Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Училишниот одбор од средното економско училиште ќе прегласува за избор на директор

Post Views: 236 Училишниот одбор од средното економско училиште вечерва ќе прегласува за избор на директор во оваа образовна установа. Пред еден месец  училишниот одбор на актуелната вд директорка Славица Костоска и изгласа доверба за директор на училиштето, но предлогот беше вратен од страна на Градоначалникот Никола Бакрачески. Од локалната самоуправа, за ТВМ велат дека причина за тоа е што постапката за избор на директор не била извршена во согласност со  законските одредби, статутот на училиштето и деловникот на училишниот одбор. Имено од 10 члена на одборот Костоска добила 5...

Продолжи со читање

Анималиа и Animal World: Институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња

Post Views: 176 Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и „Animal World” од Струга одговорноста за случајот со човек нападнат од бездомни кучиња во Струга ја бараат кај надлежните институции. Јована Мојсоска од „Animal World” вели дека жалат поради тоа што му се случило на нејзиниот сограѓанин, но и дека е време конечно институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња и преземат мерки предвидени со закон за хумано решавање на истиот. „Како здружение апелираме институциите конечно да преземат мерки да се обезбедат средства за изградба на стационар...

Продолжи со читање

Велосипед, параглајдинг, рибарење и планинарење како алтернатива на традиционалниот туризам

Post Views: 186 Поактивен наместо традиционален туризам за успех надвор од летната туристичка сезона. Дебрца, Куратица, Елшани и Вевчани од македонска, и Поградец и Корча во Албанија се местата кои ќе нудат комплементарна но несекојдневна туристичка понуда барем за наши услови. Овие локации можеби немаат некоја развиена инфраструктура, но поседуваат сместувачки капацитети кои можат да понудат нешто поинакво од традиционалното. Македонската фондација за развој на претпријатијата како начин за поттикнување и развој на алтернативните форми на туризам во еден поширок туристички регион,...

Продолжи со читање

Чаша добро вино и многу љубов, денес се празнуваат Св.Трифун и Св.Валентин

Post Views: 206 Три зарежани пенушки со надеж дека тоа ќе донесе здравје, бериќет, многу грозје и вино. Лозарите денес ги посетуваат своите лозја и ги закројуваат незапупените гранчиња. Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна.„Тој на еден чудесен начин преку своите молитви ја избавува...

Продолжи со читање

Во кои приватни здравствени установи охриѓани може да го испитаат тироксинот по цени од Фондот за здравство?

Post Views: 179 Во кои приватни здравствени установи кои прават биохемиски анализи, охриѓани може да ја испитаат функцијата на тироидната жлезда по фондовски цени? Во вчерашниот прилог за недостаток на реагенси за испитување на тироксинот во Општата болница од Охрид, од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување, изјавија дека покрај Општа болница и Здравствен дом и четирите приватни здравствени установи „Дарон“, „Кардиолаб Маџаров“, „Сонце“ и „Биохем дијагностик“ имаат договор со фондот за испитување на функцијата на тироидната жлезда со упат од матичен лекар. Револтирани...

Продолжи со читање

Со кариерен центар, ќе се откриваат афинитетите на средношколците од ЕМУЦ

Post Views: 241 Средношколците од ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ќе добијат помош во бирањето на нивната професионална определба. Ова, нивното средно училиште ќе им го овозможи преку проектот за креирање на кариерен центар кој ќе функционира во рамките на училиштето. Директорот на оваа образовна институција, Јане Цаноски вели дека формиран е тимот кој ќе работи со децата во кариерниот центар, а во моментот ја подготвуваат просторијата во која ќе се работи. Цаноски додава дека веќе започнале и со опремување на истата, донесени се масички, столчиња за десет работни места, ормарчиња, а доставена...

Продолжи со читање

Еразмус плус-можност за студирање во странство, нови методи на предавање за професорите

Post Views: 171 Интернационализација на образовните институции, нови методи за предавање, мобилност на студентите и учениците. Ова се само дел од бенефитите на Еразмус плус програмата на Европската унија, една од  водечките програми во сегментот образование, обука, спорт и млади. Денес, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за охридските образовни институции како и невладини организации кои се занимаваат со обуки, спорт или млади, организираше инфо ден во кој им ги презентираше предностите на оваа програма. Дарко Димитров, директор на агенцијата, вели дека...

Продолжи со читање

Детската претстава „Свињарот“, прва премиера на Охридскиот театар во 2015та

Post Views: 164 „Свињарот“, детската претстава за двете страни на љубовта, онаа убавата, и онаа со несреќен крај, прва премиера во годинешната театарска сезона на Охридскиот народен театар. Режисерот на оваа претстава, Ѓорѓи Ризески вели дека со претставата се обидуваат да им прикажат на децата два света, оној од бајките и светот во реалноста. Според него, љубовта е најсилното нешто на светот, но не секогаш има среќен крај.„Ова ќе биде една едукативна претстава за децата која ќе им даде до знаење каква е всушност љубовта во светот на возрасните, дека за да се случи љубовта, треба...

Продолжи со читање

Охриѓанец и нанесол тешки телесни повреди на својата ќерка

Post Views: 180 51 годишен охриѓанец и нанесол тешки телесни повреди на својата ќерка во семејниот дом во Охрид. Жртвата, по нападот, била згрижена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“. Полицијата која констатирала алкохолизираност кај напаѓачот истиот го привела и лишила од слобода. Воедно против него била поднесена кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда, а му била одредена и мерка притвор во траење од осум дена. Свежи се сеќавањата на охриѓани на случајот со семејно насилство кој беше регистриран само 15тина дена порано, по што од СВР-Охрид...

Продолжи со читање

Хуманитарниот концерт во Центарот за култура, не ги исполни очекувањата на организаторите

Post Views: 184 22.400 денари и околу 5000 денари во храна е се што охриѓани донираа на големиот хуманитарен концерт за помош на поплавените подрачја во Македонија кој синоќа се случи во Центарот за култура „Григор Прличев“.  Дарко Мојсоски, еден од организаторите вели дека се разочарани од собраните средства и дека очекувале многу повеќе со оглед на целта на концертот, како и на звучните имиња кои настапиле. Очекувале да соберат барем 60000 илјади денари од карти и уште 20ина илјади во донации. Мојсоски додава дека сеуште не ја знаат точната донација од локалните фирми. Инаку денес...

Продолжи со читање

„Анималиа“ со проект за изградба на прифатилиште за кучиња кај Мауцкер

Post Views: 192 Приемно одделение, одделение за пост-оперативна нега, и карантин за кучиња. Ова е само дел од замислата и проектот на здружението за заштита на животни од Охрид, „Анималиа“ за тоа како треба да изгледа прифатилиштето за кучиња кое е се поизвесно дека ќе се изгради кај месноста „Мауцкер“. По барањето на локалната, од здружението, во рок од два дена го изработиле елаборатот во кој се предвидени приоритетните зафати за реконструкција и надоградба на дел од поранешните просториите на војската. Како еден од најголемите приоритети, според Димитар Ставрески од „Анималиа“...

Продолжи со читање

Зголемен број на случаи на грип, препишани 150 дози на тамифлу во Охрид

Post Views: 254 Драстично зголемен бројот на пациенти во изминативе две недели кои се јавиле кај своите матични лекари дали со симптоми на настинка или пак со посериозна клиничка слика на грип . Зголемување на бројките бележат и во Центарот за јавно здравје од Охрид каде само до минатата недела биле регистрирани 100 случаи на грип споредено со претходниот период кога се бележеле по само 5 -6 случаи. Д-р Јованка Стурлакова-Коровешоска, епидемиолог при Центарот за јавно здравје, вели дека на најголемиот број од пациентите кои пристигнале со симтоми на грип им била дадена антивирусна...

Продолжи со читање