Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 9 На прагот на престојната туристичка сезона, но и на двата големи христијански празници, католички и православен Велигден, хотелските капацитети се постепено се исполнуваат. Хотелиерите коментираат дека за разлика од минатите години, овие верски празници во однос на туристите минуваат помалку незабележливо. Ана Јанчева-Дудановска, менаџер во хотел Дрим од Струга, вели дека веќе започнуваат со аранжмани за престојната летна туристичка сезона.„За разлика од минатите години, некако многу помалку за католички Велигден. Очекуваме гости, да, во голем број Турци, ама реално...
Пронајдени и одземени рибарски мрежи и 28 парчиња Охридска белвица
Post Views: 10 На 19-ти овој месец, во близина на населбата Калишта на струшкото крајбрежје, на околу 300 метри од брегот на езерото, биле пронајдени четири несоодветно обележани рибарски мрежи со должина од по 50 метри кои немале соодветен жиг од Државниот инспекторат за земјоделие. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица. По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта, пронашла уште дванаесет...
Македонка во ЛУВР
Post Views: 9 Фотографијата на рам меморија на македонката Анита Палческа дел од дигиталната изложба на фотографии во Лувр на 13ти јули. Нејзината фотографија беше избрана од жири комисија помеѓу илјадници други фотографии од професионалци и аматери фотографи од 191 земја од светот. Рам меморијата на Палческа воедно се натпреварува и за наградата „Експозиција“ организирана од интернет организацијата Си.Ми од Њу Јорк. Палческа на овој натпревар се пријавила со своето портфолио на тек фотографии.„Фотографијата ми е хоби. Ова мое дело, макро тек фотографијата, не им е позната на...
Стружанецот Никола Јанкоски прв до светиот крст во Струга
Post Views: 14 Еден од најголемите верски празници, Богојавление – Водици, денес масовно беше одбележан и во Струга.Илјадници верници од раните утрински часови се упатија кон најстариот храм Свети Ѓорѓија во Струга на Богојавленска утринската литургија. Од таму, црковната поворка се упати кон мостот на реката Црн Дрим каде двете страни на реката беа претесни да ги соберат илијадниците верници. Најголема среќа годинава имаше стружанецот Никола Јанкоски кој рече дека како дете скокал пет пати, а последниве години три пати скокал со намера да го фати светиот крст и годинава, за прв...
Младите инженери од техничките факултети го добија високото признание „Инженерски прстен 2015та“
Post Views: 13 19 млади дипломирани инженери од техничките факултети го добија ласкавото признание „Инженерски прстен 2015та“. По дванаесетти пат, традиционално на Плаошник, ова високо признание на најдобрите студенти им беше доделено од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Претседателот во своето обраќање до студентите рече дека од нив очекува да се фрлат во динамичните води на технолошкиот напредок и да не се плашат од предизвиците. „Немојте да се задоволувате со безбедноста на базенот или пријатноста на езерото, наместо тоа храбро запловете во океанот на...
Струшкиот градоначалник го раскина договорот со старите и ангажира нови фирми да го чистат снегот од струшките улици
Post Views: 8 Струшкиот градоначалник, Зијадин Села бара спас од проблемите со снегот, со ангажирање на нови фирми за чистење на снегот од улиците. Неговата одлука во најголемите снегови да го раскине договорот со двете фирми кои претходно беа ангажирани да го расчистуваат снегот од струшките улици, предизвика големи контроверзии во јавноста. Ваквата одлука, тој ја правда тврдејќи дека фирмите не ги испочитувале условите во договорот кој го склучиле со општината. Во него, меѓу другото, стоел и условот, овие фирми да започнат со чистење на снегот кога истиот ќе достигне висина од...
Жители од струшките села протестираа пред локалната во Струга, се жалат на немање струја, вода и неисчистени патишта
Post Views: 9 Повеќе жители на Делогожда, Подгорци и дел од другите села во струшката околина денес протестираа пред зградата на локалната самоуправа во Струга. Тие го изразија својот револт поради ситуацијата во која се нашле по обемните врнежи од снег во целиот југозападен регион. Денес со транспаренти во рацете се пожалија на катастрофална состојба на патиштата, недостаток на вода, струја како и лошо менаџирање со општината. Членови од иницијативниот одбор за протестот, кои за жал немаа преведувач на македонски јазик, поставија неколку барања до градоначалникот на Струга,...
Отворена мониторинг станица за следење на квалитетот на водата во охридско-преспанскиот слив
Post Views: 9 Ќе се следи квалитетот на водата во Преспанското Езеро преку мониторинг станицата во Преспа која ќе има за цел обезбедување на квалитет на водата и во Преспанското но индиректно и во Охридското Езеро. Според Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, оваа станица е од големо значење бидејќи примероците на вода ќе бидат директно следени со брод односно лабораторија која се наоѓа во Преспанското Езеро и директно анализирани во мониторинг станицата. „Тие анализи и резултати ќе покажат кои мерки ќе треба во иднина да се преземаат и...