Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 3 Катедралната црква „Св.Софија“ денес беше претесна да ги собере сите верници од сите краеви на земјава кои сакаа да присуствуваат на прославата за возобновување на култот кон свети Константин Кавасила, еден од најзначајните архиепископи на Охридската Архиепископија. Утрената богослужба природно ги прибра кај себе верниците кои дојдоа не само да го чујат божјото слово, но и да чујат за ликот и делото на свети Константин Кавасила. За значението на овој охридски архиепископ проговори теологот Виктор Недески. „Неговиот животен пат е специфичен во многу нешта....
Најавите за изградба на туристичка развојна зона кај Градиште ги револтираа мештаните
Post Views: 7 Најавите за изградба на хотелски капацитети на атрактивната локација кај авто кампот „Градиште“ предизвика револт кај жителите од Пештани кои 15 години водат спор со државата за враќање на нивните имоти во Градиште. Хотелите на пет ката кои Министерството за транспорт и врски ги предвидело на површина од над 57 илјади метри квадратни, се дел од планираната туристичка развојна зона за која министерството веќе го објави и нацрт-извештај за стратегиска оценка врз животната средина за урбанистичко планската документација. Пештанци, преку здружението на граѓани...
Засега нема компанија која што е блиску до реализација на проектот за ски-центарот на Галичица
Post Views: 8 Проектот за изградба на скијачкиот центар на Галичица сеуште чека понуди од заинтересирани компании кои ќе го реализираат големиот инвестициски проект. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, станува збор за проект кој треба во голема мера да придонесе за развојот на економијата во градов преку развојот на зимскиот туризам. „Засега, немаме компанија која што е блиску со своите понуди или со своите проекции до реализација на овој голем инвестициски зафат кој што би требало да биде некаде 76 милиони евра, досега немаме компанија која што е блиску до...
Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово со заеднички сили против нелегалната трговија со оружје
Post Views: 3 Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово заеднички ќе работат на сузбивање на нелегалната трговија со оружје. Денес шефовите на полициите од овие земји потпишаа и меморандум за соработка со кој се официјализира и формирањето на експертска група која ќе работи на подигнување на превенцијата, ефикасноста, оперативноста и соработката во справувањето со овој вид на криминал. Петер Доналд Колмрон од Нордиската полиција и царински врски смета дека официјалното формирање на експертската група од Југоисточна Европа и тоа како ќе придонесе за откривање на нелегалната...
Улицата „Ристо Чадо“ денес го доби првиот асфалт
Post Views: 6 Поставен првиот асфалт на улицата „Ристо Чадо“. После неколкумесечната целосна реконструкција на оваа улица, денес изведувачите од АД „Илинден“ од Струга го положија седум сантиметри дебелиот слој асфалт од типот БМ ХС 16 кој според луѓето од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици е еден од најквалитетните типови. Во текот на денешниот ден беше асфалтиран еден дел од оваа улица почнувајќи од кружниот тек кај Сојузот на возачи во правец кон објектот „Стобекс“. Љупчо Танески, од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици вели дека паралелно со...
Згрижување на преостанатите стотина вработени во ЕМО во некои од државните компании – побараа од синдикатот
Post Views: 5 Останатите стотина вработени во АД ЕМО да бидат згрижени во некои од државните компании-побараа од синдикатот на некогашниот охридски гигант. За конечно надминување на нивната ситуација, побараа останатите стотина вработени да добијат еднаков третман како и педесетината довчерашни вработени во ЕМО кои неодамна склучиле договор за вработување во државната МЕПСО. Тие уште еднаш побараа исплата на четириесетина заостанати плати, како и придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Меѓу другото, велат дека ќе побараат и соодветни одговори од Народниот правобранител...
10 работи кои мора да се направат во Охрид според експертот за туризам Дејвид Хофман
Post Views: 13 Возете се со кајче во Охридското Езеро, направете фотографија од црквата “Св.Јован Канео”, посетете ја Светиклиментовата Црква на Плаошник, видете го Античкиот театар, разгледајте ја музеј-куќата на фамилијата Робевци, видете ги фреските во црквата Света Софија, восхитувајте се на погледот од Самоиловата тврдина, купете Охридски бисери, посетете го манастирот “Св.Наум” и изворите на Црн Дрим, дојдете во допир со природата во националниот парк Галичица. Ова се десетте работи кои секој турист мора да ги направи кога ќе го посети Охрид,...
Охриѓани бараат холивудска насмевка по скратена постапка
Post Views: 3 Холивудска насмевка и бели заби по скратена постапка. Ова е желбата која најчесто ги тера охриѓани да се подложат на третман за избелување на своите заби. Оваа некогаш повеќекратна, болна па дури и штетна стоматолошка практика, последниве години доживува вистински технолошки развој. Дел од оваа современа технологија која во денешно време е и побезбедна, побрза и поефикасна, се работи и во стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” во Охрид. Стоматологот, д-р Емилија Стојаноска, вели дека ласерскиот третман кој тие го нудат на пациентите е врвно технолошко...