподели успесите, предизвиците и идните планови на училиштето. Костоска вели дека кога се одвоиле како посебен субјект немале ништо, без хигиеничари, само зграда, училници и наставен кадар кој е вработен во друго училиште. „Канцелариите не ги дотеравме, го...

Продолжи со читање

Центарот за депресија во Охрид започна со работа, охриѓани недоволно информирани за неговото постоење

Post Views: 889 До 2020 година депресијата ќе биде втора болест по честотата на јавување, по кардиоваскуларните заболувања, а антидепресивите и сега се меѓу најпродаваните лекови.  Секој човек барем еднаш во животот поминува низ период на депресија а според официјалните податоци на СЗО секој 4 возрасен човек во светот пати од некоја форма на депресија. Нерасположеност без причина е прв аларм за депресија. Тогаш е од голема важност навремено да се добие  советување, можност за разговор и помош. Ова на охриѓани им го нуди Центарот за депресија кој од месец јануари започна да функционира...

Продолжи со читање