Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Се чисти Црн Дрим од ресите-потенцијалната опасност за капачите

Post Views: 394 Се чистат ресите од реката Црн Дрим во Струга. Екипи од ХЕЦ „Глобочица“ деновиве работат на отстранување на овие реси кои поради топлото време и помалиот истек годинава нараснаа повеќе од вообичаено. Не само што прават грда слика на една од најубавите реки во земјава, нараснатите реси претставуваат и потенцијална можност за загадување на водата во Црн Дрим, но и опасност по капачите кои во текот на летните месеци се капат во реката. Директорот на ХЕЦ „Глобочица“, Тони Маркоски вели дека акцијата за чистење на коритото на Дримот од ресите ја спроведуваат години наназад...

Продолжи со читање

Посебна комисија ќе се грижи за управувањето со Дримскиот басен

Post Views: 247 Покрај темно сините води на речниот убавец, Црн Дрим, а воедно и во останатите четири држави во кои припаѓа Дримскиот басен, денес се одбележа „Денот на реката Црн Дрим“. Денешната манифестација претставуваше неофицијален почеток на проектот за интегрирано управување со природните ресурси, проект на кој се работи години наназад. Заменик министерот за животна средина, м-р Стево Темелковски ја изрази својата благодарност до сите кои го дале својот придонес во подготвувањето на проектот.„За нас во Макеоднија е особено важен овој регион затоа што баш во овој регион се...

Продолжи со читање

Нов државен рекорд во стрелање низ нишанот на Михаил Шишкоски

Post Views: 235 Михаил Шишкоски е  трикратниот државен првак и репрезентативец од стрелачкиот клуб „Охрид“ кој деновиве постигна одличен успех. Со 594,5 погодени круга, Шишкоски успеа да го собори државниот рекорд во стрелање со воздушна пушка, и не само да го собори туку и да го подобри за цели 6,2 поени. Тој вели дека е навистина среќен што успеал да го постигне ова големо достигнување особено што тоа е остварено во сериозна конкуренција.„На овој натпревар учествуваа сите клубови што се натпреваруваат во меѓународна програма од Република Македонија. Конкуренцијата беше голема, но...

Продолжи со читање

Стартува задолжителното носење на зимска опрема во моторните возила

Post Views: 258 При контролите кои ќе ги спроведува полицијата почнувајќи од денес, ќе проверува дали возилата поседуваат зимска опрема односно дали шарите на гумите се со најмалку четири милиметри длабочина. За возила до 3500 килограми како зимска опрема се сметаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри, како и летни гуми со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри како и синџири за снег со адекватна големина. За возилата со погон на сите четири тркала под зимска опрема спаѓаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата на гумите...

Продолжи со читање

Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите

Post Views: 260 Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите. Според последните испитувања на квалитетот на водите во охридско-струшкиот регион, водата која би требало пречистена да излегува од станицата во Враништа, наместо со подобар, таа со полош квалитет се влева во реката Црн Дрим. Д-р Сашо Точков, бромолог во Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека неефикасното работење на пречистителната станица во Враништа ја оптоварува реката Црн Дрим и ја загадува нејзината вода. „Станицата уште од кога е поставена си имала своја улога значи...

Продолжи со читање

35ти фестивал „Браќа Манаки“-скандал, врвни кинематографи и Жулиет Бинош

Post Views: 233 По 35ти пат некои од најдобрите кинематографи на денешницата излегоа од своите секојдневија и зачекорија кон Битола, кон Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Годинава црвениот тепих на отворањето на оваа наша најпрестижна филмска манифестација доби некоја поинаква, многу поголема тежина бидејќи на него зачекорија тројца оскаровци кои со својата работа буквално оставаат без здив. Двајца од најдобрите кинематографи на денешницата Крис Менџис и Лука Бигаци, и вистинскиот благодет за сите љубители на филмот, неповторливата оскаровка, актерката Жулиет...

Продолжи со читање

Македонија без најдобриот стрелец на Летните олимписки игри во Лондон

Post Views: 467 Скандал ја тресе стрелачката федерација на Македонија. На летните олимписки игри кои на крајот од месецов започнуваат во Лондон, Македонија ќе оди без најдобриот стрелец во женска конкуренција. Надица Апостоловска која се натпреварува во дисциплината 10 метри со воздушна пушка, за жал останува дома. Инаку, првичната одлука на стручниот штаб на федерацијата, донесена на 9 Март 2012 година, била Надица да патува на олимписките игри. Оваа одлука била потврдена и следниот ден на состанокот на извршниот одбор, но до 12 Март, односно денот кога истекува рокот за пријавување...

Продолжи со читање

Деветти по ред натпревар по англиски јазик во колеџот „Јахја Ќемал“

Post Views: 235 Деветти по ред натпревар по англиски јазик во приватното средно училиште „Јахја Ќемал“ од Струга. На него учество годинава зедоа околу 210 ученици од основните училишта од Охрид, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Демир Хисар, Кичево, Центар Жупа, Вевчани, Пласница и Другово.„Целта на организирање на овие натпревари е да се влијае на развојот на образованието и науката во нашето општество. Исто така на учениците ко освојуваат добри места, на првите десет им поделуваме стипендии. Првото место на пример освојува 90 проценти попуст од школарината за запишување во „Јахја Ќемал“...

Продолжи со читање

Вевчанска река порибена со 1000 парчиња речна пастрмка

Post Views: 297 1000 парчиња автохтона речна пастрмка денес запливаа во Вевчанска река. Ова порибување беше спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“ од Струга, под надзор на Инспекторатот за земјоделие, оддел за рибарство и аквакултура. Од таму велат дека ова порибување не е единственото кое ќе биде спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“.„Ова порибување е само дел од годишниот план кој го има предвидено риболовното друштво за порибување на риболовниот ревир кој го имаме под концесија. Во наредниот период ќе продолжи порибувањето и на...

Продолжи со читање

Охриѓани и стружани едни од најажурните во подигнување на електронските здравствени картички

Post Views: 225 Охриѓани и стружани според бројот на подигнати електронски здравствени картички, над просекот на ниво на држава. Од вкупните 110.000 осигуреници во двата града, досега своите картички ги подигнале околу 60.000 граѓани, односно околу шеесет проценти од вкупниот број на осигуреници. Ова се бројките со кои денес излезе директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, при нејзината посета на подрачните служби. Еве каква е ситуацијата поодделно за двата града.„Подрачната служба Охрид има околу 54.000 активни осигуреници. Преку 30.000 картички...

Продолжи со читање

„Заедно за Струга“ бара претседател на Совет од нивните редови

Post Views: 202 Коалицијата Заедно за Струга излезе со став дека новиот претседател на Советот на општина Струга треба да биде од нивните редови. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Перо Петкоски, објасни зошто токму ваква одлука треба да биде донесена на утрешната седница на Советот на општина Струга.„Коалицијата Заедно за Струга на последните локални избори освои најмногу советнички места, 11, и е најголема советничка група во Советот на општина Струга. Од таму легитимно е правото, од таа коалиција да биде и претседателот на Советот на општина Струга. Со освоени над...

Продолжи со читање

Зијадин Села седна во градоначалничката фотелја

Post Views: 218 Зијадин Села од денеска и официјално е новиот градоначалник на Струга. Од страна на општинската изборна комисија, на новиот градоначалник, Села, му беше врачено уверението со што му беше верификуван четиригодишниот мандат. Во своето обраќање на свечениот чин, Села вети дека ќе биде градоначалник на сите стружани, без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност.„Јас се надевам и посакувам во иднина исто како и денес, во ваква атмосфера, како што денес ја примам функцијата, да бидат и изборите во иднина. Ваква атмосфера, да славиме, бидејќи изборите се...

Продолжи со читање